Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Топ пет со Кејт

Go down 
4 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Топ пет со Кејт Empty
ПишувањеПредмет: Топ пет со Кејт   Топ пет со Кејт I_icon_minitimeПет Сеп 04, 2009 12:29 am

Време е за топ пет сцените со мисот на нашиот ни Изгубен Универзум - Ката. Опуштете се, „плакнете“ очи и пред се забавувајте се со моите омилени пет сцени во кои ја гледаме главната хероина од серијата... Сцените се подредени хронолошки, како и секогаш.

1) Соер и разоткрива на групата преживеани дека Кејт била со маршалот на летот 815 (Born to Run)

- Фактот дека ова е единствената сцена од првата сезона со Кејт на листава, на некој можеби ќе му годи, а на некого не. Како и да е, според мене ова е без никаков сомнеж најдобрата сцена со овој лик од премиерната сезона. Сценаристите одлично го доловуваат моментот, посебно на крајот од сцената, кога Кејт останува сама на плажата. Исто како што била сама и во текот на целиот свој живот, по убиството на нејзиниот татко...

2) Кејт зборува со „Вејн“, Соер се буди (What Kate Did)

- Ова е епизодата во која Вејн го „завзеде“ телото на Соер и ја запраша Кејт „зошто го убила“. Во сценава е прикажано нејзиното (божемско) обраќање кон „нејзиниот татко“ и кажувањето на причината поради која се одлучила да постапи така сурово со него. На крајот, (оној нормалниот, вистинскиот!) Соер се буди, по што останавме заглавени со прашањето како и кој по ѓаволите беше тој кој и проговори на Кејт неколку часа претходно? Моја теорија - човекот во црно!

Инаку, се обидов да ја најдам сцената во која Остен го дига во воздух нејзиниот пијан татко, но за жал ја нема на Јутуб... Да ја имаше, истата ќе беше поставена на местото на оваа. Sad

3) Кејт и Џулиет се тепаат! (Left Behind)

- Нема ништо посеирџиско од гледање на женска тепачка. Smile Еве една таква и во Lost. Кој вика дека серијава е тешка за гледање??? Smile

Нормално, сценава не е поставена само поради тепачката, туку и поради појавувањето на Чудовиштето, со оглед на тоа што минатата недела кога ги бев постирал топ пет сцените со Смоуки, некои се пожалија дека оваа сцена фалела на тамошниот избор. Па, затоа, еве ја...

4) Последниот Скејт бакнеж...засега (There's No Place Like Home, part 2)

- Херојски настроениот Соер ја бакнува Ката. Прекрасно. Посветено на сите Скејтери кои го посетуваат форумов. Џејтерите ќе си ги добијат своите пет минути во некое наредно издание!

5) Кејт се збогува со Арон (Whatever Happened, Happened)

- И нормално, како за крај сцената која ми ја врати довербата во ликот на Кејт. Бев многу радосен кога видов дека сценаристите и „сервираа“ нова улога на нашата омилена протагонистка. Конечно нешто поразлично отколку нејзиното константно, и веќе по малку (а можеби и повеќе!) досадно инволвирање во љубовниот четириаголник. Се надевам дека во шестата сезона Кејт ќе си го исполни ветувањето дадено во епизодава, а ако тоа навистина се случи, ќе биде доста интересно за следење...

Тоа е се’ за денеска народе! Имајте убава ноќ, и не заборавајте да одговорите на прашањата подолу.

За дискусија
- Која од овие пет сцени ви е омилена?
- Дали сметате дека некоја сцена фали во ова издание?
- Предложете идна тема (лик) за изданието на топ пет сцените!
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 32
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Топ пет со Кејт Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет со Кејт   Топ пет со Кејт I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 2:20 am

оти никој не коментира на ваквите постови? :?

Омилена сцена 2та
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Топ пет со Кејт Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет со Кејт   Топ пет со Кејт I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 2:40 am

LostyFox напиша:
оти никој не коментира на ваквите постови? :?

Омилена сцена 2та
Не знам. Smile

Втората не ми е ништо посебно, петтата е најзакон. Топ пет со Кејт Icon_cheers
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Топ пет со Кејт Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет со Кејт   Топ пет со Кејт I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 8:07 pm

сеирџија... Smile
3 Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Shadow
Преживеан
Преживеан
Shadow


Female
Број на мислења : 106
Age : 33
Местолокација : na havai
Registration date : 2009-02-04

Топ пет со Кејт Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет со Кејт   Топ пет со Кејт I_icon_minitimeНед Сеп 20, 2009 11:27 pm

Мики напиша:
сеирџија... Smile
3 Smile


Хаха Razz Мене првата и петтата, особено петтата зашто немаше врска со триаголникот (што го мрзам) а и тоа што конечно Кејт сфаќа дека Арон треба да биде со мајка му и со причина се враќа на островот.
Вратете се на почетокот Go down
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 32
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Топ пет со Кејт Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет со Кејт   Топ пет со Кејт I_icon_minitimeПон Сеп 21, 2009 2:12 am

во 5тата има јака музика Smile

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sponsored content





Топ пет со Кејт Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет со Кејт   Топ пет со Кејт I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Топ пет со Кејт
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Која e Вашата омилена Кејт-центрична епизода?
» Што мислите за Кејт?
» Evangeline Lilly (Kate aka Ката)
» Кого ќе го избере Кејт?
» Третата епизода - Кејт центрична

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Ликови :: Кејт Остен (Еванџелин Лили)-
Отиди до: