Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Топ пет сцени од финалиња

Go down 
3 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Топ пет сцени од финалиња Empty
ПишувањеПредмет: Топ пет сцени од финалиња   Топ пет сцени од финалиња I_icon_minitimeПет Сеп 11, 2009 2:13 am

Не знаев кај да го сместам постов, ама со оглед на тоа што сцените се оживеани, или поточно речено, не би постоеле без постоењето на ликовите, се одлучив за оваа секција од форумот. Smile

Денеска следува деветтото издание на топ пет сцените, овојпат посветени комплетно на сцени од досегашните пет финалиња од серијата. Уживајте со мојот избор. Сцените се подредени хронолошки, од Exodus па се до The Incident.

1) Преживеаните упатуваат прв поглед во окното (Exodus)

- Од некоја чудна причина ваквите музички краеви отсекогаш сум ги обожавал. Секогаш кога ја гледам сценава (и не само оваа - туку сите во кои е „мјутиран“ гласот на актерите/ликовите, а во позадина оди само тивка, емоционална мелодија на Мајкл Гјачино!) ми буди премногу емоции, толку многу што едноставно не е возможно такво нешто да биде објаснето со било каков збор измислен од човекот. Верувам дека клипов и Вас ќе ве остави без зборови!

2) Имплозијата на окното (Live Together, Die Alone)

- Една од сцените која веднаш ќе прерасне в класика. Сличен ефект како овој со розевото небо беше направен подоцна и во финалето на четвртата сезона. Патем, коментарот на Лок (I was wrong!), како и монтажата со Пени и Дез пред имплозијата се незаборавни моменти од овие три изгубени минути...

3) Првиот флешфорвард (Through the Looking Glass)

- Според голем дел од фановите ова се најдобрите пет минути во историјата на Изгубени. Многу е возможно оваа констатација да е точна, со оглед на тоа што "WE HAVE TO GO BACK" цитатот стана заштитен знак на Lost во последниве три години! Секако, не бадијала се и двете победи на DarkUFO купот на епизоди...

4) Лок во ковчегот (There's No Place Like Home)

- Еве го и вториот флеш во иднината (флешфорвард) по ред кој е дел од топ пет листава на сцени од сите досегашни финалиња од Изгубени. И покрај тоа што своевремено оваа сцена беше прилично шокантна, со текот на времето нејзиното значење и „респект“ опаѓаше...се до крајот на финалето на петтата сезона во кое откривме дека можеби...МОЖЕБИ ова е последната сцена со вистинскиот Лок, оној без ф пред своето презиме!!!

5) Првата сцена од финалето на петтата сезона (The Incident)

- И нормално, како за крај шокирачката отварачка сцена од The Incident со Џејкоб и неговиот непријател. Ова се моменти кои верувам дека ќе ги помниме засекогаш. Митологијата започнува да се открива...

Инаку, интересно е што ова е единствената прва сцена од финалињата која е дел од листава...за жал, сметам дека и не постои друга сцена од последново финале кое е близу рангот на овие пет!...

За дискусија
- Кои се Вашите омилени сцени од петте финалиња на Lost (потребно е да кажете по една сцена од сите пет...)
- Дали сметате дека фали некоја сцена на листава?
- Предложете следен, јубилеен десетти лик/тема за „престижните“ топ пет сцени! Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 32
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Топ пет сцени од финалиња Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени од финалиња   Топ пет сцени од финалиња I_icon_minitimeСаб Сеп 19, 2009 2:55 pm

Не можам да одберам едно сите се преубави Smile

Не Smile

Џек веќе е Smile

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Shadow
Преживеан
Преживеан
Shadow


Female
Број на мислења : 106
Age : 33
Местолокација : na havai
Registration date : 2009-02-04

Топ пет сцени од финалиња Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени од финалиња   Топ пет сцени од финалиња I_icon_minitimeНед Сеп 20, 2009 11:35 pm

Еее и ја неможам! Сите се добри сцени и се согласувам со листава, добро можеби третата ми е некако НАЈ од другиве.
Вратете се на почетокот Go down
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 32
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Топ пет сцени од финалиња Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени од финалиња   Топ пет сцени од финалиња I_icon_minitimeПон Сеп 21, 2009 2:17 am

Иден....

paul Very Happy

Namaste
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sponsored content





Топ пет сцени од финалиња Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени од финалиња   Топ пет сцени од финалиња I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Топ пет сцени од финалиња
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Топ пет сцени со Џон Лок
» Топ пет сцени со Бен
» Топ пет сцени со Чудовиштето
» Топ пет сцени во кои умираат ликови
» Топ пет сцени со Саид Џара

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Ликови :: Разговори поврзани со ликовите-
Отиди до: