Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Топ пет сцени со Саид Џара

Go down 
2 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Топ пет сцени со Саид Џара Empty
ПишувањеПредмет: Топ пет сцени со Саид Џара   Топ пет сцени со Саид Џара I_icon_minitimeНед Окт 04, 2009 11:39 pm

Досега имавме можност да го видиме лажливиот Бен, плачливиот Џек, превртливиот Соер, па дури успеавме да се насмееме и на лудориите на Харли и Мајлс.

Овој четврток, конечно следува нешто за сите фанови на акцијата!!! На ред се топ пет сцените со Саид!

1) Сигналот на Русо (Pilot, part 2)

- Голем процент од посетителите на блогов сигурен сум дека ќе кажат дека ова е сцената која тотално ги шокираше и веројатно ги натера и понатаму да ја следат Lost. И покрај тоа што многу ликови се присутни тука, сепак Саид има најголема улога бидејќи тој точно ќе ја одреди датата на која е за првпат снимен сигналот и на тој начин сите ние ќе ја дознаеме страшната вистина...дека преживеаните МОЖЕБИ и нема така лесно да се спасат!

2) Саид го мачи Бен (One of Them)

- Фантастична сцена! Една од многуте кои ќе успеат да Ви го кренат адреналинот максимално. На една страна го имаме разбеснетиот Саид, а на друга можноста окното да имплодира...

Истовремено - одлично одглумено од страната и на Емерсон, а уште повеќе и на Навин Ендруз!!!

3) Вештините на Саид, дел први (Through the Looking Glass)

- Се работи за сцена која трае десет секунди, но која ќе Ве остави без коментар. Саид успева да убие член на Другите, со нозе!!!

4) Вештините на Саид, дел втори (There's No Place Like Home, part 2)

- Еве го и вториот дел од вештините на Саид, овојпат во наредното финале, на четвртата сезона. За чудо, ова е првата сцена во која тој за малце ќе биде совладан!!! По се изгледа единствен лек за него е Кими?

5) Саид пука во Бен (He's Our You)

- И како за крај - најшокантната сцена со Саид, во која тој пука во малиот Бен од минатото и од таа причина се поставува неминовното прашање: дали сега се ќе се смени!?

Секако, тој имаше 842 (ако не и повеќе!) причини за да го стори ова злодело, имајќи ги в предвид сите нешта кои (големиот) Бен ќе му ги приреди на него само неколку месеци претходно (со константното мамење само за да убива луѓе „на Видмор“ за него), но секој разумен човек би ја осудил неговата постапка од едноставна причина што се работи за...ДЕТЕ!

Како и да е, најинтересното нешто од сценава, кое го дознаваме подоцна, е дека Саид на крајот всушност и ќе испадне кривец за однесувањето на Линус понатаму (според Ричард Алперт, секој кој ќе биде спасен во Храмот, ја губи „невиноста“ и станува човек без чувства)...

За дискусија
- Која од овие сцени Ви е омилена?
- Дали сметате дека некоја сцена фали на листата?
- Предложете иден лик/тема за обработка!!!
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 35
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Топ пет сцени со Саид Џара Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени со Саид Џара   Топ пет сцени со Саид Џара I_icon_minitimeПон Окт 05, 2009 1:39 am

- Која од овие сцени Ви е омилена?
Третата, таму е нај badass Laughing Инаку, одличен избор, дефинитивно ова се најмоменти на Саид. Smile

- Дали сметате дека некоја сцена фали на листата?
Па не ми текнува сега.... Smile

- Предложете иден лик/тема за обработка!!!
Би можело од Џулиет, од неа мислам немаше до сега.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Топ пет сцени со Саид Џара Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени со Саид Џара   Топ пет сцени со Саид Џара I_icon_minitimeПон Окт 05, 2009 2:10 am

Sawyer^^ напиша:
- Која од овие сцени Ви е омилена?
Третата, таму е нај badass Топ пет сцени со Саид Џара Icon_lol Инаку, одличен избор, дефинитивно ова се најмоменти на Саид. Топ пет сцени со Саид Џара Icon_smile
Мило ми е! Smile Топ пет сцени со Саид Џара Icon_cheers
Цитат :
- Предложете иден лик/тема за обработка!!!
Би можело од Џулиет, од неа мислам немаше до сега.
Примено на знаење...иако таа практично досега 2 пати „настапи“ во топ пет сцениве (еднаш во изданието со Соер, еднаш во тоа изданието на топ пет смртни случаи Wink)
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sponsored content





Топ пет сцени со Саид Џара Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени со Саид Џара   Топ пет сцени со Саид Џара I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Топ пет сцени со Саид Џара
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Што мислите за Саид?
» Дали Саид ќе умре?
» Топ пет сцени со Џон Лок
» Која е Вашата омилена Саид-центрична епизода?
» Саид Таџмауи ќе настапи повторно

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Ликови :: Саид Џара (Навин Ендруз)-
Отиди до: