Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 What Kate Did (2x09)

Go down 
4 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

What Kate Did (2x09) Empty
ПишувањеПредмет: What Kate Did (2x09)   What Kate Did (2x09) I_icon_minitimeПон Aвг 31, 2009 4:53 am

What Kate Did (на македонски: „Што направи Кејт“) е деветтата епизода од втората сезона на Изгубени, премиерно емитувана на 30. ноември 2005. Ова е единствената Кејт-центрична епизода од втората сезона.

Кратка содржина
Кејт ќе помисли дека се мрднува откако ќе види сличен црн коњ од оној од нејзиното минато и откако ќе го слушне гласот на нејзиниот татко додека зборува со Соер. Во меѓувреме, Еко му покажува на Лок интересен предмет. Во флешбекот дознаваме, како што и насловот на епизодата сугерира, што Кејт направила...
What Kate Did (2x09) 800px2x09kate
Конечно, по извонредно досадните три претходни Кејт-центрични епизоди, добиваме и нешто вредно за паметење. What Kate Did е без конкуренција најдобрата епизода посветена на Кејт во досегашниве две сезони. Единствена Кејт-центрична епизода која би можеле да ја споредиме со квалитетот на оваа би била Whatever Happened, Happened од петтата сезона. Другите се прилично досадни и непотребни епизоди, кои можеби се интересни за следење на прв поглед, но ако ги гледате повторно ќе сфатите дека истите не понудиле ниту едно нешто од голема важност за идните настани во серијата. Ова, секако, не важи за овие две претходно споменати епизоди!!!

Моменти за паметење:
- првата флешбек сцена во која Кејт го дига во воздух својот насилен татко...нешто кое верувам дека на никој од нас никогаш не би му паднало на памет како теорија. Или, барем на мене не ми падна.
- погребот на Шенон и говорот на Саид. Сценаристите знаат како да се збогуваат вистински со ликовите кои ги сакаат. Таков беше случајот и со Бун. Таков е и со Шенон. Одлично сработено!
- Првиот Џејт бакнеж кој се случува точно една сезона подоцна од првиот Скејт бакнеж. Се сеќавам дека кога првпат ја гледам епизодава бев многу радосен заради овој настан. Smile
- појавувањето на мистериозниот коњ во џунглата - истиот кој неколку години претходно ќе ја спаси Кејт од затвор.
- крајот на епизодата со уште помистериозното "Dad?".

Нешта кои ги забележав
Искрено, добив впечаток дека Џејкоб и неговиот непријател се борат за да ја добијат Кејт на својата страна во текот на оваа епизода. Еве зошто. Додека таа е во џунглата и собира јаболки од дрвјата, го здогледува истиот (ОК, најверојатно истиот!) коњ кој како што веќе знаете ќе го видиме во флешбекот подоцна. Нормално, таа не си верува на своите очи, и оди до окното каде што Џек ќе и ја препушти грижата над Соер. Само неколку минути подоцна, Соер се „преобразува“ (не знам како да го наречам ова поинаку?!) во Вејн кој користејќи го неговото тело ја запрашува Кејт „зошто го убила“. По ова таа уште повеќе полудува, по што вообичаено за нејзе бега наоколу низ џунглата за некое време, па се враќа пак во окното каде што ќе му одговори на Вејн „зошто го сторила тоа“ и бла бла бла работи, но на крајот ќе испадне оти всушност Соер бил буден и ја слушал постојано како се „исповеда“. Конечно, по ова, тие излегуваат надвор (со цел Соер да поверува дека е се’ уште на Островот) и го здогледуваат ТОКМУ црниот коњ од минатото на Кејт. И двајцата!

Мојата теорија на оваа тема е дека коњот, во минатото, бил всушност испратен од Џејкоб, бидејќи неговата цел тогаш била Кејт да заврши на летот 815, а подоцна да не биде „освоена“ (или слично) од страната на неговиот непријател кој сметам дека е виновникот што коњот ќе се појави на Островот, а потоа ќе го завзеде и телото на Соер по што ќе и се претстави како Вејн на Кејт - настан поради кој таа едвај ќе успее да се созеде... Дали е ова само уште една глупост произведена од мојот мозок веројатно никогаш нема да дознаеме.

Во врска со моментот од крајот на епизодата, не ми текнува ништо посоодветно освен дека Волт можеби имал моќи преку кои без никаков проблем можел да комуницира со било каква машина, а на тој начин и со машината од Лебедот. Нешто слично како и Мајка (Micah) од Херои. Ова на некој начин ни објаснува и како тој знаел што се крие во окното!

Интересни факти
- Продуцентите во официјалниот подкаст изјавиле дека името на епизодата било инспирирано од константните прашања на големиот дел од фановите кои често прашувале што Кејт направила поради што е бркана од полицијата.
- На телевизорот во Армискиот регрутен центар каде Кејт ќе го посети Сем Остен јасно е прикажан Саид кој е втурнат на задните седишта од некоја кола. Подоцна ќе ни биде откриено дека Сем го знаел Саид додека бил дел од Републиканската Гарда на Ирак за време на Голфската војна.

Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов линк.

Прашања за дискусија
- Која Кејт-центрична е подобра:
What Kate Did или Tabula Rasa?
What Kate Did или Whatever the Case May Be?
What Kate Did или Born to Run?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 8.5
Митологија: 7
Флешбек: 9

Оцена: 8.20
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
tanja
Преживеан
Преживеан
tanja


Female
Број на мислења : 7
Age : 31
Местолокација : kumanovo
Registration date : 2009-01-20

What Kate Did (2x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: What Kate Did (2x09)   What Kate Did (2x09) I_icon_minitimeПон Aвг 31, 2009 8:33 pm

Da da, definitivno najdobra Kejt-centricna epizoda, a scenata koga Vejn zboruva od Soer bese eden golem WTF moment. Smile
Namaste
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

What Kate Did (2x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: What Kate Did (2x09)   What Kate Did (2x09) I_icon_minitimeВто Сеп 01, 2009 3:13 am

tanja напиша:
Da da, definitivno najdobra Kejt-centricna epizoda, a scenata koga Vejn zboruva od Soer bese eden golem WTF moment. Smile
Namaste
Јап. Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 33
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

What Kate Did (2x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: What Kate Did (2x09)   What Kate Did (2x09) I_icon_minitimeСре Сеп 02, 2009 8:37 pm

епа Супер епизода..
конечно ни кажаа што всушност направила Кејт =)
ама во претходните две епизоди имаше и мали одговорчиња, и мала мистерија за нешто од подалечното минато, а сега со оваа епизода како да завршува приказната на Кејт.. иначе све е погоре спомнато.. единствено го немав приметено Саид на ТВто.. тоа со Волт го поддржувам (дека е како Мајка), а може и поедноставно тоа да биле Другите =)
тоа со коњот/Џејкоб е интересно.. и ја помислив нешо у тој контекст, ама не можев (и уште не можам) да оформам целосна теорија Smile
и крајот, оф корс, е одличен =)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 35
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

What Kate Did (2x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: What Kate Did (2x09)   What Kate Did (2x09) I_icon_minitimeВто Сеп 08, 2009 3:46 am

Добра епизода, сигурно и најдобра Кејт-центрична воопшто. Имаше еден куп настани за паметење, и плус се реши мистеријата за тоа зошто Кејт бега. За коњот и Вејн, стварно е доста збунувачки, тешко да се претпостави дали Џејкоб или Флок стојат зад тоа. За „говорот“ на Вејн преку Соер повеќе би рекол дека е дело на Флок. Во овие неколку епизоди како да сака на најразлични начини да ги збуни/исплаши некои од изгубените (Шенон, Саид, Кејт, Еко). Ама за коњот, не би бил сигурен, зашто коњот навистина и помогна на Кејт да избега од маршалот, а и после на Островот изгледаше пријателски настроен.

За крајот на епизодата, две решенија ми се мотаат по главата: или има врска со моќите на Волт, или едноставно Волт користи компјутер од друга станица. Ова го велам пошто Ченг баш во оваа епизода во „исечениот“ дел од клипот рече дека Лебедот е поврзан со станицата 3. Не памтам која е точно таа станица, ама мислам дека е можно Другите да го одвеле Волт таму, па скришно да пишува од друг компјутер. Многу едноставно за LOST, ама не мора се да е натприродно. Laughing

Друго што ми остави впечаток беа сцените со Лок и Еко, библиската приказна на Еко, и забелешките на Лок за „вербата“.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





What Kate Did (2x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: What Kate Did (2x09)   What Kate Did (2x09) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
What Kate Did (2x09)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» What Kate Does?
» Evangeline Lilly (Kate aka Ката)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: