На боливијанскиот телевизиски канал PAT „ексклузивно“ биле објавени фотографии кои биле сликани преку дигиталната камера Casio Z750 во сопственост на актерот Пауло Г. Милер, работник во добропознатиот детски театар во околината на Порто Алегре. Според „ексклузивната“ вест на телевизијата, камерата била пронајдена од страна на спасувачките бродови кои трагаат и во моментов по преостанатите остатоци на авионот од Air France, кој, за потсетување, трагично се изгуби во водите на Атлантикот на први јуни.
Смешно или трагично, вие проценете, но се чини дека „одговорните“ луѓе од оваа боливијанска телевизија поверувале во зборовите на некој анонимец, кој се чини дека им пратил мејл со (повторно ќе кажам) „ексклузивните“ слики на неколку секунди пред падот на летот 447! За несреќа на луѓето од телевизијата, сликите всушност се превземени од Пилот епизодата на Lost, а поголемите фанови сигурен сум дека ќе ја препознаат Еванџелин Лили (Кејт) како дел од екипажот на Ербасот. Еве го видеото:
За да биде уште посмешна, односно потрагична ситуацијава, во јавноста од поодамна е познат фактот дека летот 447 се урнал во ноќни услови, а не преку ден!
Кој е заклучокот? Според мене има два: 1) Боливијанците не гледаат Lost; и 2) Во светот сепак постоеле покатастрофални и понепрофесионални телевизии од нашите...
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
c c само што читав, дечково сакал да направи скандал....
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
Предмет: Re: Flight 447 vs. Flight 815 Чет Јун 25, 2009 2:06 am
Мики напиша:
c c само што читав, дечково сакал да направи скандал....
Абе не е тоа така, телевизијата требала да го истражи случајот пред да објави вакво нешто...
Sawyer^^ напиша:
Кратко и јасно - глупоста е неуништлива!
Баш така.
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
Предмет: Re: Flight 447 vs. Flight 815 Чет Јун 25, 2009 2:21 am
E ајде де...испадна изреката...
НА ДЕНЕШНИЦАВА ТЕШКО Е ДА СИ ГЛУП...КОНКУРЕНЦИЈАТА Е ПРЕГОЛЕМА!!!