Име: Еко ТундЧлен на: преживеаните од задната секција на авионот
Статус: мртов
Центрични епизоди: "
The 23rd Psalm", "
?", "
The Cost of Living"
Еко Тунд е веројатно најомилениот лик (без да го сметаме Дезмонд) кој ни беше претставен за првпат во втората сезона. Неговата појава и улога беа можеби и најинтересниот дел за следење од средишниот и крајниот дел на истата. За жал, една година подоцна, Еко ќе стане првиот главен карактер кој ќе биде убиен од Чудовиштето, со што неговата брилијантно осмислена приказна во серијата ќе заврши...
Пред ова, како и да е, дознавме неколку интересни работи поврзани со него:
- тој бил дилер и мафијаш се’ додека во една од неговите „мисии“ не загинал по негова вина неговиот брат, чие тело, иронично, тој го пронајде на Островот!
- по оваа трагедија тој започнал да се бори со демоните; борба која продолжила и на Островот кога неговата група беше нападната од страна на Другите по што тој мораше да убие неколкумина од нив.
- веднаш штом сфатил што направил во самоодбрана, тој започнал 40-дневен „пост“ од зборење, на тој начин искажувајќи го револтот кон самиот себе!
Прашања поврзани со ликот:- Дали ви се допаѓа? Дали мислите дека требаше да биде убиен толку брзо?
- Зошто беше убиен од Чудовиштето?!
- Како Еко ја преживеал имплозијата на окното?
- Мислите ли дека има уште некоја нерешена мистерија поврзана со Еко?