Име: непознато (помеѓу фановите познат како
непријателот на Џејкоб, човекот во црно и Есау/Флок)
Член на: непознато
Статус: жив/непознат?
Центрични епизоди: нема
Човекот во црно, односно непријателот на Џејкоб е лик кој ни беше претставен уште во првата сцена од финалето на петтата сезона, иако, всушност истиот бил присутен од самата средина на истата сезона. Сега-засега јасно е едно нешто: тој е големиот негативец во LOST (или обратно?) чија главна цел е да го уништи Џејкоб. Не е познато зошто овие двајца се во постојана битка помеѓу себе...но се чини дека една од причините е што едниов (Џејкоб) сака Островот да биде населен со луѓе, додека пак другиов (неговиот непријател) е сигурен дека луѓето поради свои лични интереси ќе го уништат нивното родно (?) место на живеење/господарење (и не е баш далеку од вистината!).
Заборавив нешто? Ах, да, Флок може исто така да завзема нечии мртви тела, а многумина фанови претпоставуваат дека тој е Чудовиштето во човечка варијанта. Кој знае, можеби и се во право!?
Прашања за дискусија поврзани со ликот:- Дали ви се допаѓа како лик?
- Кој/што е Флок/Есау?
- Зошто сака да го убие Џејкоб?
- Која е неговата поврзаност со Џејкоб?
- Колку долго го населувал Островот?
- Кои се „проблемите“ кои ги имал со Џејкоб?
- исто како и во случајот со Џејкоб, и за овој лик има голем број на мистерии и прашања па доколку имате некои теории и размислувања за истите слободно напишете ги. Патем, можете, но не морате да ги одговарате сите прашања во темава!