| Италијанска Сериа А 2009/10 | |
|
|
Автор | Порака |
---|
maestro Модератор
Број на мислења : 248 Age : 30 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Италијанска Сериа А 2009/10 Саб Aвг 22, 2009 7:25 pm | |
| Вечерва почнува Калчото! Табела на BWin со фаворитите за оваа сезона: Инаку Марчело Липи, селекторот на Италија типува дека Јувентус ќе ја освои титулата оваа година ( извор), дај Боже да биде така. Овој викенд на Телма: 22.08.2009 20:45 Сиена-Милан 23.08.2009 20:45 Јувентус-Киево Дали според вас Интер ќе го одбрани Скудетото и оваа година, или конечно ќе се најде некој да го спречи во тоа? | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Саб Aвг 22, 2009 7:45 pm | |
| Мене ова првенство ми е најтапа, најдосадно, а откако се случи аферата со Милан и Јуве речиси и да не го следам, освен ако не игра Рома (клубот кој најмногу го почитувам од таму). За оваа година мислам дека би било за очекување Јувентус конечно да ја освои титулата, ама можно е и Интер пак да го одбрани Скудетото, по четврти пат ако не се лажам. | |
|
| |
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Саб Aвг 22, 2009 8:26 pm | |
| мене оваа лига ми е најинтересна(заразлика од лостич) секогаш има израмнета борба(освен лани) за првото место и останатите места што водат во лш за разлика од премиер каде што четирите места се резервирани мислам се знае за кој. Плус секогаш има борба за опстанок и воопшто не изненадува ако интер, милан, јуве загубат од некој послаб тим како наполи, самдорија...за разлика во премиер лигата ќе биде најчудно ако манчестер изгуби од барнли(како што беше случајот) и сите че се чудат и ќе кукаат. Сериа а ќе беше уште попочитувана и погледана ако не беше оној скандалот со местенките, но што е тоа е...Инаку јас оваа сезона типувам за Интер, собраа добри играчи(иако не требаше да го мењаат Ибрахимович за Ето) имаат добар трењер, но барем се надевам на интересна сезона каде што ќе се вклучат и Јуве, Милан, Рома, Фиорентина, Лацио и многу други | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Саб Aвг 22, 2009 9:09 pm | |
| - Мики напиша:
- мене оваа лига ми е најинтересна(заразлика од лостич) секогаш има израмнета борба(освен лани) за првото место и останатите места што водат во лш за разлика од премиер каде што четирите места се резервирани мислам се знае за кој.
А демек во Италија првите три места не се резервирани, а? Па и првите четири, ако ја сметаме Рома?! - Цитат :
- Плус секогаш има борба за опстанок и воопшто не изненадува ако интер, милан, јуве загубат од некој послаб тим како наполи, самдорија...за разлика во премиер лигата ќе биде најчудно ако манчестер изгуби од барнли(како што беше случајот) и сите че се чудат и ќе кукаат.
Не е точно, баш во Премиер е многу понормално голем клуб да изгуби од „помал“ бидејќи таму веќе не ни има „мали“ клубови од едноставна причина што се игра лавовски фудбал, со постојани додавања и акции, за разлика од Италијанското првенство во кое цело време еден од тимовите врши тортура врз гледачите играјќи во катанаџо стил. - Цитат :
- Сериа а ќе беше уште попочитувана и погледана ако не беше оној скандалот со местенките, но што е тоа е...
Ма тапа беа и тогаш, тапа се и сега, немаше да има никаква разлика, досаден фудбал, поготово кога окото ќе ти се навикне на Премиер лига. Немаше да ти одговорам на коментаров да не ја вмешаше Премиер лигата во разговорот, ама вака не можев да останам рамнодушен... | |
|
| |
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Саб Aвг 22, 2009 9:48 pm | |
| Нема врска ова што го пиша, како прво рома воопшто не треба да ја сметаш во првата четворка, таму лани заврши Фиорентина, плус лани Милан не беше во четворката, исто така многу почесто тука го гледаме и лацио, а не ми текнува кога последен пат првите четири места не биле резервирани за се знае кои. После, мислиш во италија има мали клубови...хммммм во италија е сосема нормално да загуби јуве од атланта, а во премиер богами не е нормално да загуби Манчестер од Барнли, се спремам во моментов инаку ќе просурфаф малку на интернет да ти кажам колку тимовите од топ 4 имаат загубено од „мали“ тимови во италија и во Англија...пробај да гледаш објективно како како верен навивач на ниеден тим ти го пишувам овој коментар, се надевам од кога ќе си дојдам ќе ти пишам статистички дел во врска со поразите од малите екипи... поздрав | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Саб Aвг 22, 2009 11:03 pm | |
| Мики, а што има врска тоа со првите четири места? Тоа само покажува дека во Англија, за разлика од другите лиги, има цели четири тима кои се компетентни за титулата. Ај кажи ми во Италија лани колку имаа шанси да ја освојат титулата на 5 кола пред крајот? Само Интер, така? А во Премиер Лигата? ТРИ! Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерфул. Во врска со „малите клубови“ не си во право, пред две години Манчестер во првите четири кола имаше само пет бода (една изгубена, две нерешени, една победа) и во сите тие четири меча играше против МАЛИ клубови. Понатаму, дали лани три од можните четири клубови во полу-финалето беа англиски? Да! Колку италијански влегоа во полу-финалето? Ниедна, зарем не? Колку италијански влегоа во четврт-финалето? Пак ниедна!!! WTF!!!! Можам да продолжам и понатаму со статистики, но мислам дека е доволно. | |
|
| |
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Нед Aвг 23, 2009 12:26 am | |
| ее не се работи за најаки клубови туку за најинтересна лига, еве шпанската лига има европски шампион но не е интересна бидејќи само реал и барса се борат за титулата и многу ретко гледаме изненадувања, но еве сега ме заинати и ќе се обидам да ти докажам дека грешиш 1. Да ги споредиме шампионите. Интер-4 порази, Манчестер-4 порази На интер поразите му беа од(запази ова): Атланта, Каљари, Милан и Наполи(само еден од оние што ги сметаме добри тимови) Кај манчестер поразите беа од: Два од Ливерпул(колку добро звучи), еден од Арсенал и еден од Фулам. Слободно можам да кажам дека сите се добри тимови, или еве да не се лутиш само Фулам, што за разлика од Итаљаните каде што Интер го изненадиле 3 слаби тимови. 2. Број на поени на шампионот Интер-84 Манчестер-90 Значи Манчестер играл многу посигурен фудбал и не дозволувал изненадувања. 3. Разликата меѓу првиот и четвртиот тим(тие што одат во лш) Сериа А-16 поени Премиер-18 Не се толку забележителни разликите туку сакав друго да ти кажам за 4 место во италија се бореа Фиорентина и Џенова(алоо Џенова, кога Портсмут или Вест Хем ќе се борат тука)и на крајот имаа ист број бодови, т.е се бореа два тима што не се во твојата италијанска 4(прееска ги пиша Интер, Милан, Јува и Рома а рома никаде ги нема претходниве години) заразлика од Премиер лигата каде што се се едните исти(зарем треба да ги набројувам) 4. Второ и Трето пласирани тимови. Милан и Интер имаат 8 односно 6 порази Ливерпул и Челзи имаат 2 односно 5 порази И повторно истата приказна за тимовите од кој изгубиле. Т.е англичаните губеле само од тимови од четворката а итаљаните губеле и од „слаби“ тимови кој направиле изненадувања со таа победа. Мислам дека ова е доволно И уште еднаш да напоменам не се работи која лига има најдобри тимови(туку јасно признавам дека англичаните имаат подобри екипи) туку која е поинтересна лига, каде што нема да те чуди победа од послаб тим Поздрав и неможев да издржам да не ти одговорам | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Нед Aвг 23, 2009 5:49 am | |
| Сето ова што го кажуваш нема врска со „интересна“ лига, интересна лига е онаа во која се игра фудбал кој е убав и гледлив, а таков во Италија нема.
А инаку, оваа година во Англија има цели 6 претенденти за титулата (според досегашната игра во првиве три кола). Тоа се Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерфул, Манчестер Сити и Тотенхем. Во Италија по три кола дали ќе има 3 претенденти е прашање...
Тоа со бодовите ти е утната математика, нема благе везе, Манчестер имаше 90 бодови на крај бидејќи мораше да игра многу подобро оти го имаше зад себе забревтаниот Ливерфул, а Интер уште на 10 кола пред крај се знаеше дека ќе ја освои титулата и од таа причина бројот на бодови им е помал - немале никаква потреба да победуваат... | |
|
| |
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Чет Aвг 27, 2009 7:54 pm | |
| а да те прашам... интересна ли е онаа лига каде што уште од почеток на натпревар се знае дека Манчестер(или било кој) ќе тепа на тој натпревар? | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Чет Aвг 27, 2009 8:05 pm | |
| - Мики напиша:
- а да те прашам...
интересна ли е онаа лига каде што уште од почеток на натпревар се знае дека Манчестер(или било кој) ќе тепа на тој натпревар? А да те прашам...како тоа се знае дека тие ќе победат? | |
|
| |
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Чет Aвг 27, 2009 9:18 pm | |
| Епа ете ти покажав имаат само еден пораз од екипа што не е на нивно рамниште, друго се е победи... | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Чет Aвг 27, 2009 11:05 pm | |
| - Мики напиша:
- Епа ете ти покажав имаат само еден пораз од екипа што не е на нивно рамниште, друго се е победи...
Ливерпул изгуби од Астон Вила и Тотенхем. Манчестер изгуби од Барнли. И сето ова само во првите четири кола се случи. Хмм, нешто не ќе да е во ред со твојата математика. | |
|
| |
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Чет Aвг 27, 2009 11:52 pm | |
| ееј тоа беше за претходната сезона...чекај да заврши оваа па тогаш ќе споредуваме, не брзај | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Пет Aвг 28, 2009 3:47 am | |
| - Мики напиша:
- ееј тоа беше за претходната сезона...чекај да заврши оваа па тогаш ќе споредуваме, не брзај
Добро, очигледно е дека си одлучен да не признаеш, па се повлекувам од разговорот...некој сака да гледа фудбал, а некој катанаџо, се е до вкусот. | |
|
| |
maestro Модератор
Број на мислења : 248 Age : 30 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Пет Aвг 28, 2009 7:41 pm | |
| Оваа недела ќе се гледаат две добри дербија. Напред Интер (иако не ги сакам ни нив), и се разбира, Јуве. | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| |
| |
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Пет Aвг 28, 2009 9:10 pm | |
| Интер-Милан, е тука ќе видиме кој се прави претенденти за титулата... | |
|
| |
maestro Модератор
Број на мислења : 248 Age : 30 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Нед Aвг 30, 2009 3:12 pm | |
| Вчерашниот меч беше ф-а-н-т-а-с-т-и-ч-е-н! Иако сум за Јуве, она што го направи Интер е за секоја пофалба. Конечно Миланезите можат да се спуштат доле. | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Нед Aвг 30, 2009 4:28 pm | |
| Па тоа и се очекуваше од пензионерите. | |
|
| |
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Нед Aвг 30, 2009 5:20 pm | |
| добро е што нешто во интер се движи, купија добри Напаѓачи: Мота, Милито, Ето иако да сум на нивно место никогаш нема да го продадам Ибра. А за разлика од Милан, го продадоа и тоа што го имаа...супер натпревар се на се | |
|
| |
Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Нед Aвг 30, 2009 7:21 pm | |
| Милан уште летото се гледаше дека ќе бидат за никаде. Продадоа скоро се што вреди, а не купија скоро ништо. | |
|
| |
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Пон Aвг 31, 2009 12:44 am | |
| - Sawyer^^ напиша:
- Милан уште летото се гледаше дека ќе бидат за никаде. Продадоа скоро се што вреди, а не купија скоро ништо.
Да, освен Хунтелар ништо (добро) не донесоа, се им се старци...да не им е Пато којзнае што ќе прават. | |
|
| |
maestro Модератор
Број на мислења : 248 Age : 30 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Пон Aвг 31, 2009 1:32 am | |
| А лани како се палеа Миланезите, демек конечно стариот Милан се враќал на голема врата. Лани од ѕвездите ги имаа Кака, Шевченко, Бекам, а сега им остана само Роналдињо, кој е тапа. А поголемиот дел од останатите е за во пензија. Инаку, честито на Јуве за 3-1 против Рома. | |
|
| |
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 Пон Aвг 31, 2009 1:05 pm | |
| честито...чист x-2, koј ја пишал си се омрсил | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Италијанска Сериа А 2009/10 | |
| |
|
| |
| Италијанска Сериа А 2009/10 | |
|