The Hunting Party (на македонски: „Ловечката забава“) е единаесеттата епизода од втората сезона и втората Џек-центрична. Премиерно била емитувана на 18. јануари 2006.
Кратка содржинаЏек се соочува со тензија откако ќе се разбуди и ќе го пронајде Мајкл наоружан, кој ги напушта нив за да го најде Волт. Со помошта на Лок и Соер, Џек тргнува во потрага по Мајкл со цел да го вратат назад пред да биде убиен од Другите.
Ова е ретко повторлива епизода, која и покрај тоа што не остава со уште повеќе прашања, сепак ќе ги задоволи „потребите“ на секој фан на Lost. По вторпат оваа сезона ги гледаме Другите, овојпат многу повеќе од онаа морбидна сцена од
петтата епизода кога Еко и Џин ќе бидат во потрага по Мајкл (знам, дека е дежа ву)... На фановите им е даден лажен впечаток дека типот кој го киднапира Волт е всушност главен кај Другите. Иако, можеби тогаш такви им биле плановите на сценаристите, кој би знаел...
Покрај приказната на Островот која е доста возбудлива и тензична поготово во последните пет минути пред и по сцената со Mr. Friendly, ми се допадна и флешбекот кој сигурен сум дека имаше за цел да ни докаже оти Џек сепак верува во чуда, иако го тврди спротивното (со самото тоа што прифаќа да изврши операција врз таткото на Габриела). Единствено нешто кое ме изнервира беше раскинувањето на Сара. Некако не ми изгледаше логично, со оглед на тоа што Џек ја беше спасил нејзе од количка до крајот на животот...како и да е, со и без овој факт, сума-сумарум, ова е ОДЛИЧНА ЕПИЗОДА!
А, и морам да кажам дека поради цитатот на Том ("Light 'em up!!!") се’ уште ме лазат морници. Класика, нема што!
Нешта кои ги забележавИ покрај тоа што ретко досега сме имале ваков случај, сепак морам да „фрлам“ мала критика врз сценаристите за обидот за вметнување на армија во приказната. Ова на крајот не само што ќе испадне тотално непотребна глупост која по 3 епизоди подоцна ќе ја заборавиме сите, туку се чини и дека идејата им била само да направат уште еден WTF крај... Друго нешто не забележав...
Интересни факти- По оваа епизода, Мајкл нема да го видиме во наредните
8 од сезоната.
- Настаните од "The Hunting Party" подоцна ќе ги видиме од перспективата на Мајкл во "Three Minutes".
- Харли ќе пронајде плоча од
Џеронимо Џексон, група за која продуцентите тврдат дека е вистинска, но не многу позната и формирана во 70тите години од минатиот век.
- Том ќе му каже на Џек дека:-„Некој многу попаметен од сите нас тука порано рекол ’Уште од почетокот, Човекот бил благословен со љубопитност’.“ Ова е всушност цитат од
Алвар Хансо, за првпат откриен при одржувањето на "The Lost Experience" играта по завршувањето на втората сезона.
Цитатите од епизодава се достапни на
следниов линк.
Прашања за дискусија- Која running-through-the-jungle епизода од втората сезона е подобра:
The Hunting Party или
Orientation?
The Hunting Party или
...And Found?
The Hunting Party или
Maternity Leave?
The Hunting Party или
S.O.S.?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтингПриказна (на Островот): 9
Митологија: 9
Флешбек: 7.5
Оцена: 8.50