Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Lockdown (2x17)

Go down 
2 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Lockdown (2x17) Empty
ПишувањеПредмет: Lockdown (2x17)   Lockdown (2x17) I_icon_minitimeНед Сеп 27, 2009 2:38 pm

Lockdown (на македонски: „Заробени“) е седумнаесеттата епизода од втората сезона на Lost и втората Лок-центрична од истата...

Кратка содржина
Лок ќе се пронајде себеси заробен во Лебедот за време на инцидентот со спуштањето на железните врати во окното, поради што ќе биде приморан да побара помош од Хенри Хејл. Надвор во џунглата, Ана Лусија, Саид и Чарли се’ уште трагаат по падобранот, кој би требало да го потврди алибито на Хенри.
Lockdown (2x17) 270px-Ep17Lockdown
Колку напната епизода!!! И по стоти пат да ја гледав, истото ќе го искоментирав. Од почетокот па до крајот, ве остава без здив и во исчекување. Во секој нареден момент си го поставувате прашањето „што по ѓаволите ќе се случи сега!?? А СЕГА?!?“. Сето тоа всушност кулминира на самиот крај кога Саид ќе открие дека човекот во окното, не е Хенри Гејл! Тотално неочекуван расплет, ако се знае дека уште во почетокот на епизодата сите ние си помисливме дека случајот е сосема поинаков... Со ова и официјално е скршен мразот на досадни епизоди, сите наредни (според мене) ќе бидат интересни (дури и S.O.S. која за многумина е монотона!).

Нешта кои ги забележав
Не знам дали некој досега имал ваква теорија, но што ако Волт бил тој кој го предизвикал lockdown инцидентот?! Ние веќе знаеме дека тој има моќ да комуницира со машините без никаков посредник, па мислам дека вакво нешто е сосема возможно...

Интересни факти
- Домот на Надја е прегледан од страна на Лок.
- Насловот на епизодата е референца и до главните настани на Островот, но и до настаните од флешбекот...
- Два авиона на Океаник компанијата може да се забележат како го прелетуваат мотелот каде што е сместен Ентони Купер, кога Лок ќе му ги донесе парите од банката.
- Групата на плажата, игра покер со карти од DHARMA Иницијативата.

Цитатите за епизодава се достапни на следниов линк.

Прашања за дискусија
- Која Лок-центрична епизода од првите две сезони е подобра:
Lockdown или Walkabout?
Lockdown или Deus Ex Machina?
Lockdown или Orientation?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 10
Митологија: 9
Флешбек: 8.5

Оцена: 9.15
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Lockdown (2x17) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Lockdown (2x17)   Lockdown (2x17) I_icon_minitimeПон Окт 05, 2009 2:14 am

Стигнав и јас да ја изгледам епизодава. Главно што забележав е дека прашањата што ги даде тогаш оваа епизода, уште не се одговорени. Уште не знаеме што ли само се случи во Хечот пред да се затворат вратите. Плочата почна сама од себе да се врти, па се слушаа гласови, па вратите наеднаш се затворија. Мислам дека неколку епизоди претходно Мајкл објасни дека вратите би паднале во случај на опасност. Ако е така, којзнае од каде доаѓаше таа опасност. Мислам дека овие настани брзо беа заборавени, зашто од тука втората сезона почна да се движи со побрзо темпо, ќе се случат многу важни настани за кратко време, па ова со мапата остана необјаснето.

Друга мистерија беше фрлањето на храната од падобран. И за ова немам некоја теорија, освен дека е некаков time-travel. Барем ова може ќе го објаснат некако во последната сезона.

Инаку, епизодата е една од најдобрите во втора сезона, има и добра островска приказна, и флешбек. Крајот е незаборавен. Стварно, таман почнавме да мислиме дека „Хенри“ ја зборува вистината, ни дадоа студен туш. Smile Еве зошто Саид ми е еден од најомилените ликови. Цело време беше уверен дека Бен лаже, и испадна во право. Very Happy Флешбекот е доста добар, жално беше да се гледа како Лок пак настрада заради татко му.
Вратете се на почетокот Go down
 
Lockdown (2x17)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: