Бидејќи немам време за да ги анализирам епизодите, отсега па натаму „ривочот“ ќе се одвива во скратена варијанта, која ќе биде во зависност од времето со кое располагам...
Dave (на македонски: „Дејв“) е осумнаесеттата епизода од втората сезона и втората Харли-центрична од истата.
Кратка содржина Харли започнува да доживува халуцинации од неговиот пријател од минатото, Дејв, кој за првпат го сретнал во ментална институација. Во меѓувреме, откако ќе биде откриена вистината за Хенри Гејл, преживеаните се соочуваат со дилемата што да сторат следно...
Ова е уште една одлична Харли-центрична епизода која без никаков напор ќе Ви го привлече вниманието. Единствено нешто кое може да се каже дека е недостаток - е тоа што истата на крајот ќе испадне дека воопшто и не била од важен карактер, што е, според мене - ОГРОМНА трагедија... Како и да е, ова е првата епизода која го поставува фамозното прашање: „дали е се’ сон/халуцинација!?!“...
Теорија во врска со ДејвНај кратко речено: тој е халуцинација направена од страна на Чудовиштето. Зошто? Не знам...можеби непријателот на Џејкоб имал на ум дека во иднина Харли ќе биде корисен за Џејкоб!?? (потсетете се на гитарата...)
Прашања за дискусија- Која Харли-центрична епизода од првите две сезони е подобра:Dave или Everybody Hates Hugo?
Dave или Numbers?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтингПриказна (на Островот): 7
Митологија: 6.5
Флешбек: 9
Оцена: 7.50