Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| Tabula Rasa (1x03) | |
| | Автор | Порака |
---|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Tabula Rasa (1x03) Чет Јун 04, 2009 1:35 am | |
| Лека-полека стигнав(ме) и до третата епизода, Tabula Rasa, инаку премиерно прикажана на 5 октомври (далечната) 2004та година. Карактеристична е по тоа што за првпат ни се претставува начинот на кој ќе се одвиваат сите идни епизоди од Lost, се до финалето на третата сезона...преку „запознавањето“ со флешбеците! Што ми се допадна?Tabula Rasa е дефинитивно класична драма-епизода од Изгубени. Бев вчудоневиден како сценаристите успеале да направат толку богат микс на емоционални моменти, вклучувајќи го во нив и одличниот крај придружен со прекрасната песна на Joe Pardy - " Wash Away", кој е на некој начин и предвесник на она што ќе не очекува во идната епизода (Walkabout), т.е. приказната на Лок. И покрај тоа што ретко се случува да се соживеам со филмот/серијата, оваа епизода, за чудо, успеа да ме натера да проронам солза. Најинтересно е што, истава, ја гледам по вторпат! Морам истовремено да го признаам фактот дека не бев во право кога велев оти Tabula Rasa е само една од многуте обични Кејт-центрични, досадни и неинвентивни епизоди, кои постојат само за да се задржат гледачите кои не се интересираат за митологијата на шоуто, туку за сапунските елементи (т.н. shippers). Не е. Напротив, оваа е можеби и единствената епизода во која карактерот на Кејт не е искористен само за оваа цел. Не знам на што се' ќе се потсетам во теков на овој RE-WATCH, но оваа епизода, сега-засега, ја прогласувам за најдобрата Кејт-центрична било кога снимена... Што забележав?
За жал, епизодите во кои преовладува драмата, не се баш богати со митолошки елементи во себе, па од таа причина, во оваа епизода не можев да забележам ништо што (можеби) ќе биде од голема важност во идната, последна сезона на шоуто... Моменти за паметење:
- Соер успева да не го погоди срцето на Маршалот (нешто кое подоцна ќе дознаеме дека е како резултат на неговиот слаб вид), што на крајот резултира Џек да го доврши неговиот неуспешен обид... - Мајкл бега од непознато суштество во џунглата (поларна мечка можеби?) и несакајќи ја здогледува Сан топлес. - ја разоткриваме мрачната тајна на Кејт, но исто така, откриваме дека таа и не е така лоша личност... Интересни факти:
- „Табула Раса“ е философска теза усовршена од страна на философот Џон Лок, некаде во 17от век. Лок мислел дека мозокот на секоја индивидуа првобитно, веднаш по раѓањето бил „празен“ (чист) и ја нагласил индивидуалната слобода која човекот ја има кога се работи за неговата или нејзината душа. Подоцна и философот Дејвид Хјум исто така размислувал на оваа тема во неговите дела. - Кога Кејт се сретнува со Реј Мулен (фармерот кој и дава место за сместување), користи лажен псевдоним „Ени“ кој претпоставуваме дека и текнал поради нејзиното средно име (Ен). Интересно е што Ени беше и девојчето со кое малиот Бен се дружеше во " The Man Behind the Curtain". - Чарли ја менува буквата на неговиот прст, од F во L (FATE --> L A T E)... Показател можеби за трагедијата која ќе му се случи подоцна?? Цитати:
[ме мрзи да барам сега, ќе апдејтирам подоцна] За дебата:- што ви се допадна во епизодава најмногу? - дали забележавте нешто што никогаш претходно не сте/сме забележале? | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Tabula Rasa (1x03) Нед Јун 14, 2009 7:21 pm | |
| само што ја изгледав епизодава, така да попосле ќе го дадам мојот став за епизодава, и апдејтирај ги цитатите | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Tabula Rasa (1x03) Пон Јун 15, 2009 6:16 am | |
| - Мики напиша:
- само што ја изгледав епизодава, така да попосле ќе го дадам мојот став за епизодава, и апдејтирај ги цитатите
Ех, уште ме мрзи. =))) | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Tabula Rasa (1x03) Чет Јун 18, 2009 2:16 pm | |
| Eпизодата беше супер, посебно оние Џејтерски моменти кога Кејт се дере Џек Џеееек Џек, ми беа ептен супер. Чарли исто так беше интересен кога, во авионот Џек ја праша Кејт, добро си? и таа Да, па по неколку секунду Чарли вика и јас сум во ред кога веќе прашуваш Супер емотивна епизода, се знае дека кејт не е лоша личност. Иако после станува триаголник, па четириаголник, мислам дека на Џек и Кејт им е судено на крај да завршат заедно. Одлична епизода инаку не забележав јас дека Чарли ја сменил само буквата, мислев дека на едната има фејт, на другата лејт Тоа во глобала, незнам што да пишувам Намасте | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Tabula Rasa (1x03) Пет Јун 19, 2009 11:55 pm | |
| Ајде да искоментирам и на оваа епизода, а ти сеуште ги немаш апдејтувано цитатите ц ц :О Во оваа епизода како што напоменав се сретнавме со старо-добриот начин на прикажување на настаните од минатото. Мене фб навистина ми се допаѓаат и сакам во последната сезона да имаме по некој...Јас сум задоволен со прикажаното во епизодава, имавме добри моменти кој не оставаа будни. Тука ќе ги напоменам: Дознавањето на Џек дека Кејт е бегалка, Тајната на Саид и компанијата, Инресниот момент во трупот на авионото кога се среќаваат Соер и Џек и фамознотот БУУУ... , Мајкл ја гледа Сан гола :О , Соер го убива Сет, и се разбира во целост одличниот ФБ со уште поодличниот крај и одличната Ваш Авеј... . Можам слободно да се сложам со тебе дека ова беше една од најдобрите кејт-ц. епизоди но исто така дека беше интересна на начин како се прикажуваа „сапуничните“ моменти ако воопшто ги имаше. Мене во глобала ми се допадна како и секоја епизода во која за прв пат се запознававме со лик и со неговото минато(зборам за сите први ФБ на сите карактери) па слободно можам да ја сместам одма после првата а пред втората од досегашните 3 епизоди. Поздрав и деновиве ќе ја гледам легендарната Walkabout па и таму ќе пишам коментар или како што викаш ќе си ја изработам домашната работа | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Tabula Rasa (1x03) Саб Јун 20, 2009 7:25 pm | |
| - LostyFox напиша:
- Eпизодата беше супер, посебно оние Џејтерски моменти кога Кејт се дере Џек Џеееек Џек, ми беа ептен супер. Чарли исто так беше интересен кога, во авионот Џек ја праша Кејт, добро си? и таа Да, па по неколку секунду Чарли вика и јас сум во ред кога веќе прашуваш
Супер емотивна епизода, се знае дека кејт не е лоша личност. Иако после станува триаголник, па четириаголник, мислам дека на Џек и Кејт им е судено на крај да завршат заедно.
Одлична епизода инаку не забележав јас дека Чарли ја сменил само буквата, мислев дека на едната има фејт, на другата лејт
Тоа во глобала, незнам што да пишувам
Намасте Мислам дека малце си ги помешала епизодиве, тоа (зборувам за првиот пасус) се случуваше во пилотот колку што се сеќавам. Нема врска. =)) Се согласувам дека ова е една од најемотивните епизоди во првата сезона, а башка е и добар сетап за наредната Лок-центрична епизода. - Мики напиша:
- Ајде да искоментирам и на оваа епизода, а ти сеуште ги немаш апдејтувано цитатите ц ц :О
Во оваа епизода како што напоменав се сретнавме со старо-добриот начин на прикажување на настаните од минатото. Мене фб навистина ми се допаѓаат и сакам во последната сезона да имаме по некој...Јас сум задоволен со прикажаното во епизодава, имавме добри моменти кој не оставаа будни. Тука ќе ги напоменам: Дознавањето на Џек дека Кејт е бегалка, Тајната на Саид и компанијата, Инресниот момент во трупот на авионото кога се среќаваат Соер и Џек и фамознотот БУУУ... , Мајкл ја гледа Сан гола :О , Соер го убива Сет, и се разбира во целост одличниот ФБ со уште поодличниот крај и одличната Ваш Авеј.... Можам слободно да се сложам со тебе дека ова беше една од најдобрите кејт-ц. епизоди но исто така дека беше интересна на начин како се прикажуваа „сапуничните“ моменти ако воопшто ги имаше. Мене во глобала ми се допадна како и секоја епизода во која за прв пат се запознававме со лик и со неговото минато(зборам за сите први ФБ на сите карактери) па слободно можам да ја сместам одма после првата а пред втората од досегашните 3 епизоди. Поздрав и деновиве ќе ја гледам легендарната Walkabout па и таму ќе пишам коментар или како што викаш ќе си ја изработам домашната работа Ајде ајде побрзо гледај, не губи време! =))) Иначе ме мрзи бе цитатите сега да ги апдејтувам, брее.. =)) | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Tabula Rasa (1x03) Нед Јун 21, 2009 11:04 pm | |
| Одлична епизода.. баш ми се свиѓаше.. да.. имаше елементи на сетап за Walkabout.. ама добро искочи..
ова е една од многуте што ќе следат „први ФБ приказни“ и е доста успешна.. кај е интересно да видиме дека навидум невината Кејт е криминалец, гледаме и дека е добра по душа.. а и тука се јавува мистеријата што нема да ни се открие до втора сезона aka What Kate Did =) (глуп Џек, шо не ја праша дур имаше шанса =))) )
исто така нешто што многу ме заинтересира (а исто се сеќавам го приметив и на минатиот ривоч, ама тогаш не пишувавме вака, па го изумив) : Зашто Ray Mullen имаше вештачка рака? т.е. зошто кога Кејт му ја извади (при крајот на епизодата), камерата остана зумирана на раката? па си мислев да не името му е некој анаграм?! зашто баш буквите arm (рака) се содржат во неговото име... ај ако си читнал нешо за ова на ривочите на Дарк или на Лостпедиа, пиши =)
позз | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Tabula Rasa (1x03) Пон Јун 22, 2009 2:29 am | |
| - Steff напиша:
- ова е една од многуте што ќе следат „први ФБ приказни“ и е доста успешна.. кај е интересно да видиме дека навидум невината Кејт е криминалец, гледаме и дека е добра по душа.. а и тука се јавува мистеријата што нема да ни се открие до втора сезона aka What Kate Did =) (глуп Џек, шо не ја праша дур имаше шанса =))) )
исто така нешто што многу ме заинтересира (а исто се сеќавам го приметив и на минатиот ривоч, ама тогаш не пишувавме вака, па го изумив) : Зашто Ray Mullen имаше вештачка рака? т.е. зошто кога Кејт му ја извади (при крајот на епизодата), камерата остана зумирана на раката? па си мислев да не името му е некој анаграм?! зашто баш буквите arm (рака) се содржат во неговото име... ај ако си читнал нешо за ова на ривочите на Дарк или на Лостпедиа, пиши =)
позз Хехе тоа филмски е направено (да не праша) за да не остави со празни раце! =)) Првпат слушам за ова со ракава. Можда е и анаграм кој да знае?! Иначе не учевствувам на ниту еден од тие ривочи, ама планирам во иднина да читам што се пишува... | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Tabula Rasa (1x03) Пон Јун 22, 2009 4:13 am | |
| Aбе тогаш ги гледав првите шест-седум и да сега ми текна дека сум малце збунета Ај нема врска, а ова со ракава убаво забележал Стафан, ама ако беше нешто побитно си викам ќе кажеа до сега,м? Намасте | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Tabula Rasa (1x03) | |
| |
| | | | Tabula Rasa (1x03) | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|