Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| Walkabout (1x04) | |
| | Автор | Порака |
---|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Walkabout (1x04) Чет Јун 11, 2009 7:18 pm | |
| Walkabout е четвртата епизода од Изгубени, премиерно прикажана на 13 октомври 2004тата година. Верувам дека на сите верни фанови на оваа серија им е добро позната и врежана длабоко во меморијата, не само поради шокирачкиот крај, туку и како резултат на фактот дека ова е првата Лок-центрична епизода која конечно ни покажа зошто Џон се однесуваше толку чудно по падот на авионот...а можеби и не?! Што ми се допадна?
Ако започнам да ги набројувам работите кои ми се допаднаа, би ми бил потребен цел ден. Наместо тоа, само би рекол дека ова е уште една од класиките во серијата, која ја отвора на голема врата славата која, подоцна овој лик (Лок), ќе ја доживее кај фановите. Истовремено, оваа епизода е можеби и предвесник на сите подоцнежни Лок-центрични епизоди кои ќе следуваат, а кои исто така се доста квалитетни (со исклучок на "Further Instructions", барем според мене!). Што забележав?
Митолошката позадина на оваа епизода е огромна, секако како резултат на тоа што во истава Лок се соочи со Чудовиштето. Токму на овој момент ќе посветам нешто повеќе внимание. Имено, не многу денови претходно имав дебатирано со уште еден Лостолог ( Стефан) дека моментот во кој Лок, просто речено, се ѕвери во Чудовиштето, можеби и не е тоа што сме мислеле дека е цело време (како резултат на неговите изјави од типот на „погледнав во окото на Островот и тоа што го видов, беше прекрасно...“). Но, сепак, мислам дека тоа не е случајот тука. Моето мислење за ова е дека Џон, НАВИСТИНА се „сретнал“ со Чудовиштето, но дека истото во овој случај било контролирано од Џејкоб, а не од неговиот непријател. Со оглед на тоа што претходно овој го имаше исцелувано по падот од осумкатната зграда, речиси и да сум сигурен дека оваа теорија може на крајот да испадне точна. Во контекст пак на „окото“ на Лок...немам некоја развиена теорија, освен дека можеби се работи за слични слики/моменти од неговиот живот кои ги погледнал откако бил заобиколен од Чудовиштето. Инаку, само да додадам дека четириесетина денови подоцна, кога Џон, Џек, Кејт, Харли и Арцт ќе пешачат низ џунглата (Мрачната територија) и кога Лок ќе биде нападнат од Чудовиштето - истото е овојпат контролирано од страна на соперникот на Џејкоб!!! Моменти за паметење:
- дознаваме дека Џон бил инвалид, се додека не паднал на Островот. - Роуз за првпат ја развива мистеријата во однос на задната секција од авионот; т.е. дали некои од нив (вклучувајќи го и нејзиниот маж, Бернард) успеале да преживеат, или не... - Џек го здогледува Кристијан Шепард. Патем, ова исто така ја зацврстува мојата теорија за Чудовиштето, бидејќи како што видовме во Dead is Dead, непријателот не може да биде навлезен во нечие тело, додека го контролира истото! - Лок го здогледува Чудовиштето. Интересни факти:
- Терминот "walkabout" во превод значи: талкање/скитање наоколу без одредена цел. - Додека Лок пишува на сметководната машина, таа испушта сличен глас како оној на Чудовиштето. Продуцентите изјавиле дека ова има смисла бидејќи тие го позајмиле истиот звук од оној кој го испушта сметката, додека излегува од сметководната машина од било кое Њујоршко такси. - Ова е првата епизода во која сме сведоци на Островски флешбек. - TPS репортите кои Ренди ги бара од Лок се најверојатно Test Procedure Specification Reports (Годишен извештај за процедуралната спецификација, или така нешто), но популарниот контекст на оваа скратеница значи "Totally Pointless Stuff" (тотално бесмислен материјал/тотално бесмислена работа). - 4 сезони подоцна дознаваме дека идејата за „талкачката мисија“, Лок ја добил од Ричард Алперт, кој по се изгледа знаел како сето тоа на крај ќе заврши. (Cabin Fever) - Оригиналното име на оваа епизода било замислено како "Lord of the Files" (Господар на документите), во чест на името кое го имала уште една островско-преживувачка драма (Lord of the Flies), како и професијата на Џон. Цитати: Claire: [ about the fuselage] Somebody's in there. Sayid: Everyone in there's dead! Jack: Sawyer! Sawyer: Right behind ya, jackass! ----- Shannon: The ocean's full of fish. Boone: Hate to break it to you...the ocean's not gonna take your gold card. ----- Locke: This is my destiny! Don't tell me what I can't do! ----- Sayid: We can find food. There are plenty of things on this island we can use for sustenance. Sawyer: And exactly how are we gonna find this sustenance? [A knife is thrown into the seat next to Sawyer's head, everyone looks at Locke] Locke: We hunt. Kate: How did you get that on the plane? Locke: Checked it. Jack: You either have very good aim, or very bad aim, Mr... Michael: Locke. His name is Locke. ----- Sawyer: And you gave him his knife back? Jack: [To Sawyer about Locke's hunting] Well if you've gotta better idea? Sawyer: Better than the three of us wandering into the magic forest to bag a hunk of ham with nothing but little bitty hunting knife? Hell no it's the best idea I ever heard. [Locke reveals his suitcase full of hunting knives.] Hurley: Who is this guy? ----- Jack: Everyone who was in the rear of the plane is dead. Rose: They're probably thinking the same thing about us. За дебата:
- што ви се допадна во епизодава најмногу и зошто? - дали забележавте нешто што никогаш претходно не сте/сме забележале? - зошто Чудовиштето не го уби Лок? | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пет Јун 12, 2009 3:53 am | |
| Имаш право, епизодава засекогаш ќе ја паметам, пошто е и прва епизода од LOST што ја гледав. Пред тоа бев чул по нешто за серијата, па кога почнаа да ја даваат на А1, првите три епизоди не ги следев, се до Walkabout. И нормално - веднаш станав зависник!!! За дебатата: - Скоро се! Целата мистерија околу ликот на Лок, неговата средба со Чудовиштето, неговите флешбеци, и нормално, сцената кога разбравме дека бил во количка! Мислам дека ова е прв WTF?!? момент во еден флешбек. Низ целата епизода се осеќа нешто чудно кај Лок - низ флешбеците го запознаваме како мирен и осамен човек, дури и колегите си поигруваа со него, а на Островот оставаше впечаток на сигурен и опасен. - За Чудовиштето, уште мислам дека беше пратено од непријателот, а и мислам дека тој самиот е Чудовиштето. Можеби тој знае дека Џејкоб го има оживеано Лок, плус излекувано кога падна авионот. Може Џејкоб навистина го сметал Лок за еден од клучните негови играчи во борбата со непријателот. Ако Есау (така ќе го викам) го знаел тоа, мислам дека намерно му се појави на Лок, за овој да добие лажен впечаток дека е „посебен“, и работите да течат така што Есау преку Лок ќе го убие Џејкоб. Тој во The Incident си кажа дека „поминал долг пат за да дојде тука (до Џејкоб)“. П.С. Да те исправам само, не му кажа Ричард на Лок за walкabout турата, тоа беше Метју Абадон. П.П.С. Се заборавив од пишување | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пет Јун 12, 2009 5:28 pm | |
| - Sawyer^^ напиша:
- Имаш право, епизодава засекогаш ќе ја паметам, пошто е и прва епизода од LOST што ја гледав. Пред тоа бев чул по нешто за серијата, па кога почнаа да ја даваат на А1, првите три епизоди не ги следев, се до Walkabout. И нормално - веднаш станав зависник!!!
За дебатата:
- Скоро се! Целата мистерија околу ликот на Лок, неговата средба со Чудовиштето, неговите флешбеци, и нормално, сцената кога разбравме дека бил во количка! Мислам дека ова е прв WTF?!? момент во еден флешбек. Низ целата епизода се осеќа нешто чудно кај Лок - низ флешбеците го запознаваме како мирен и осамен човек, дури и колегите си поигруваа со него, а на Островот оставаше впечаток на сигурен и опасен.
- За Чудовиштето, уште мислам дека беше пратено од непријателот, а и мислам дека тој самиот е Чудовиштето. Можеби тој знае дека Џејкоб го има оживеано Лок, плус излекувано кога падна авионот. Може Џејкоб навистина го сметал Лок за еден од клучните негови играчи во борбата со непријателот. Ако Есау (така ќе го викам) го знаел тоа, мислам дека намерно му се појави на Лок, за овој да добие лажен впечаток дека е „посебен“, и работите да течат така што Есау преку Лок ќе го убие Џејкоб. Тој во The Incident си кажа дека „поминал долг пат за да дојде тука (до Џејкоб)“.
П.С. Да те исправам само, не му кажа Ричард на Лок за walкabout турата, тоа беше Метју Абадон.
П.П.С. Се заборавив од пишување Да бе, мислев на него, ама сум го напишал Ричард, фала што ми кажа. =))) А инаку (за ППС-во), што да кажам јас, гледај колкава тема само напишав за една епизода, LOL. Добро е што се вклучувате полека во Ривочов, добивав впечаток дека само јас ги гледам одново епизодиве, хехе. | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Чет Јун 18, 2009 2:27 pm | |
| Нее точно еве и јас ги гледам и чудно што е интересни ми се иако ми е дежа ву по најмлку 5ти пат За епизодава, незнам многу мистериозна, одлична епизода. Зошто Лок не беше убиен од чудовиштето незнам, но незнам и дали воопшто таму имаше чудовиште. Пошто јас не видов, е сега тоа мрдањето на дрвцата е друга работа. Што да се каже друго, Ренди ме нервира, одвратен човек, како не му е срам да му се потсмева н постар човек кој порано бил и инвалид? КРЕТЕН. Многу емотивно беше она кога му рече Хелен дека и бил само муштерија и дека ако зборувале уште една минута ќе требало да плати повеќе а тој немал толку пари. Едноставно КУЧКА! И исто така емотивно беше и тоа кога појде на тоа уалкабаут да се пријави, кога му рекоа ти не ни кажа за твојата состојба(инвалидитетот) и кога им се дереше дис ис мај дестини Намасте | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Саб Јун 20, 2009 7:32 pm | |
| | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Нед Јун 21, 2009 11:23 pm | |
| ЗАКОН ЕПИЗОДА!! морам како прв впечаток да пишам: и после n-ти пат гледање на епизодава (т.е. цела серија) сеуште не ми е јасно шо д фак е поврзаноста помеѓу Лок-Чудовиштето(Островот?)-Винсент(да, пак се однесуваше чудно) иначе, сеа на ривоч, колку им беше криво шо првиот пат коа ја глеав епизодава не погодив дека Лок бил инвалид... мислам толку очигледни хинтови низ ЦЕЛА епизода: -на неколку пати другиве преживеани носат ствари (дрва и сл.) во количката -Лок цело време бо ФБците или седи или лежи -после коа Ренди Нејшнс му вика дека не е способен за вокабаутот, Лок му го кажува примерот за ИНВАЛИДОТ кој се искачил на Монт Еверест.. И пак не погодив... е затоа ја сакам Lost!!!! =) иначе не знаев за фактот дека епизодава требала да се вика Lord of the Flies.. не знам зашо, ама додека ја глеав епизодата, ми дојде некако дека walkabout не и е баш правилно име.. (искрено не ми текнува како во тој момент посакав да се вика).. а книгава (Lord of the Flies) ја имам дома.. ја купив тогаш кога купував книги од Stephen King, ама од сите тие шо ги купив единствена шо ја иам прочитано е Carrie (омилената на Џулиет ) и да.. фала шо ме спомна у дискусијата за епизодава.. иначе на мојот под-јузерпејџ за мистерии на Лостпедиа ( http://lostpedia.wikia.com/wiki/User:Steff/PunishmentYearGossip) еднаш пишав дека можда уствари има две чудовишта, едно бело (тоа шо Лок го виде) и едно црно (Смо(у)ки).. а.. и да.. хинт.. т.е. тема за мислење уште од 4тава епизода: дали луѓето од опашката на авионот се живи.. интересно како ги имаат вметнувано овие работи уште од самиот почеток.. и мн ме нервира кога некој ќе ги праша дали све им е смислено или измислуваат како што иде серијава.. а после тајм травелот, интересно е да се размислува дали Роуз верувала дека нејзиниот маж е жив, или го знаела тоа поради патувањето низ времето... ај ќе видиме нареднава сезона.. епа тоа би било се.. | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пон Јун 22, 2009 2:38 am | |
| Винсент е ненормално мистериозен на почетоков! Мора тоа да има некаква поврзаност со Џејкоб/Есау и сигурен сум дека ќе ни биде откриено во последнава сезона. За Чудовиштето и Лок ете напишав некои теории во постов, макар што, јас едноставно НЕМАМ КЛУ исто како и ти што се случило. =)) Ми се допаѓа инаку твојата теорија за две/три Чудовишта и ако размислиш доста е слична со мојана (дека и двајцата - Џејкоб и Есау го контролираат Чудовиштето...со тоа што кај тебе се две) =)) Знаеш, да направиш епизода со толку многу ХИНТОВИ за крајот на истата, а ниту еден фан да не успее да ги забележи е право мајсторство. Тоа е една од причините поради кои LOST е најдобрата серија. П.С. Lord of the Files требало не Flies. П.П.С. А за ова со Роуз и тајм травелов..ме остави зачуден, мора да признаам! | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пон Јун 22, 2009 2:44 am | |
| па книгата (во која исто авион се руши на мистериозен остров и после во преживеаниците има најразлични луѓе, меѓу кои и еден ко Лок што е Мен оф феит.. и на крај мислам дека умира) се вика Lord of the Flies.. a можда бидејќи работи со фајлови, сакале да ја крстат така...
и еве сеа читам горе шо си пишал... и нема везе.. сфатив =))))))) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пон Јун 22, 2009 2:46 am | |
| | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пон Јун 22, 2009 2:49 am | |
| па мене ми „текна“ дека можда сакале да го напраат fILes поради професијата.. и после скролнав нагоре и видов дека уствари тоа и си го пишал. лол. =))) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| | | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пон Јун 22, 2009 4:22 am | |
| Ова со Винсент што го наведе Стеф е стварно премистериозно | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Сре Јун 24, 2009 1:32 pm | |
| Опаа конечно и јас да ја изгледам оваа легендарна епизода Walkabout Како прво сакам да те прашам нешто оти после ќе се занесам и ќе заборавам: - Ова е првата епизода во која сме сведоци на Островски флешбек. Нели Кејт ја имаше првата, ако не е така де објасни го поимов Острвски Флешбек... ОК сега да преминам на епизодата. Не знам зошто но епизодава не ми изгледаше толку добра колку што си мислев до пред нејзиното повторно гледање, дали поради не толку добриот фб, кој мислев дека е подобар , незнам но знам дека нешто сум измешал во мислите... Е сега епизодава имаше доста добри настани, мене повеќе ми се допаѓаше островскиот дел отколку фб.. МОжеби поради фактото што во тој дел можевме да видиме: Повторно тепачка меѓу Соер но сега со Харли, од која тепачка произлезе „лудата“ идеја на Лок за ловење...Исто така добрите Роуз-Џек моменти, Чарли наседна на згодната Шенон , и се разбира ловот, и сретнувањето со чудовиштето. Е сега за Чудовитшето, мислам дека има само едно чудовиште без разлика дали е црно или бело, тоа може да биде контролирано и од Џејкоб и од неговиот противник, а во случајов било контролирано од неговиот противник. Сега чудовиштето не го уби Лок бидејќи знаеше дека ќе му биде потребен за убиството на Џејкоб, т.е во убедувањето на Бен. Сега сигурно ќе се запрашам од кај ЗНАЕЛО... Епа уште во воведната сццена На финалето на 5 сезона, забележавме колку е смирен и сигурен Есау за тоа што мислис да го направи, ваљда уште тогаш знаел за лок и неговата смрт која ќе биде како добредојдена за убиство на Џејкоб. И сега повтрно од кај ЗНАЕЛ?! Па тајм травел бре луѓе ... Можда ова звучи луда теорија но секој си има право на свое мислење...И да се вратам на епизодата за крај со просечниот (за мене) фб. Ок ги видовме последните денови на Лок во америка, и тоа како е сигурен за патувањето, освен тоа не видовме ништо друго, значи само разубедување, инатење и.т.н Најдобар дел беше откривањето дека е инвалид(и јас исто како и Стефан и многу други неможев да откријам на почеток дека Лок е инвалид), и Одличното Не ми кажуј што не можам да направам (или како и да се преведИ). Не знам што гледате толку одлично во фб се што има е како што кажав разубедувањата на лок дека може да го направи walkabout-тот... А да заборавив да кажам дека Лок лажеше, тоа е сигурно, го виде чудовиштето, и го излажа мајкл.(точка) Неколку прашања: -Зошто не го видовме Лок во авионот исто како што ги видовме Кејт, Џек, и Чарли, и дали ќе го видеме во некој друг фб? (воопшто не ми текнување затоа прашав) -И уште едно заборавено нешто: Дали се знае што му рече Лок на Волт во 2 епизода? Само одговорете ми со ДА или НЕ, ако е Да ќе забележам низ ривочот, затоа не ми каживајте, само Да или НЕ... поздрав | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Сре Јун 24, 2009 2:38 pm | |
| Лок ќе го видиш понатаму во авионт(јас имам гледано, ривоч понатаму и го видов,ама ај да не ти кажувам во која епизода) За тоа што му кажа на Волт, мислам дека нема да се открие, ама сигурно е дека мислеше на тоа дека островот има моќи(е специјален)и дека го излечил неговиот инвалидитет. Намасте | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Сре Јун 24, 2009 3:05 pm | |
| | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Сре Јун 24, 2009 3:14 pm | |
| За второво, што му кажа на Волт...не бе...нема да се открие...или барем јас не памтам Намасте | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Чет Јун 25, 2009 8:10 pm | |
| Мики, Лок се гледа јасно во авионот уште во пилотот, мислам дека беше веднаш зад Роуз. | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пет Јун 26, 2009 4:40 am | |
| - Мики напиша:
- Неколку прашања:
-Зошто не го видовме Лок во авионот исто како што ги видовме Кејт, Џек, и Чарли, и дали ќе го видеме во некој друг фб? (воопшто не ми текнување затоа прашав) -И уште едно заборавено нешто: Дали се знае што му рече Лок на Волт во 2 епизода? Само одговорете ми со ДА или НЕ, ако е Да ќе забележам низ ривочот, затоа не ми каживајте, само Да или НЕ... поздрав - Го видовме. - Како што веќе реков, не се знае, ама се претпоставува дека му кажал за неговото „магично“ проодување... | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пет Јун 26, 2009 8:32 am | |
| уште нешто што изгледал си пропуштил читајќи го постот
Како прво сакам да те прашам нешто оти после ќе се занесам и ќе заборавам: - Ова е првата епизода во која сме сведоци на Островски флешбек. Нели Кејт ја имаше првата, ако не е така де објасни го поимов Острвски Флешбек?????????? | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пет Јун 26, 2009 8:25 pm | |
| - Мики напиша:
- - Ова е првата епизода во која сме сведоци на Островски флешбек.
Нели Кејт ја имаше првата, ако не е така де објасни го поимов Острвски Флешбек?????????? Островски флешбек е поим кој означува дека сме виделе флешбек (дел од минатото на некој лик) во серијата кој се случил на Островот, а во случајов тоа се првите моменти од епизодата, кога го гледаме Лок како се буди по падот на авионот и станува зачуден што може да оди. А тоа што го кажуваш ти за Кејт е флешбек, ама не островски бидејќи не се одвиваше на Островот, туку надвор од него! | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Пет Јун 26, 2009 8:59 pm | |
| get it | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) Вто Jул 07, 2009 5:26 pm | |
| се разбравте Намасте | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Walkabout (1x04) | |
| |
| | | | Walkabout (1x04) | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|