Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| White Rabbit (1x05) | |
| | Автор | Порака |
---|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: White Rabbit (1x05) Пон Јун 15, 2009 4:42 pm | |
| White Rabbit е петтата епизода од Изгубени, прикажана премиерно на 20 октомври 2004тата година. Повеќето од нас ја паметат по мистериозните појавувања на Кристијан Шепард во џунглата, но и по првиот вистински разговор кој го водеа Џек и Лок. Што ми се допадна?
Епизодава не запознава малку повеќе со карактерот на (сега веќе) херојот Џек Шепард и ни ги расфрла на повеќе парчиња причините поради кои тој завршува на летот 815, а со тоа и на Островот. Со оглед на тоа што не кријам дека сум голем фан на Џек, сигурно нема да ви биде чудно ако ви кажам дека оваа флешбек приказна ми беше една од поинтересните во првата сезона. Како и да е, моменти кои никогаш нема да ги заборавам се и претходно-споменатите: разговорот помеѓу Џон и Џек, како и мистериозното појавување на Кристијан Шепард во џунглата, чие тело, се чини дека е заробено од непријателот на Џејкоб. Што забележав?
Само едно нешто...Џек НЕ ГО ДОПРЕ Кристијан кога дојде до него. Тој само падна, шокиран, откако сфати дека тоа е навистина неговиот мртов татко. Претпоставувам дека телото на постариот Шепард било, или оживеано, или пак заробено од страна на непријателот на Џејкоб, бидејќи подоцна истиот тој ќе го видиме во кабината, за која сметавме дека е на лидерот на Другите, но подоцна сфативме дека сме биле во заблуда. Интересно е што Флок, од друга страна, можеше да допира се’ и сешто, а овој не...се надевам дека ќе ја дознаеме причината за ова во последната сезона! Друго нешто што забележав беше тоа што Кристијан (Есау) најпрвин направи стапица за Џек, со цел истиот да биде „елиминиран“ како следен можен противник здружен со Џејкоб (моја претпоставка), а потоа намерно му покажа каде може да го најде изворот, а притоа и ковчегот на неговиот татко, кој, за чудо, беше празен! Што мислите вие за овие два моменти? За крај, само да ве советувам во однос на оној исказ кој Лок го имаше во врска со Чудовиштето да го прочитате постот/темата за минатата епизода во која имам неколку теории за овој момент. Моменти за паметење:
- (знам дека сум досаден, ама...) муабетот помеѓу Лок и Џек. - (читни што имам напишано во горната заграда) појавувањето на мистериозниот Кристијан Шепард, мртвиот татко на Џек, во џунглата. - Џек ги пронаоѓа изворите. - „Живеј заедно, умри сам“ моментот. Интересни факти:
- и двете први Џек-центрични епизоди (флешбек: White Rabbit, флешфорвард: Through the Looking Glass) според името се директна референца до „Алиса во земјата на чудата“... - ова е првата епизода во чиј флешбек ја гледаме и помалата, но и повозрасната верзија на еден лик. - истовремено, ова е првата епизода која започнува со флешбек. - се смета дека името на постариот Шепард, Кристијан е токму тоа, само поради фактот што Исус Христос (Христос; Christ>Christian) исто така воскреснал (оживеал) за 40 дена откако бил распнат... Цитати: Locke: I've looked into the eye of this island, and what I saw... was beautiful. ----- Locke: I'm not a big believer in... magic. But this place is different. It's special. The others don't wanna talk about it because it scares them, but we all know it, we all feel it. ----- Locke: [to Jack] A leader can't lead until he knows where he's going. ----- Jack's father: [to young Jack] You don't wanna be a hero. You don't wanna try and save everyone. Because when you fail... you just don't have what it takes. ----- Jack: I can't. Locke: Why can't you? Jack: Because I'm not a leader. Locke: Yet they all treat you like one. Jack: I don't know how to help them. I'll fail. I don't have what it takes. ----- Sawyer: [to Kate] Seeing as you're the new sheriff in town, you might as well make it official. [He tosses her a police badge]----- Sayid: [to Kate, about Sawyer] You go after him now and he'll give you nothing. But if you wait, a rat will always lead you to its hole. ----- Sawyer: You're in my light, sticks. Shannon: Lightsticks, what the hell is that? Sawyer: Light, comma, sticks; as in those legs of yours. ----- Charlie: Who would you rather meet in a dark alley? Whatever's out there, or that old geezer with his four hundred knives? Now me, I only have room for two hundred knives. Three hundred at most. ----- Locke: Crazy people don't know they're going crazy. They think they're getting saner. ----- Jack: It's been six days, and we're all still waiting. Waiting for someone to come. But what if they don't? We have to stop waiting. We need to start figuring things out. A woman died this morning just going for a swim. He tried to save her and now you're about to crucify him. We can't do this. Every man for himself is not going to work. [...] But if we can't live together—we're gonna die alone. За дебата:- која е причината за халуцинациите на Џек, ако воопшто биле и халуцинации? - зошто телото на Кристијан не се наоѓаше во неговиот ковчег? - што ви се допадна најмногу во епизодата? | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Чет Јун 18, 2009 2:42 pm | |
| Хе хе, колку е посете н ривочов, па и форумов....туку ај нема врска да си кажам јас што мислам. Прво Џек ми е омилен лик, како што и сите знаете. Но едно ме нервира, кај него, т.е. две.Прво во косата е за никаде, во петтава сезона. Едноставно е некако грд со долга коса, па мило ми е што барем летово во интервјуа го гледам со фризура на кец Друго што ме нервира е односот кон Кејт. Добро што се занесува бе таа? Ај нема врска. И трето(сепак три били ) ме нервира што Дарлтон му направија на Џек во целина. Го запустија карактерот. Од оној стариот Џек кој цело време се обидуваше да направи нешто од ништо, не остана ништо. Имаме само нов Лок кој седи и чека одговорите да му паднат од небо. Тоа е единственото нешто кое ме нервира најмногу, да се седи со скрстени раце. Но ајде за епизодава. Џек фан, што да кажам освем ОДЛИЧНа епзиода. Зошто Џек халуцинираше, или што и да беше тоа што го доведе до таткому незнам, но тоа да речеме еве нее важно. Поважно е зошто таткому не беше во ковчегот? Каде ли заминал умрен човек. Дали Есау го зеде веднаш? или пак Кристијан со самото паѓање на островот ожива со помош на Џејкоб, па отиде кај него? Тоа незнам. Ама барем се откри мистеријата со белите патики. Нели во пилотот кога Џек се опулува и трча како збудален низ џунглата кога свртуба на кај плажата камерата се фокусира на бела патика која виси на едно дрво. Тоа всушност со белите патики го имаше и во 4та сезона незнам која епизода, кога Кристијан Шепард е во бели патики. Џек после откри дека носел бели патики зошто во Сиднеј немало што друго да му облечи на таткому освем неговите стари бели патики Толку за епизодава П.С. Она со Алиса е многу јако П.П.С.Расговорот со Лок е ЗАКОН и она кога јади ќотек Џек кога е мал е закон сцена | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Саб Јун 20, 2009 11:21 pm | |
| Абе за разлика од пред еден месец, кога само јас го посетував форумов, сега е доста подобро. А се надевам во иднина ќе има уште поголема посетеност. Што се однесува до новиот Џек, тој постоеше отсекогаш, само што сметам дека „стариот“ Џек од пуст инает кон Лок тоа никогаш не го призна. Ако не ми веруваш мене, верувај и на сцената во која го водат првиот разговор двајцата. Сигурно ја забележуваш искрата во окото на Шепард. Добро, можда и претерав, ама дефинитивно откако ја изгледав епизодава сфатив дека Џек знаеше дека Островот е посебен како што кажува Џон!!! P.S. Тоа не е мистеријата за патиките, тоа е само причината поради која се наоѓаат на Островот. Јас мислам дека патиките се симбол на доброто (бидејќи се нели, бели), но означуваат можеби дека Кристијан бил заробен од Есау, бидејќи подоцна ќе го видиме со црни колку што се сеќавам?? | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 2:12 am | |
| Закон епизода! вовед во мистеријата Christian Shephard! обично мислев дека Џек-центричните епизоди не развиваат карактер, него поише се онака on-island, ама сепак интересни беа паралелите во способностите на лидерството на Џек на Островот и во минатото.. (а малце ме нервираше како беа сецкани т.е. едитирани деловите од ФБ и сегашната приказна... сепак, ова им бил почеток во флешбеците, па се простува=)) )
мора да се даде почит на Live Together, Die Alone говорот! ме полазиа морници додека Џек им збореше на сите за тоа шо треба да праат.. едноставно го бива за лидер..
мора исто да се спомне разговорот помеу Лок и Џек.. (Освен што Лок изглеа ко да знае се што се случува/ќе се случи) интересно е сега, после 5 сезони и откога сфативме дека Островов не е обично место, да се размислува посериозно на оние теми што Лок ги почнуваше со "what if..." -But this place is different. It's special. We all know it. We all feel it. -Is your White Rabbit a hallucination? Probably. But...what if everything that happened here happened for a reason? What if this person that you're chasing is really here? -That's impossible. -Even if it is, let's say it's not. -Then what happens when I catch him? -I don't know. But I've looked into the eye of this island, and what I saw... was beautiful.
За дебата: - која е причината за халуцинациите на Џек, ако воопшто биле и халуцинации? *Ќе мора да одговорам со цитат: JACK: I'd call it a hallucination. A result of dehydration, post traumatic stress, not getting more than two hours of sleep a night for the past week. All of the above. LOCKE: All right, then. You're hallucinating. But what if you're not? - зошто телото на Кристијан не се наоѓаше во неговиот ковчег? *Зашто откоа ќе искочи, не може да биде пак во него =) да.. и он е воскреснат.. и затоа се вика Christian
- што ви се допадна најмногу во епизодата? *Па све =) ете погоре ми е напишано.. да не испаднам и ја ко тебе и да се повторувам со: разговорот помеѓу Лок и Џек, мистеријата околу Кристијан Шепард и говорот Live Together, Die Alone =))) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 2:42 am | |
| Што збориш бе, во првите две сезони, Џек центричните епизоди повеќе се фокусираа на ликот (и неговиот карактер)!? Или барем така јас мислам. Можда и не сум во право, ќе видиме на ривочов. Иначе, ова со Лок ептен ми е симптоматично, премногу е чуден во овие први епизоди, не си личи на себе! - Цитат :
- - зошто телото на Кристијан не се наоѓаше во неговиот ковчег?
*Зашто откоа ќе искочи, не може да биде пак во него =) да.. и он е воскреснат.. и затоа се вика Christian Ај тогаш кажи ми зошто телото на Лок не оживеа??? | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 2:46 am | |
| епа лок се вика ЏОН.. не глеам врска со Исус Христос.. се зезам.. појма неам =))) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 2:50 am | |
| - Steff напиша:
- епа лок се вика ЏОН.. не глеам врска со Исус Христос..
се зезам.. појма неам =))) Добар философ си нема што. Ама не ќе да е тоа работава. =)) | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 2:56 am | |
| е.. тоа сакав да ти искоментирам на постот кај Табула Раса.. се пишува филоЗоф!! (пошто доаѓа од филозофија) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 3:04 am | |
| - Steff напиша:
- е.. тоа сакав да ти искоментирам на постот кај Табула Раса..
се пишува филоЗоф!! (пошто доаѓа од филозофија) Не не, философија е наука (љубов кон) за мудроста, а филозофија е љубов кон мракот. | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 3:20 am | |
| а???!! а филозофски факултет???! | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 3:39 am | |
| - Steff напиша:
- а???!!
а филозофски факултет???! Не знам, веројатно е згрешено! Прашај лектори, сите ќе ти кажат дека сум во право. | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 3:46 am | |
| абе читав на википедија на talk page-от.. уствари филозофија си било правилно.. ама сеа пред 5-10 години почнало и филоСофија да се користи.. само шо мене философија и философ ми звучат многу бедно!! =))) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 4:59 am | |
| - Losteech напиша:
- Steff напиша:
- а???!!
а филозофски факултет???! Не знам, веројатно е згрешено! Прашај лектори, сите ќе ти кажат дека сум во право. ОК малце забегавме оф-топик. =)) Да се вратиме на темата. Уствари, дај некој нека напише коментар за да се вратиме..на темата... | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пон Јун 22, 2009 11:36 am | |
| Неможам да пишам он-топик ама затоа ќе пишам оф-топик Лости бе филоЗофија (филоЗоф) е јас колку што знам,иако сега Вас, помаливе генерации можеби Ве учат поинаку(инаку пази, ти зборува ГОЛЕМАТА) Намасте | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Чет Јун 25, 2009 8:03 pm | |
| Еве сум јас да ја вратам темата на прав пат . Ве стигнувам пополека со ривочов... Добра епизода, првпат се појавија работи што ќе бидат важни за целата серија: Кристијан Шепард, разговорот меѓу Џек и Лок.... Лостич, имаш право за Џек тука, како на крај да му поверува на Лок за тоа дека Островот е посебен. Како да не е целосно „човек од наука“. А Лок веќе почна со својата филоЗофија (колку што знам, со З е правилно ). Баш ме интересира дали некогаш ќе видиме што точно виде Лок во окото на Островот. За дебатата: - која е причината за халуцинациите на Џек, ако воопшто биле и халуцинации? Не беа халуцинации, Кристијан некако беше воскреснат. Најверојатно е дека Флок го зеде неговото тело, исто како на Јеми и на Лок подоцна. Флок некако сакаше да го полуди Џек, дури и ќе загинеше ако не беше Лок да го спаси. А може и не е случајност што Лок наиде токму во тој момент. Можеби Островот/Џејкоб не дозволија Џек да загине? - зошто телото на Кристијан не се наоѓаше во неговиот ковчег? Кажав погоре, најверојатно е дека Флок му го зеде телото, ама кога влее во Лок, неговото тело сеуште постоеше, па тоа некако не се вклопува во оваа моја теорија... - што ви се допадна најмногу во епизодата? Истото што ви се допадна и на другите што коментираа, да не се повторуваме. | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Пет Јун 26, 2009 4:44 am | |
| - LostyFox напиша:
- Неможам да пишам он-топик ама затоа ќе пишам оф-топик
Лости бе филоЗофија (филоЗоф) е јас колку што знам,иако сега Вас, помаливе генерации можеби Ве учат поинаку(инаку пази, ти зборува ГОЛЕМАТА)
Намасте ОК, појма немам веќе, кај нас се е турлитава (па и правописот). - Sawyer^^ напиша:
- - која е причината за халуцинациите на Џек, ако воопшто биле и халуцинации?
Не беа халуцинации, Кристијан некако беше воскреснат. Најверојатно е дека Флок го зеде неговото тело, исто како на Јеми и на Лок подоцна. Флок некако сакаше да го полуди Џек, дури и ќе загинеше ако не беше Лок да го спаси. А може и не е случајност што Лок наиде токму во тој момент. Можеби Островот/Џејкоб не дозволија Џек да загине?
- зошто телото на Кристијан не се наоѓаше во неговиот ковчег? Кажав погоре, најверојатно е дека Флок му го зеде телото, ама кога влее во Лок, неговото тело сеуште постоеше, па тоа некако не се вклопува во оваа моја теорија...
- што ви се допадна најмногу во епизодата? Истото што ви се допадна и на другите што коментираа, да не се повторуваме. - Во поглед на првиве два одговора, баш тоа и сакам да го кажам - ако е воскреснат од Есау (непријателот на Џејкоб), тогаш зошто и телото на Лок не било воскреснато исто така од неговата страна?! | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Саб Јун 27, 2009 1:59 pm | |
| Епизодава беше онака чист просек. Мене воопшто не ми се допаѓаше фб, докторот имал многу подобри фб...Е сега забележав нешто што претходно не сум го забележал во епизодава: Тетоважата на левото рамо на Чарли на која пишува: Live is easy, with eyes closed(добра порака а?!) Е сега за епизодава, како што кажав не ми се допаѓаше многу фб, но она што ми се допаѓаше беа острвските настани: Ловењето по Кристијан, се разбира разговорот меѓу Џек и Лок, и откривањето на пештерите и празниот ковчег. И право да ви кажам ми недостасуваат ваквите мирни краеви...Фб ни ги открива најважните моменти на Џек поврзани со херојството, ништо посебно, еден разговор меѓу него и татко му, па еден и со мајка му и тоа ништо посебсно, незнам зошто ви се свиѓа. Во оваа епизода Соер го покажа и своите добри trades атрибути. Хехе и омилено ми е она Light, comma, sticks . За ова прашањава: 1. Да се разбереме Џек не халуцинира, Кристијан мислам дека е жив, дека островот го излекувал, бидејќи не поминале цели 3 дена откакко починал за разлика од случајот со Лок кој беше и во ковчегот(а Кристија НЕ!) 2. Бидејќи островот го оживеал, и човекот си станал и сега си живее среќно 3. Ги набројав горе моментите ај сега пак: Разговорот меѓу Џек и Лок, фамозното If we cant live together we gonna die alone, исто така „Како е да бидеш прв на листата на Најнеомилени. Sucks(не треба превод) нели“-разговорот меѓу Соер и Бун и оние кои ги набројав погоре. Денес ќе оставам коментар и на наредната епизода... поздрав | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Саб Јун 27, 2009 3:58 pm | |
| Хахаха не сум знаел за оваа тетоважата на Чарли, дефинитивно интересна работа! Иначе епизодава е добра бидејќи се запознаваме подлабоко со ликот на Џек кој конечно станува лидер на преживеаните...мене лично ми се допаѓа поради појавата на Кристијан и крајните две минути со "Live together, die alone" моментот. Во врска со ФБ-то не би се согласил дека е до толку лош бидејќи без него не би имале WTF момент со Кристијан...односно не би знаеле дека бил мртов пред да падне на Островот со што епизодата би испаднала бесполезна! - Мики напиша:
- 1. Да се разбереме Џек не халуцинира, Кристијан мислам
дека е жив, дека островот го излекувал, бидејќи не поминале цели 3 дена откакко починал за разлика од случајот со Лок кој беше и во ковчегот(а Кристија НЕ!) 2. Бидејќи островот го оживеал, и човекот си станал и сега си живее среќно 3. Ги набројав горе моментите ај сега пак: Разговорот меѓу Џек и Лок, фамозното If we cant live together we gonna die alone, исто така „Како е да бидеш прв на листата на Најнеомилени. Sucks(не треба превод) нели“-разговорот меѓу Соер и Бун и оние кои ги набројав погоре. Денес ќе оставам коментар и на наредната епизода... поздрав 1) и 2) Прашав 100 пати и пак ќе прашам...зошто Лок остана во ковчегот а Кристијан не??? Кога ќе ми одговорите на ова прашање ќе се согласам со вашите теории. =)) П.С. Цитатот на Соер е закон, за првпат бев на негова страна...едноставно таа Шенон кога ќе ја видев веднаш ме болеше глава од нејзиното „цмиздрење“ | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Саб Јун 27, 2009 9:20 pm | |
| | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Нед Јун 28, 2009 2:46 pm | |
| Е да, можеби... | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) Вто Jул 07, 2009 5:31 pm | |
| Jaс ќе ти одговорам на прашањето Лости! Затоа што Дарлтон така сакале! Намасте | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: White Rabbit (1x05) | |
| |
| | | | White Rabbit (1x05) | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|