Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| House of the Rising Sun (1x06) | |
| | Автор | Порака |
---|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: House of the Rising Sun (1x06) Чет Јун 18, 2009 7:03 am | |
| House of the Rising Sun е шестата епизода од серијата за првпат прикажана на 27 октомври 2004тата година. Ова е првата Џин/Сан центрична епизода која максимално се осврнува на нивната романтично-трагична приказна. Што ми се допадна?
Епизодава е класика...според која се раководат сите други епизоди кои имаат за цел да ги сетираат настаните кои следуваат понатаму. Сепак, понекогаш ваквите (сетап) епизоди знаат да бидат вистински хитови за мистерии. Таков е случајот и со оваа! House of the Rising Sun е единствената епизода во која ги гледаме телата на Адам и Ева, за кои што во текот на овие пет години, откако започнаа Изгубени, се дебатираше и теоретизираше постојано. Жалосно но вистинито, шестата епизода од првата сезона може да се каже дека е една од најслабите досега прикажани. Иако, ако ја гледате за прв пат, верувам дека ќе ви биде прилично интересна... Што забележав?Кејт не сака да биде Ева! Или барем така мислела по падот на авионот. Ова е цитат кој може, но и не мора да се смета за некаков вид на „поткажување“/clue од страна на сценаристите... Покрај ова, забележав како Лок во епизодава знаеше дека Чарли ќе ја пронајде гитарата. Не знам за вас, но започнувам да се сомневам во Џон, бидејќи неговото ноншалантно однесување во првиве неколку епизоди никако не може да се спореди со подоцнежното. Моменти за паметење:
- дознаваме дека Сан знае да збори на англиски. - тепачката помеѓу Мајкл и Џин само „поради еден проклет часовник од 1000 долари“. - Чарли успева да ја пронајде гитарата. - за првпат ги гледаме телата на Адам и Ева. - групата се разделува: еден дел се населува во пештерите, а другата си останува на плажата (меѓу кои, за изненадување на побројната публика, се вбројува и Кејт) Интересни факти:
- ова е првата епизода во чиј флешбек има вкрстување (средба) помеѓу два главни ликови. - флешбек звукот (whoooooosh) за првпат се појавува во текот на сите флешови, и пред нивното започнување, но и пред нивниот крај. - ова е единствената епизода од Изгубени досега, во која немало ниту еден гостин-актер. - Џек вели дека „телата се стари од 40 до 50 години, бидејќи толку време и е потребно на облеката да се распадне до тој степен“, а од друга страна, Лок, неколку епизоди подоцна (во Deus Ex Machina) ќе каже дека „нормалната облека може да се распадне за помалку од две години, но дека оваа (на Адам и Ева) била изработена со високо квалитетен полиестер, па од таа причина истата може да биде стара и 2, но и 10 години.“ Цитати: Kate: Hey, Charlie, ask Jack about his tattoo. Charlie: Oh, you guys have an inside joke. How absolutely wonderful for you both. ----- Charlie: You two run away fantastically. I'm glad my diversion spared you. I was only stung several hundred times. ----- Sayid: Is there a reason you didn't consult us when you decided to form your own civilization? ----- Kate: It's just that you... and the tattoos... don't add up. Were you one of those hardcore spinal surgeons or something? Jack: That's me. Hardcore. Charlie: If you two are done verbally copulating, we should get a move on. ----- Locke: Pull yourself together, son. Charlie: It wouldn't be an irrational fear of bees if I could just pull myself together, would it? За дебата:- кои се Адам и Ева? - по што ќе ја помните оваа епизода? - дали забележавте нешто, кое сметате дека ќе биде од поголема важност во идната, последна сезона? | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Чет Јун 18, 2009 1:28 pm | |
| Jaс вчера ги гледав првите четири Денеска ќе гледам уште четири, па ај сега да одам да коментирам за првите Намасте | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Саб Јун 20, 2009 1:04 am | |
| Колку да се знае до десетта епизода сум утре гледам 11 Намасте | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Пон Јун 22, 2009 12:46 am | |
| Епа ајде почни да коментираш! | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Пон Јун 22, 2009 2:33 am | |
| интересна епизода... имаше пресврт.. мислам никој не очекуваше Корејката да почне да збори англиски!!
интересно ми беше да видам дека баш во Сан/Џин епизода беа за прв пат прикажани Адам и Ева... (ова го напишав за да кажам дека во епизода со слаб квалитет се појави мистерија со јак квалитет=)) ама сеа се мислам дали ова е хинт дека Адам и Ева се Џин и Сан ?!!)
оваа епизода ќе ја означам за официјален почеток на фамозниот љубовен триаголник чија приказна ќе се влечка до крајот на серијата... иако досега имаше неколку Џејтерски и малце помалце Скејтерски моменти, овде ги имаше на велико... Џек и Кејт голи (е добро де, не скроз), инсајд џоукс, коментарите на Харли и Чарли за Џек и Кејт; а исто така и прашањето/разговорот на Соер и Кејт, и (не)очекуваното останување на Кејт на плажата..
а за главната приказна.. па шо да кажам.. се запознаваме со ликовите на Џин и Сан.. гледаме дека уствари и Џин бил добар, ама станал „ваков“ заради љубовта кон Сан и татко и.. и сеа почнуваме да се прашуваме кој и е татко.. хммм =))) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Пон Јун 22, 2009 2:50 am | |
| Да, тоа беше јак пресврт. А за ова со Сан/Џин и Адам и Ева...хмммммм и мене ми падна тоа на памет ама не ми изгледа возможно.. Во поглед на љубовниот триаголник не ми се ни коментира веќе. На почеток беше ОК, ама сега веќе е...штознам, требаше според мене да го решат до сега. А они па го направија четириаголник! =)) Реков нема да коментирам и пак искоментирав. :@ | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Пон Јун 22, 2009 11:47 am | |
| Еве ме и мене! Епизодата беше добра, со оглед на тоа што ја гледам по којзнае кој пат и пак ми е интересна. Дознавме малку повеќе за минатото на Џин и Сан...и зошто Сан сакала да го напушти, а зошто пак Џин станал таков каков што е! Тоа со пчелите беше закон, Чарли бил ептен закон сега ми се враќа меморијата...малку го подзаборавив него и глупостите кои ги трескаше Незнам дали приметивте но кога и рече Џек на Кејт зошто не сака да отиде во пештерите со него идругите, таа рече дека не сака да биде Ева! Ама да се Џек и Кејт Адам и Ева би било ептен глупо, па ми текна да се случајно Роуз и Бернард(тоа е многу возможно после сцената која ја видовме во финалево последно. Од плажата се преселиле во пештерите и таму си умреле, заедно, а камчињата белото и црното ги нашле некако) или пак да се Ники и Пауло,иако ова ми изгледа како по невозможно! Тоа вака во глобала Намасте и позз до сите! | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Чет Јун 25, 2009 8:20 pm | |
| Сан/Џин епизодите секогаш ми биле помалку досадни, ама оваа е некако поинтересна пошто ја раскажа нивната приказна „во кратки црти“. Најинтересно беше пронаоѓањето на Адам и Ева. Не верувам дека е можно тоа да испаднат Џек и Кејт, ама имаше два големи хинта за тоа. Прво Харли на шега му рече на Џек нешто како: „Ти сакаш да останеш со Кејт во пештерите, а?“ па Кејт подоцна рече „Не сакам да бидам Ева“. Мене, сепак, поверојатно ми е да испаднат Роуз и Бернард, па ќе видиме... Друго поважно за епизодава немаше, интересни беа сцените со Чарли и Лок, тепачката на Мајкл и Џин ја бев подзаборавил, па сега се потсетив и на тоа... И морам да кажам, музичките краеви беа одлични. | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Пет Јун 26, 2009 4:48 am | |
| - LostyFox напиша:
- Незнам дали приметивте но кога и рече Џек на Кејт зошто не сака да отиде во пештерите со него идругите, таа рече дека не сака да биде Ева!
Ама да се Џек и Кејт Адам и Ева би било ептен глупо, па ми текна да се случајно Роуз и Бернард(тоа е многу возможно после сцената која ја видовме во финалево последно. Од плажата се преселиле во пештерите и таму си умреле, заедно, а камчињата белото и црното ги нашле некако) или пак да се Ники и Пауло,иако ова ми изгледа како по невозможно!
Тоа вака во глобала
Намасте и позз до сите! Да Натали, тоа и го имам напишано во постов. И јас мислам дека Роуз и Бернард се Адам и Ева, ама сега-засега ништо не се знае со сигурност. А за Ники и Пауло НЕ БИ РЕКОЛ! - Sawyer^^ напиша:
- Сан/Џин епизодите секогаш ми биле помалку досадни,
ама оваа е некако поинтересна пошто ја раскажа нивната приказна „во кратки црти“. Најинтересно беше пронаоѓањето на Адам и Ева. Не верувам дека е можно тоа да испаднат Џек и Кејт, ама имаше два големи хинта за тоа. Прво Харли на шега му рече на Џек нешто како: „Ти сакаш да останеш со Кејт во пештерите, а?“ па Кејт подоцна рече „Не сакам да бидам Ева“. Мене, сепак, поверојатно ми е да испаднат Роуз и Бернард, па ќе видиме... Друго поважно за епизодава немаше, интересни беа сцените со Чарли и Лок, тепачката на Мајкл и Џин ја бев подзаборавил, па сега се потсетив и на тоа... И морам да кажам, музичките краеви беа одлични. Мислиш дека тоа беа хинтови за Адам и Ева?? Јас мислам дека тоа буквално беше банана од страна на сценаристите кои ни пренесоа преку зборовите на Кејт дека таа нема да биде Ева во никој случај! Иначе како што реков веќе погоре, се согласувам со теоријата за Роуз и Бернард. =)) Музичките краеви се дефинитивно најзакон, штета што повеќе ги нема... | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Чет Jул 02, 2009 10:58 am | |
| Eпизодава е некако најслаба од досегашните 6 епизоди. Да класика е...но не обработува ликови кои и се интересни на публиката, па не ни може да обработи интересна приказна... Сепак како што кажа потребни се ваквите сетап епизоди...Во епизодава иако немаше многу добри моменти сепак тие што беа, беа супер изработени. Тука вреди да се спомне: Тепачката меѓу Џин и Мајкл и причината поради која Џин го нападна Мајкл>единствена работа што ме остави до крај да ја догледам епизодава; Дознаваме дека Сан збори англиски>Многу интересна ситуација барем за мене бидејќи ни на крај памет не ми помислуваше дека сан може да збори англиски; Лок>Чарли разговорите беа одлични...За мене најинтересен момент во епизодава; Адам и Ева... А да тие костури Ете една мистерија се провлекува низ сите 5 сезони а сеуште не е откриена, се надеваме во 6 ќе добиеме одговор; И се разбира делбата на групата која воопшто не му одговара на Саид> за мене ова беше непотребно избацување на Џек, но нели ако не се случеше ова ништо немаше да биде како сега што е... За разлика од претходната епизода кога ја забележав тетоважата на Чарли(Live is easy with eyes closed) сега ништо не забележав освен тоа дека Лок знаеше каде е гитарата но не му покажуваше на Чарли додека не беше сигурен дека ќе се одрече од дрогата...Интересен момент беа и пчелите...мене баш ми се допадна таа сцена... Кои се Адам и Ева? -Еднаш кажав... Мислам дека тоа се Роус и Бернард...тајм травел луѓеее... поздрав | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Пет Jул 03, 2009 4:47 am | |
| Епа тотално се согласувам со се што си опфатил, еве ти петка за одлично сработената работа. =))) | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) Вто Jул 07, 2009 5:41 pm | |
| И доаѓаме до општ заклучок дека всушност според Македонските Изгубени Фанови, Адам и Ева се Бернард и Роуз Намасте | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: House of the Rising Sun (1x06) | |
| |
| | | | House of the Rising Sun (1x06) | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|