Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Solitary (1x09)

Go down 
4 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeЧет Јун 25, 2009 11:14 pm

Solitary (на македонски: „Осамен“) е деветтата епизода од LOST, премирено прикажана во САД на 17 ноември 2004тата година. Ова е првата Саид-центрична епизода која на некој начин ни ја објаснува причината за неговото бегство од плажата, откривајќи ни што точно правел тој во редовите на Републиканската гарда.
Solitary (1x09) Normal_solitary472
Што ми се допадна?
Епизодава не „предупредува“ за двете големи мистерии кои ќе се влечат во наредните неколку сезони и кои што на некој начин се тесно поврзани помеѓу себе: шепотењата и Другите како мистериозна група на луѓе која го населува Островот. И не само тоа. На сосема неочекуван начин дознаваме која е Француската жена чиј глас го слушнавме на повикот за помош во вториот дел од Пилотот... Навистина, ако некогаш некој направи дефиниција за Изгубени, примерот би бил оваа епизода. По некој одговор, и плус 2-3 додатни мистерии. КЛАСИКА, како и секоја епизода од првата сезона досега (освен HOTRS)! alien

Што забележав?
Забележав неколку работи кои веднаш ги споделувам со вас:
- можеби сум само јас, ама мислам дека Волт откако виде оти Лок се дружи со Итан, се штрекна за момент. Можеби токму затоа тој и сакаше да оди на лов со него, за да му ја довери вистината (која на некој начин ја знае???).
- на крајот од епизодата, пред да ги слушнеме шепотењата, се слуша Чудовиштето во џунглата. Дали е ова поврзано некако?!
- се чини дека или Русо потполно полудела, или не сака да го прифати фактот поради кој нејзината пријателка Надин (ја видовме заедно со остатокот од тимот во "This Place is Death") леташе низ џунглата (секако дека зборам за Чудовиштето). Едноставно не можам да сфатам зошто Даниел кажа дека „не постојат Чудовишта“!?

Моменти за паметење:
- Харли го прави првиот Островски „турнир“ за голф. Smile
- првото сознание за шепотењата и Другите.
- флешбек приказната на Саид која ни открива дека и покрај се’, тој е херој на еден поинаков начин!
- појавата на кабелот која ќе биде од големо значење при крајот на третата сезона.
- првиот настап на (тогаш) мистериозната Русо, чија приказна ќе ни биде објаснета цели четири сезони подоцна!

Интересни факти:
- епизодата во која дознаваме дека можеби постојат Други луѓе на Островот, е всушност и првата во која го гледаме Итан!
- Дејвид Фјури во интервју за Lostpedia изјавил дека имало избришана сцена во која Русо му одговорила на Саид за тоа што нејзиниот тим истражувал. Нејзиниот одговор, верувале Вие или не, бил „ВРЕМЕ“, но телевизијата ABC во текот на првата сезона ги одбегнувала научно-фантастичните елементи и за таа цел ја забранила оваа сцена.
- Solitary требало да биде десеттата, а не деветтата епизода од серијата, но во последен миг и бил сменет редоследот со Raised by Another...
- Русо знае да збори на барем пет јазици (бидејќи на англиски, шпански, германски, италијански и француски го праша Саид „каде е Алекс?“), а дополнително знаеше да го прочита и неговото име кое било напишано на Арабски јазик.

Цитати:
[Hurley has laid out a golf course.]
Hurley
: Welcome to the first and... hopefully last Island Open! It's two holes, for now, three par, and no waiting!
Jack
: Hurley, you built... a golf course?
Hurley
: Rich idiots fly to tropical islands all the time to whack balls around!
Michael
: [incredulous] All the stuff we gotta deal with, man... this is what you've been wasting your time on?"
Hurley
: Dudes... listen. Our lives suck! Everyone's nerves are stretched to the max! We're lost on an island, running from boars and monsters... freakin' polar bears!
Michael
: Polar bears?
Charlie
: You didn't hear about the polar bear?
-----
Sawyer: A doctor playing golf. Whoo, boy howdy! Now I've heard everything. What's next? A cop eating a doughnut?
-----
Sayid: You'll find me in the next life, if not in this one.
Rousseau
: What?
Sayid
: The writing on the back of Nadia's photograph.
-----
Sayid:
I'm a survivor of a plane crash. I found the wire on the beach. I followed it. I thought it might have something to do with. . . a transmission we picked up on a receiver. . . a recording — a mayday with a French woman repeating on a loop for sixteen years.
Rousseau: Sixteen years. Has it really been that long?
-----
Jack: This is bad.
Michael
: Yeah. I mean, I know what I would do, but... this has gotta be your call.
Jack
: All right... give me the 7 iron.

Прашања за дискусија:
- Што се шепотењата?
- Дали е Чудовиштето поврзано со нив?
- Кој ви е омилен момент од епизодава?
- Дали забележавте нешто за кое сметате дека ќе биде од голема важност во иднина??


Последната промена е направена од Losteech на Саб Јун 27, 2009 4:10 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeСаб Јун 27, 2009 3:44 am

На претходните ривочи на оваа епизода и давав помал рејтинг одошто сега мислам дека заслужува.. и тоа најмногу заради не-толку-добриот флешбек.. океј знаевме дека Саид бил торч’р’р и шо сеа--видовме дека стварно бил =) малце поише приказната се задржува на Надја (никако не сфатив како се уклопува у целава серија), ама шо да праиш.. сепак (под)просечна ФБ приказна..

АМА он-ајланд елементите се стварно ЗАКОН! па уствари сеа ни кажува дека има и други луѓе на Островот.. плус се појавува и Итан (да, и мене ми беше чуден Волт во таа сцена, ама сепак мислам дека не е намерно стаено).. а ги слушаме и Шепотењата!!! добро позната теорија (на странскиве форуми) е дека уствари шепотењата се гласови на „нашиве изгубенковци“ кои патуваат низ времето, па не се тие тука во целост, него само делови од гласови кои ги слушаме како шепотења.. а мојата стара, добро-позната теорија (НЕ, не, ве молам продолжете со читање =))) ) е дека уствари шепотењата се гласови на Другите кои се во Подземните Тунели (да, да, ги спомнав) и кои на некој начин ги набљудуваат „нашиве“.. и како одговор на второто прашање, мислам дека Чудовиштето не е поврзано со нив. Исто тука дознаваме и за Black Rock (т.е. официјално за прв пат е спомнат, покрај непреведениот дел од трансмицијата во Пилотот).. а и доста делови од приказната на Русо (кои според мене, истите ни се само графички прикажани во епизодата од 5тата сезона)

Омилен момент (т.е. поише) ми се сцените од кога Саид ќе го најде кабелот на плажата, дур не и избега на Русо (он-ајланд елементите).

*не знаев за избришана сцена со „време“.. интересно..
*„Solitary требало да биде осмата, а не деветтата епизода од серијата, но во последен миг и бил сменет редоследот со Raised by Another...“ е ова го знаев.. и баш внимателно ја следев оваа епизода (и на крај ѕирнав делчиња од наредната).. и имаше делови кои го потвдруваат ова:
-наредната епизода (наместо оваа) почнува со Previously on Lost кога Саид си оди; а во оваа Кејт вика поминаа ДВА дена откога Саид замина (а на почеток на серијава секоја епизода претставуваше по еден ден)
ама исто така тие C-story („небитната“ приказна) не се поклапаа.. како може (ако претпоставиме дека оваа епизода би била ПОСЛЕ рејзд бај анадр) прво Харли да ги прашува сите за имињата, да сфати дека Итан Ром не бил на авионот(според манифестот), а ПОСЛЕ Харли да си праи терен за голф и Чарли да биде таму и да си игра.. малце нема смисла..

и пак ќе искоментирам дека ептен го тапат со љубовниот (сега за сега) триаголник.. ај да има некои сцени, ама и тројцава ко тинејџери да зборат за тоа.. малце не е на ниво на Изгубени, ама сепак има доста смешни моменти у тие сцени, па проаѓаат (и плус тоа беше целта на прва сезона--да не зарази, за после оние кои не гледаат sci-fi да уживаат во time travel)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeСаб Јун 27, 2009 3:48 am

сеа го читам пак тоа со мењањето на редоследот на епизодите..
тебе ти пишува дека трабала да биде ОСМА место ДЕВЕТТА.. не е пологично да требала да биде ДЕСЕТТА наместо ДЕВЕТТА?!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeСаб Јун 27, 2009 4:24 am

Steff напиша:
сеа го читам пак тоа со мењањето на редоследот на епизодите..
тебе ти пишува дека трабала да биде ОСМА место ДЕВЕТТА.. не е пологично да требала да биде ДЕСЕТТА наместо ДЕВЕТТА?!
Точно така, сега поправив...фала за исправката. Laughing

Се согласувам со тебе за љубовниов триаголник и за Надја (која на мене ми беше еден од понеомилените ликови во смисла на заинтересираност и за која сметам дека беше искористена само за Саид да стане тоа што е/беше до финалево на петтава сезона откако умре).

Во поглед на епизодава, заслужува солидна седумка, повторно ми фалеше нешто повеќе акција, иако првиот пат кога ја гледав бев шокиран од крајот (со шепотењата) толку многу што едвај заспав вечерта. Shocked Laughing Флешбекот е прилично досаден, имаш право и за тоа.

Бај д уеј, морам да lol!нам за овие твои подземни тунели! =)))
Мислам дека ќе мора да се напише пост за нив на блогов, и да ги истражиме малце повеќе изгледа ќе бидат важни во теков на иднава и последна сезона..и плус на крајот твојава теорија има шанса дури и да испадне точна иако не верувам баш. scratch

Иначе и јас по четвртата епизода од петкава (кога Соер гледаше како Клер се пораѓа со Кејт) си помислив дека шепотењата се „создадени“ од мислите или подсвеста на преживеаните кои всушност се слушаат самите себеси од иднината или нешто така слично, ама по Dead is Dead веќе не верувам во таа теорија. Бен беше многу јасен кога и кажа на Русо да бега кога ќе слушне шепотења ако сака Алекс да живее. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeПет Jул 03, 2009 6:50 pm

Уште една извонредна епизода од првата сезона, скоро целата ми беше врежана во сеќавање, ама малку се потсетив со ривочов. Првпат кога ја гледав бев одушевен од сите мистерии што ги спомнаа за првпат: Русо, Црната карпа, шепотењата, Другите.... Ама сега, кога ни ја прикажаа приказната на Русо во петтата сезона, две работи не ми се вклопуваат: прво, нејзиниот коментар за Чудовиштето, дека не постои. А, знаеме сега дека лично го виде. Таа или е толку излудена што веќе не памти што е вистина, а што не, или едноставно не го смета црниот чад за Чудовиште. Втора работа, Русо му кажа на Саид дека никогаш не ги видела Другите, туку само ги слушнала. Ни ова не може да е точно, зашто ги виде Бен и Итан кога ја грабнаа Алекс, а и сигурно би помислила дека и Џин е од Другите. Кога сум веќе кај тоа, памти ли некој дали Русо и Џин се сретнаа во првите четири сезони? Shocked За останатото, интересно е ова за научно-фантастичните елементи, не сум знаел. Ама, паметни се Дарлтон, ако веднаш почнеа со такви теми, пола фанови ќе се откажеа уште на стартот. Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeСаб Jул 04, 2009 5:17 am

Sawyer^^ напиша:
памти ли некој дали Русо и Џин се сретнаа во првите четири сезони? Shocked
И јас тоа се чудам, мислам дека се имаа сретнато двајцата, ама изгледа Русо се правела (или БИЛА) мрдната па не се сетила не него. Rolling Eyes

И во право си за двеве работи што не се совпаѓаат...ама мислам дека и тоа е исто така заради нејзината ментална состојба. Shocked
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeВто Jул 07, 2009 5:58 pm

И ај да не се повторувам јас што ми се допадна...кога се знае...Д Блек Рок, Русо и сето тоа околу неа, Кабелот, заминувањето на Саид(кое мислам дека ја погоди Кејт), шепотењата и друго.

Е сега за поважните прашања кои сте ги дискутирале.

За тоа што таа се изрази дека нема чудовишта на островот мислам дека се преправаше, зошто сепак таа го имаше видено. Друга теорија е дека та толку се полудела што цело време наместо Смоуки викаше дека тоа е болест. Или пак еднставно двајцата, и Русо и Саид(изгубените) имаат различни дефиниции за тоа ШТО Е СМОУКИ?

За ова со шепотењата...интересно е ова на Стефан дека се гласови на Изгунебите од иднината, но и јас сум сигурна дека гласовите се од Другите лично или пак некако направени(создадени) со цел да заплашуваат. Нешто слично како соник фенс оградата, така и овие, зошто нели Бен и рече дека ако слушни шепотења да бега, фактички со шепотењата таа е предупредена дека има Други во близина Smile

За ова со тунеливе,Стеф ти предлагам да ја оформиш теоријата добро и да отвориш една тема! Зошто твојава теорија стана легендарна, историска Smile

За Флешбекот, па добро не беше нешто нај нај, ама пак, дознавме каков човек е тој, дознавме за Надја(која ме нервира) а ќе ја влечкаат цели пет сезони.

Она со тимот на Русо и што тие истражуваат, е ептен ЗАКОН, ама акого внеселе тогаш ЛОСТ немаше да биде ЛОСТ кој што е на денешното ниво!

Толку!!!

Намасте Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeСре Jул 08, 2009 3:24 pm

LostyFox напиша:


За ова со шепотењата...интересно е ова на Стефан дека се гласови на Изгунебите од иднината, но и јас сум сигурна дека гласовите се од Другите лично или пак некако направени(создадени) со цел да заплашуваат. Нешто слично како соник фенс оградата, така и овие, зошто нели Бен и рече дека ако слушни шепотења да бега, фактички со шепотењата таа е предупредена дека има Други во близина Smile

Интересна теорија.... Којзнае може и тоа да е штосот Smile
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeЧет Jул 09, 2009 5:53 pm

LostyFox напиша:
За тоа што таа се изрази дека нема чудовишта на островот мислам дека се преправаше, зошто сепак таа го имаше видено. Друга теорија е дека та толку се полудела што цело време наместо Смоуки викаше дека тоа е болест. Или пак еднставно двајцата, и Русо и Саид(изгубените) имаат различни дефиниции за тоа ШТО Е СМОУКИ?
Па можно е, кога Роуз ја праша (мислам дека беше) Лок во Exodus „што беше тоа?“ мислејќи на Чудовиштето, таа кажа „одбранбениот систем“. Smile Всушност ова беа и последните зборови на нејзиниот маж пред да го убие...
Цитат :
За ова со тунеливе,Стеф ти предлагам да ја оформиш теоријата добро и да отвориш една тема! Зошто твојава теорија стана легендарна, историска Smile
Се согласувам. =)))
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitimeПет Jул 10, 2009 12:42 pm

Mило ми е што и ти Лостич и Соер се согласувате со мене (моите теории) Smile Wink

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sponsored content





Solitary (1x09) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Solitary (1x09)   Solitary (1x09) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Solitary (1x09)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: