Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) | |
| | Автор | Порака |
---|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Сре Jул 01, 2009 1:03 am | |
| All the Best Cowboys Have Daddy Issues (на македонски: Сите најдобри каубои имаат проблеми со татковците) е единаесеттата епизода од Изгубени и втората (или ако го сметаме и Пилотот - третата) Џек-центрична епизода од серијата. Што ми се допадна?Епизодава и покрај тоа што по неколку епизоди ќе сфатиме дека е само сетап, нуди многу незаборавни настани без кои првата сезона воопшто и нема да беше тоа што е во моментов! Секако, мислам на откривањето на окното, но и на конечната потврда дека ТИЕ навистина постојат (Charlie: All THEY wanted was her...Claire). Едно нешто забележав: ова е една од малкуте епизоди кои во теков на ривочов ги гледам по вторпат, а чувството е исто како да ги гледам за првпат! Такви досега беа Tabula Rasa и Raised by Another. Што да се каже освен...ова е вистинскиот LOST!!! Што забележав?
Само едно нешто: - Чарли вели дека се што ТИЕ сакале била Клер! Верувам дека ова е официјална потврда дека повеќе Други му помогнале на Итан во грабнувањето на нив двајца. Патем, нереално би било такво нешто да не се случело...сепак Итан можеби го познава Островот подобро од било кој друг преживеан - но не е дека е Чак Норис за да успее да ги киднапира толку лесно и Чарли и Клер! Како и да е, едно нешто останува мистерија и по толку многу сезони: Лок вели дека е невозможно некој да шета низ џунглата без да остави трага, а Другите...очигледно тоа го можат?! Моменти за паметење:
- Џек одлучува да оди по патот на правдата и покрај тоа што знае какви се’ последици ќе се случат доколку потврди оти неговиот татко под дејство на алкохол несакајќи убил бремена пациентка... - Бун, Лок, Кејт и Џек започнуваат да ја следат трагата на Итан. - Итан го нокаутира Џек и го предупредува дека ако продолжи да го следи и понатаму ќе убие еден од двајцата киднапирани (Чарли и Клер). - Џек го спасува Чарли...или можеби Островот го сторил тоа за него?! - окното е пронајдено од страна на Џон и Бун. Интересни факти:
- Бун ги спомнува карактерите познати како „црвени маички“ (redshirts) од Star Trek за првпат пред Лок. Иронично, тој ќе заврши на ист начин како нив. - како што веќе спомнав, ова е првата, втора-центрична епизода посветена на некој карактер. - во 2006тата година, рок групата Senses Fail именувала песна во нивниот дебитен албум инспирирана од истава епизода, која се викa "Still Searching". - кога Џек се обидува да го оживее Чарли, го удира цели 23 пати во градниот кош, а откако Кејт ќе го смири, го удира уште 9 пати по што тој конечно добива свест... Цитати:Ethan: If you do not stop following me, I will kill one of them. Do you understand? Walt: (After Winning Backgammon) You owe me twenty thousand dollars! Hurley: Don't worry, you'll get it. ----- Sawyer: Well, well, well. I don't know if you Islams got a concept of karma, but I get the sense this island just served you up a heaping platter of cosmic payback. Sayid: What do you want? Sawyer: Dr. Do-Right doesn't trust me with his antibiotics so I gotta hump it up here every day to get my meds. You know, a less magnanimous man than I might just be thinking he could beat the ever-living snot out of you right now without fear of reprisal. Sayid: You want a shot, take it. But know that I left this camp out of shame for what I did to you. It was never my intention to return. Sawyer: Sorry, fresh out of sweet forgiveness. If it wasn't your intention to return, then why did you? ----- Sawyer: So, a tribe of evil natives planted a ringer in the camp to kidnap a pregnant girl and a reject from VH-1 has-beens. Yeah, fiendishly clever. And why am I getting the evening news from a six-year-old? Walt: I'm ten. Sawyer: Okay, then it must be true. ----- Boone: Red shirt. You ever watch Star Trek? Locke: No, not really. Boone: The crew guys that would go down to the planet with the main guys, the captain and the guy with the pointy ears, they always wore red shirts and they always got killed. Locke: Yeah? Boone: Yeah. Locke: Sounds like a piss poor captain. Прашања за дискусија:- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Кога би ја оцениле што оцена би и дале?! - дали забележавте нешто необично? | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Сре Jул 01, 2009 4:07 am | |
| пааа.. порано оваа епизода ми беше меѓу топ 5 од првава сезона.. а сега ќе размислам..
и давав толку голем рејтинг зашо во оваа епизода се случува една од трите мои најомилени сцени од оваа сезона--сцената кога Џек го реанимира Чарли.. (другите ќе ги кажам коа ќе им дојде време.. да не речам при крајот на сезонава).. кога прв пат ја глеав епизодата мислев дека Чарли стварно умира.. и ме погоди емоционално (ваљда затоа ја памтам) зашо тоа ќе беше првата смрт на некој од ликовите со кои детално се запознавме..
друго шо да кажам.. интересни се „сетап“ сцените: -спомнувањето (пак) на Другите -пронаоѓањето на Хечот (стварно уште на почеток знаеле шо праат)
интересна работа што ја забележав: ДОЖДОТ!! (ја мислам дека у скоро време, ако пак заврне кај нас, треба да напраиш пост за дождот во Lost, мора да има значење зашто врне во доста од битните сцени.. а и Дарлтон во еден подкаст збореа за ова ако не се лажам..) како Лок знаеше дека ќе врне?? како што рече Бун, сигурно не го научил тоа во компанијата за кутии!
ако ми текне уше нешто, ќе пишам =) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| | | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Сре Jул 01, 2009 9:56 pm | |
| епа (за жал) заврна! ај да напишеш пост сега =)) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Пет Jул 03, 2009 4:48 am | |
| | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Сре Jул 08, 2009 3:35 pm | |
| Интересни беа сите настани на Островот, пред се потрагата по Клер и Чарли, а и плус незаборавни се сцените со оживувањето на Чарли и моментот кога го најдоа хечот... Веќе започна заплетот во првата сезона. Заради ваквите сетап епизоди, како и да е, сите гледаме LOST и дебатираме толку години... Првата сезона со сите мистерии стварно е незаменлива. Друго за епизодава, сигурное дека Итан не беше сам, Лок веројатно ја познаваше природата, па го предвиде дождот, флешбекот и не беше којзнае колку интересен.... И тоа ми текнува сега за сега... | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Пет Jул 10, 2009 1:03 pm | |
| Џек центрична епизода. Одлична епизода. Пред се интересен флешбек. И покрај се Џек реши да го предаде татко му и да постапи правилно. Одовде веќе почнува приказната каде тие се скарани и Кристијан оди во Австралија, ако не се лажам. Инаку интересни моменти: Незаборавната сцена каде се обидува да го спаси Чарли...мислам дека за тоа имавме хинт од флешбекот, дека не смее да запре како што направи на операцијата, кога татко муму рече да го прогласи пациентот за мртов( нели Џек непрекинато го реанимираше, исто како и со Чарли). Кристијан е вистински кретен. Незнам воопшто дали тој има нешто добро направено во серијава. И додека се двоумев за Бен дали е лош или добар, сега се двоумам за Џепард постариот и заклучувам дека е најголемиот негативец во серијава. Џејт моменти повторно. Направени му се толку добро. Вклопени еден во друг. Посебно она каде Џек пак е тврдоглав и не го слуша Лок па заминува со Кејт да го бара Чарли. Џејт момент: Имаме два трагачи(Кејт и Лок). Џек малку ја зезна кога и рече на Кејт дека малку искреност би помогнала и кога таа почна нели да му кажува за таткои. Не требаше да му каже ништо, зошто кога таа сакаше да му каже, ѕжтој и рече не е битно кој сме биле, сега сите почнуваме одново (нов живот). Бун иако ме нервира, одглуми одлични сцени со маестралниот Џон Лок. Интересно беше тоа со дождот и репликата на Бун, дали го научиле да предвидува време во фабриката за кутии, а и она беше добро кога не му се веруваше што работа имал Лок во "вистинскиот живот". Добро беше и она со Д РЕД ШРТС и Лок кога го прашаа и тој вика М? (немаше врска што го прашуваат) Итан! Итан дефинитивно не беше сам. Ова се само хинтови или сетап епизода која и те како не предупредеува каква работа ќе си имаат Изгубените и со кого. Значи очигледно е дека со Итан имало други, едно поради тоа што еден човек колку и да е спремен и да ја познава џунглата не може да киднапира двајца, а второ и заклучокот на Лок за трагите. Џек јадеше ќотеќ. Хм...? Од Итан! Малку нереално беше тоа, ама ајде. Сценава со тепачкава ме потсети на финалето на четврта сезона кога Саид го претепа Кими. Мислам...безврска,ама ајде Намасте | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Саб Jул 11, 2009 9:04 pm | |
| Ќе ви одговорам само на работите со кои што не се согласувам со вас... =))) @Соер: - Не знам зошто флешбекот не ти се допаднал, ама јас сметам дека ако некој флешбек на Џек беше закон во првата сезона - тоа беше дефинитивно ОВОЈ... @Натали: - Мислам дека Итан беше нормално да го истепа Џек откако овој се лизна од дождливото време. И ретардиран би успеал во таква кондиција да победи во битка. И П.С. Како бе те нервира Бун!? | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Саб Jул 11, 2009 11:01 pm | |
| Епа така ме нервира, ко некое педерче туку ми се мавта низ серијана Ццц...на олку големи ривочерски коментари ти одговараш телеграфски... БРАВО! Намасте | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Нед Jул 12, 2009 6:02 pm | |
| - Losteech напиша:
- Ќе ви одговорам само на работите со кои што не се согласувам со вас... =)))
@Соер: - Не знам зошто флешбекот не ти се допаднал, ама јас сметам дека ако некој флешбек на Џек беше закон во првата сезона - тоа беше дефинитивно ОВОЈ...
Не знам, може зашто немаше некој посебен WTF момент. А и Џек општо и нема којзнае колку интересни флешбеци, во споредба со други карактери како Лок или Дезмонд. | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| | | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Пон Jул 13, 2009 4:23 am | |
| | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Пон Jул 13, 2009 2:26 pm | |
| Добро јас од секогаш велам дека иако Џек ми е омилен, Лок според мене ја има најинтересната приказна, најемотивна,трагична,безвезна...онака булшит живот Намасте | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Пон Jул 13, 2009 4:16 pm | |
| - Sawyer^^ напиша:
- Не знам, може зашто немаше некој посебен WTF момент. А и Џек општо и нема којзнае колку интересни флешбеци, во споредба со други карактери како Лок или Дезмонд.
Во право си за ова, колку и да сум фан на Џек, мора да се признае дека неговите флешбек приказни беа по малку и досадни. | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) Пон Jул 13, 2009 7:28 pm | |
| Ех сега и ти досадни, не беа досадни убави беа, неколку ептен ги утнаа како онаа со странец во странство Намасте | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) | |
| |
| | | | All the Best Cowboys Have Daddy Issues (1x11) | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|