Whatever the Case May Be (на македонски: „Што и да е случајот“/„Што и да се наоѓа во куферот“) е втората Кејт-центрична епизода по Tabula Rasa и воопшто во серијата. Премиерно беше прикажана на петти јануари 2005тата година.
Што ми се допадна?Ова е една од најмирните епизоди кои досега сме имале можност да ги погледнеме во Изгубени. Но, и покрај овој факт, Whatever the Case May Be е сосема солидна епизода, која многу лесно може да им се допадне и на „обичните“ гледачи на телевизијата. Патем речено, ако се ставиме во улога на нов фан, мислам дека епизодава можеби и би ни изгледала како една од најинтересните на прв поглед...бидејќи на почетокот, малкумина од нас сфаќаа дека серијата ќе стигне до ова ниво на кое што е сега! Воедно, тоа е и нештото по кое ќе ја помине премиернава сезона...
Што забележав?
Три нешта за денеска:
1) Саид спомнува дека тоа што се случува со плимата на Островот не е нормално. Верувам дека веќе погодувате оти ова е и официјално првиот знак од сценаристите дека ВРЕМЕТО на Островот е малку...„мрднато“!
2) Епизодава ја објаснува и т.н. „мистерија“ во однос на прашањето зошто Џек се наоѓаше толку далеку од другите преживеани кога падна авионот, освен ако труповите во езерото евентуално не им припаѓале на оние од летот 316 (што не верувам дека е баш возможно).
3) Роуз вели дека „едноставно знае“ оти нејзиниот маж, Бернард, е жив. Дали Роуз го мисли тоа навистина, или само верува?! Останува да дознаеме во иднава сезона!!!
Моменти за паметење:
- флешбек WTF моментот, кога дознаваме дека Кејт е всушност главниот виновник за пеколот кој се случува во банката...
- сцената во која Џек ги покажува „забите“ пред Соер.
- Кејт и Соер ги пронаоѓаат непознатите трупови за време на нивната „забава“ во езерото.
- Конечното откритие за тоа што се наоѓа во куферот! Цела епизода потрошена на само едно авионче.
Интересни факти:
- насловот на епизодата е игра со зборови и може да се сфати на два различни начини - „Што и да е случајот“ - ако се однесува на грабежот на банката, и „Што и да се наоѓа во куферот“ - ако се однесува на самиот куфер за кој, како што веќе заклучив(ме) беше потрошена целата епизода.
- во епизодава за првпат се „запознаваме“ со вториот камп на преживеаните.
- Whatever the Case May Be е најгледаната епизода од првата сезона со 21.59 милиони гледачи и како резултат на ова претставува единствената епизода од сите досегашни пет сезони која не е премиера, а е најгледана од сите епизоди во својата сезона...
-
La Mer е песна од францускиот саундтрак за "
Finding Nemo" (Барајќи го Немо), цртанот кој детето на Филип, Лорен од Франција - го гледал постојано.
Цитати:
Sayid:
[on deciphering Rousseau's notes] Some things weren't meant to be translated.
Jack: Oh yeah? Why don't you tell that to him?
[points to a deeply morose Charlie]-----
[Shannon's limited command of French is not up to translating Rousseau's notes.]
Sayid: This was a mistake.
Shannon: Yeah. Haven't you heard? I'm completely useless.
-----
Sawyer:
[handing over suitcase] Hope you got yourselves some jaws of life back in cave town. That's what it's gonna take to pop this bitch.
Sawyer: I was protecting you!
Kate: From what? Southern perverts?
-----
Michael: You're wasting your time, man. If you pick the lock on a Halliburton, I'll put you on my back and fly us to L.A.
Sawyer: You better find yourself a runway, Daddy. 'Cause there ain't a lock I can't pick.
-----
Sawyer:
[mocking Kate, in a caveman grunt] Me Kate. Me throw rock.
Прашања за дискусија:- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?
Мој рејтинг:Приказна (на Островот): 6
Митологија: 5
Флешбек/Флешфорвард: 8
Оцена: 6.30П.С. Отсега ќе го практикувам ова со рејтингов, а Ви препорачувам и на Вас со цел да знаете колку одредени епизоди од минатото биле важни, или спротивно...