Hearts and Minds (на македонски: „Љубов и разум“) е првата и, за жал, последна Бун-центрична епизода од Изгубени, премиерно прикажана на 12 јануари 2005тата година.
Што ми се допадна?
Интересно, ова е втората епизода во низа која нуди приказна прифатлива и за најголемите фанови на Изгубени, но и за оние на кои повеќе им е гајле да ја видат Шенон во бикини. Флешбекот е доста интересен на свој начин и слично како и минатиот (на Кејт) и овој ни нуди некои незаборавни WTF моменти, секако земено по стандардите на флешбек приказните (првиот е сознанието дека Шенон го измамува Бун, вториот дек Бун ја сака Шенон, а третиот е кога дознаваме дека двајцата всушност имале секс пред полетувањето на летот 815). За да биде уште посмешна ситуацијава со епизодава, ако започнам да ја раскажувам истата, ќе се запрашаме дали била епизода од Очајни домаќинки или од Изгубени!? Но, балансот е сепак добро одржан со додавањето на неколку научно-фантастични елементи кои според мене ја воздигнуваат "Hearts and Minds" на едно повисоко ниво.
Што забележав?
Не знам колку е валиден „сонот“, или привидението, како и да е -- кој Бун го доживеа, ама дефинитивно Чудовиштето овојпат не се појави од некоја дупка туку „изникна“ од земја!!!
Покрај ова, дали може да се смета дека истиот сон го открива и планот на Чудовиштето (овојпат контролирано од човекот во црно), Шенон подоцна да биде убиена од некого (во случајов испадна Ана Лусија) или можеби премногу претерав овојпат??! Во секој случај, Волт и се појави многу пати на Шенон, а последниот пат се чини дека дури и постави некаков вид на „мамка“ за да биде застрелана од Ана, така што сите опции се отворени...
А, и патем, интересно е што сценаристите се гледа оти ја планирале аномалијата со Лебедот уште во првата сезона!!!
Моменти за паметење:
- привидението/сонот на Бун кое на крајот испаѓа дека било предизвикано од нештото кое Лок ќе му го стави на главата...
- обидот на Харли да фати риба и неговите монолози со Џин.
- измамата на Шенон и „искористувањето“ на Бун пред полетувањето на летот 815...
Интересни факти:- додека Бун го пријавува дечкото на Шенон за насилство, можеме да го видиме Соер во полициската станица. Подоцна, во Exodus, дел први повторно ќе ни биде прикажана оваа сцена, но од перспективата на Соер.
- сите сцени со компасот оригинално не требале да бидат вклучени во епизодава, но бидејќи продуцентите сфатиле дека без нив епизодата ќе биде кратка - ги вметнале...
- 24тиот ден кој се обработува во епизодава повторно ќе го видиме во Expose кога Ники и Пауло ќе ја пронајдат DHARMA станицата „Бисер“, како и авионот во кој умрел братот на Еко.
Цитати:
Jack: How're you doing?
Charlie: How am I doing? With week two of heroin withdrawal? Or how am I doing with Claire being abducted by the freak who tried to kill me?
Jack: I gave you aspirin for the heroin withdrawal.
-----
Locke: Hi.
Sayid: I didn't hear you.
Locke: Sorry. I'm sneakier than I give myself credit for.
-----
Hurley:
[to Jin] Are you sure you don't speak English? There's a rumor that you do... Your wife's
hot!
(Jin looks, bewildered)
-----
Jack: What do you think his story is?
Charlie: Who, Locke? Guy's a freak of nature. Highly disturbed. Chances are he probably killed all his mates at the post office the day his mum forgot to put a cookie in this lunch tin. That was my first impression anyway. Then he saved my life.
Jack: Then you trust him?
Charlie: Trust him? No offense, mate, but if there was one person on this island that I would put my absolute faith in to save us all, it would be John Locke.
Прашања за дискусија:- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?
Мој рејтинг:Приказна (на Островот): 7
Митологија: 7
Флешбек: 8
Оцена: 7.30