Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Homecoming (1x15)

Go down 
4 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Homecoming (1x15) Empty
ПишувањеПредмет: Homecoming (1x15)   Homecoming (1x15) I_icon_minitimeСаб Jул 11, 2009 2:18 am

Homecoming (на македонски: „Повторно дома“) е петнаесеттата епизода од првата сезона и втората Чарли-центрична од серијата.
Homecoming (1x15) 1X15-CharlieIsland
Што ми се допадна?
Кога видов која епизода следува по "Special" на Re-Watch-ов имав лошо чувство дека воопшто нема да ми се допадне. Многу веројатно е тоа да е причината поради која бев (уште еднаш) позитивно изненаден од уште една епизода од првата сезона. Но, истовремено, сфатив и зошто епизодава првиот пат кога сум ја гледал не ми се допаднала баш најмногу. Едноставно е - бидејќи ова е првата поголема мистерија која е „на дофат“, но не ни е одговорена!!! Не знам за вас, но со убиството на Итан од страна на Чарли имам впечаток дека на тој начин сценаристите ни го покажале средниот прст... Како и да е, епизодата ги враќа уште еднаш хорор-елементите во LOST (кои по пет сезони веќе и ги нема!) како и возбудата која ниту еден фан не би можел да ја игнорира.

Што забележав?
Ништо посебно. Само сакав да укажам на фактот дека уште еднаш сценаристите ни навестуваат нешто за кое нема да дознаеме се’ до средината на втората сезона. Мислам на оној дел во кој Џин ја прашува Сан дали бебето на Клер е добро. Внимателно забележете го изразот на нивните лица... Ете затоа, драги мои форумџии, Lost е сеуште најдобрата серија во светот! Very Happy

Моменти за паметење:
- мистериозната смрт на Скот, од разбеснетиот Итан.
- преживеаните го заробуваат Итан; Чарли се одмаздува за киднапирањето на Клер и го убива оставајќи ги своите пријатели на Островот (а и нас) без одговори.
- дознаваме дека Клер не се сеќава на ништо. Ете уште една причина поради која сум ја замрзел епизодава. Shocked
- флешбекот кој ја открива и лошата страна на Чарли...

Интересни факти:
- ова е првата епизода по "White Rabbit" во која сите главни ликови учевствуваат (тука е вклучен и „Претходно во Изгубени“ делот во кој исто така ги гледаме Мајкл и Волт и покрај тоа што тие не се дел од епизодава самата епизода)

Цитати:
Sawyer: Looks like ol' Steve drew the short straw.
Hurley
: Dude, that was Scott.
-----
Claire: I remember peanut butter. Why do I remember peanut butter?
Charlie
: It was imaginary peanut butter, actually.
-----
Charlie: You boys talk about Claire all you want. I'm actually going to go spend some time with her. I get the impression she might still be a tad upset.
-----
Jack: Do you know how to use a gun?
Sawyer
: Well, there's one polar bear that seems to think so.
-----
Sawyer: Winner by a knockout. Nice one, Doc. Now maybe somebody can tell me who or what this son of a bitch is. Unh-unh-unh, Jungle Boy. Not even for one second.

Прашања за дискусија:
- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?

Мој рејтинг:
Приказна (на Островот): 8.5
Митологија: 6
Флешбек: 8

Оцена: 7.5
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

Homecoming (1x15) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Homecoming (1x15)   Homecoming (1x15) I_icon_minitimeСаб Jул 11, 2009 3:12 pm

епа добро..
акциона епизода..
без мн митологија.. просечен/слаб ФБ.. ама мн интересна приказна на Островот

од ривочерските ствари за забележување:
*исто и ја го приметив тоа со Џин и Сан и бебето
*коа зборат Џек и Чарли (16:45), Џек му се обраќа на Чарли со Харли =))
*а и да.. бројот на фотокопирот што го продава Чарли е С815!! со оглед на тоа што за три епизоди ни следува епизодата Намбрс, ваљда од сеа почнуваат изобилните Истер Егс со Броевите =)

толку за оваа епизода.. не глеам ништо интересно за дискутирање.. единствено можеби евентуалниот хинт дека Другите може кога сакаат да се појават каде сакаат на Островот и да не бидат приметени од каде доаѓаат (хммм.. не ве асоцира на Подземните Тунели?? =)))))) ) и исто дека може да се движат и по вода (хинт за бродот или за подморницата)

ова изглеа ќе ми биде последниот ривоч за овој месец..
од 13.07 до 22.07 одам во Бремен, Германија на International Mathematics Olympiad
(најверојатно) од 25.07 до 05.08 ќе одам на одмор во Турција
па ако иам време ќе ривочнам нешто измеѓу овие два термини, ако не па, се гледаме/читаме/ривочуваме во август =)

поздрав до сите
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Homecoming (1x15) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Homecoming (1x15)   Homecoming (1x15) I_icon_minitimeСаб Jул 11, 2009 6:37 pm

Еј мора олку да се брза со ривочов? не можам да стасам...ете искоментирав за 11и12 епизода...Sad

Намасте Wink
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Homecoming (1x15) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Homecoming (1x15)   Homecoming (1x15) I_icon_minitimeСаб Jул 11, 2009 8:57 pm

Steff напиша:
епа добро..
акциона епизода..
без мн митологија.. просечен/слаб ФБ.. ама мн интересна приказна на Островот
Мене па флешбекот баш ми се допадна, некако го долови вистинскиот карактер на Чарли: дека колку и да сака да биде лош, не може. Smile
Цитат :
*коа зборат Џек и Чарли (16:45), Џек му се обраќа на Чарли со Харли =))
*а и да.. бројот на фотокопирот што го продава Чарли е С815!! со оглед на тоа што за три епизоди ни следува епизодата Намбрс, ваљда од сеа почнуваат изобилните Истер Егс со Броевите =)
Не сум го забележал првиов момент, а вториов го приметив ама заборавив да напишам. Shocked
Цитат :
толку за оваа епизода.. не глеам ништо интересно за дискутирање.. единствено можеби евентуалниот хинт дека Другите може кога сакаат да се појават каде сакаат на Островот и да не бидат приметени од каде доаѓаат (хммм.. не ве асоцира на Подземните Тунели?? =)))))) ) и исто дека може да се движат и по вода (хинт за бродот или за подморницата)
Не гледам никаков хинт тука, а за тунеливе се’ што ќе ти кажам е --> lol!

Цитат :
ова изглеа ќе ми биде последниот ривоч за овој месец..
од 13.07 до 22.07 одам во Бремен, Германија на International Mathematics Olympiad
(најверојатно) од 25.07 до 05.08 ќе одам на одмор во Турција
па ако иам време ќе ривочнам нешто измеѓу овие два термини, ако не па, се гледаме/читаме/ривочуваме во август =)

поздрав до сите
Ајде убав пат, помин и резултат!!! Те чекаме во август. Wink

позз и до тебе
LostyFox напиша:
Еј мора олку да се брза со ривочов? не можам да стасам...ете искоментирав за 11и12 епизода...Sad
Да, бидејќи тоа е единствен начин да стигнеме до крајот на петтата сезона пред почетокот на последната. Shocked
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Homecoming (1x15) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Homecoming (1x15)   Homecoming (1x15) I_icon_minitimeЧет Jул 16, 2009 4:47 am

Еве, ја изгледав и оваа епизода. Добра островска приказна, прв пат кога ја гледав бев до крај возбуден што ќе се случи. Ќе ја памтам сигурно по убиството на Итан. Прва смрт во која уживав, искрено Twisted Evil После се што им направи, го заслужи тоа. Само, сценаристите многу вешто не држеа во неизвесност и не ни даваа никави откритија во првата сезона. Ама и заради тоа станавме зависници од серијава, нели? Wink Освен одличната акција и интересната приказна, не забележав нешто позначајно во епизодава. Го забележав инаку и јас она С815 со фотокопирот. Флешбекот, сепак, ми беше многу досаден. Не ми текнува како беше првпат кога ја гледав, ама сега едвај чекав да завршат тие сцени. Може по пет сезони, овие флешбеци кои не носат шокантни моменти ми изгледаат доста слаби. Единствено важна беше последната сцена, кога типката му рече на Чарли дека никогаш нема да се грижи за никого, а гледаме дека на Островот доста се измени, сега е заштитник на Клер.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Homecoming (1x15) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Homecoming (1x15)   Homecoming (1x15) I_icon_minitimeЧет Jул 16, 2009 3:25 pm

Sawyer^^ напиша:
Еве, ја изгледав и оваа епизода. Добра островска приказна, прв пат кога ја гледав бев до крај возбуден што ќе се случи. Ќе ја памтам сигурно по убиството на Итан. Прва смрт во која уживав, искрено Twisted Evil После се што им направи, го заслужи тоа. Само, сценаристите многу вешто не држеа во неизвесност и не ни даваа никави откритија во првата сезона. Ама и заради тоа станавме зависници од серијава, нели? Wink Освен одличната акција и интересната приказна, не забележав нешто позначајно во епизодава. Го забележав инаку и јас она С815 со фотокопирот. Флешбекот, сепак, ми беше многу досаден. Не ми текнува како беше првпат кога ја гледав, ама сега едвај чекав да завршат тие сцени. Може по пет сезони, овие флешбеци кои не носат шокантни моменти ми изгледаат доста слаби. Единствено важна беше последната сцена, кога типката му рече на Чарли дека никогаш нема да се грижи за никого, а гледаме дека на Островот доста се измени, сега е заштитник на Клер.
И јас првпат кога ја гледав епизодава уживав во смртта на Итан, ама од овој аспект (после цели пет сезони гледање LOST) дури и ми е жал. Итан испадна дека бил еден од подобрите Други, а веројатно настрада бидејќи претходно му направил нешто на Бен доволно за да го испровоцира да го испрати кај преживеаните...а што е тоа, не ми текнува да сме дознале. Како и да е. =))

Иначе, пак ќе кажам, не треба да се очекува нешто премногу од флешбеците, тие беа обично пополнување на епизодите од едноставна причина што сценаристите не ни знаеле до кога ќе треба да тераат со серијата. Сигурен сум дека ако можат да почнат од почеток би ги прикажале само поважни флешбеци, а повеќе би се посветиле на Островското дејствие. Wink
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Homecoming (1x15) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Homecoming (1x15)   Homecoming (1x15) I_icon_minitimeПет Jул 17, 2009 3:38 am

Од подобрите или не, Итан спрема Изгубените се однесуваше како ѓубре, па затоа ми е мило што го убија. Сепак, разбравме од мобизода мислам дека и тој има тажна приказна, дека жена му починала при пораѓање...
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Homecoming (1x15) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Homecoming (1x15)   Homecoming (1x15) I_icon_minitimeСаб Aвг 01, 2009 5:26 am

Sawyer^^ напиша:
Од подобрите или не, Итан спрема Изгубените се однесуваше како ѓубре, па затоа ми е мило што го убија. Сепак, разбравме од мобизода мислам дека и тој има тажна приказна, дека жена му починала при пораѓање...
Да, точно е, еве ја мобизодата:
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sponsored content





Homecoming (1x15) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Homecoming (1x15)   Homecoming (1x15) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Homecoming (1x15)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: