Outlaws (на македонски: „Криминалци“) е шеснаесеттата епизода од серијата која по вторпат (по одличната "
Confidence Man") ни прикажува сегменти од животот на Соер пред падот на авионот на Островот...
Што ми се допадна?
Оваа епизода, исто како и 95% од епизодите од првата сезона е прилично интересна за следење. Има солидна приказна на Островот, која можеби е споредна, но сепак, на одличен начин го доловува вистинскиот карактер на измамникот Соер. Да, повторно беше „утепана“ цела епизода за барање на тотално небитно нешто (во "Whatever the Case May Be" тоа беше куферот со авиончето на Кејт, а во епизодава - свињата која Џејмс ја бараше низ целиот остров), но ако ништо барем забавни беа сцените со Кејт и Соер! Ако за настаните на Островот можеме барем малку да се пожалиме, за флешбекот никако не смееме да го сториме тоа. Outlaws може да се пофали со дефинитивно највпечатливиот флешбек кој сме го виделе досега, во теков на Re-watch-ов. Сцената со Кристијан Шепард, таткото на Џек, и Соер е просто незаборавна...
Што забележав?
Исто како и во минатата Соер-центрична епизода, така и во оваа, тој ќе слушне нешто (шепотења) во џунглата... Овојпат веќе имаме претходни сознанија дека тоа можеби се Другите, но...не ја гледам причината поради која тие би дошле близу до кампот и би му ги шепнале на Соер последните зборови (It'll come back around) кои тој ги слушна од Дакет - човекот кој беше убиен од негова страна, мислејќи оти се работи за убиецот на неговите родители. Е сега, бидејќи многу внимателно го следев развојов на епизодава, добив впечаток дека на некој начин свињата го тестираше Соер. Зошто мислам така? Најпрво, таа го избра БАШ неговиот шатор, му ги испорастури работите и кога избега од него - ги слушнавме шепотењата. Неколку часови подоцна, откако ќе се раздени, Џејмс ќе почне да ги бара своите работи низ џунглата и баш кога ќе успее да најде дел од нив, слуша шепотења и ОП - пак се појавува свињата?!
Океј знам дека мислите дека не сум со сите, но само тоа ми паѓа на памет во моментов. Можеби на некој начин душата на Дакет навлегла во свињата за да види дали е тој навистина убиец, или само човек измамен од Хибс? Едно нешто е очигледно: свињата можеше да избега кога Соер го впери пиштолот во неа, но таа мирно седеше и го набљудуваше...
Моменти за паметење:
- „најслатката измама е онаа во која ќе измамите измамник“ - Хибс го измамува Соер, по вторпат...по што овој завршува на Островот. Судбина!
- разговорот помеѓу Соер и таткото на Џек. Откриваме зошто лидерот на преживеаните одбива да верува во судбината: бидејќи истата го направила неговиот татко човек без срце!
- приказната на Лок во врска со ловечкото куче на неговата маќеа, за кое таа сметала дека е всушност душата на нејзината ќерка која прерано го загубила својот живот. Воедно, приказнава ја зголемува веројатноста и мојата погорна теорија да е точна!
- првиот флешбек во кој гледаме што навистина се случило со родителите на Џејмс...
- „Јас никогаш“ играта преку која Кејт и Соер откриваат дека сепак имаат нешто заедничко...
- по вторпат сезонава ни беше дадено на знаење дека Џејмс и не е толку суров човек како што си мислевме.
- за мене интересна беше и тврдоглавоста на Соер која ја забележав во два наврати:
1) Кога нема да му признае на Саид дека слушнал шепотења во џунглата.
2) Кога нема да му открие на Џек дека го знае неговиот татко на крајот на епизодата - сцена која уште сега ја прогласувам за најдобар не-WTF крај на било која епизода!
Интересни факти:
- конечно, откриено ни е вистинското име на Соер - кое тој ќе го открие во разговорот со Френк Дакет!
- во епизодава за првпат го гледаме првиот сплав кој подоцна ќе биде запален...
- ова е исто така прва епизода во која ни Бун, ни Шенон не настапуваат.
Цитати:
Charlie: Hurley, look, I appreciate the help. You don't have to. I killed Ethan, I can bury him.
Hurley: Yeah, 'til he raises from the dead. Dude, I know how this works. This is going to end with you and me running through the jungle... screaming, crying... he catches me first because I'm heavy and I get cramps.
-----
Christian Shepherd:
[to Sawyer] Don't let the air conditioning fool you. You're here, too.
You are suffering.
-----
Laurence: You must be Hibbs' mate. I did a few jobs with Hibbs back in the state. Nice enough fella.
Sawyer: He's a son of a bitch!
Laurence: Right, indeed he is.
-----
[
Kate and Sawyer play "I never"]
Sawyer: I've never been in love!
Kate: You've never been in love?
Sawyer: I aint drinking, am I?
[
Kate drinks]
Kate: I never had a one-night stand!
[
Sawyer drinks]
Kate: Bottom's up, Sailor!
Sawyer: I gotta drink for each one?!!
-----
[
Sawyer and Kate's camp has been terrorised by the boar]
Sawyer: I can't believe this!
Kate: There are hoofmarks everywhere!
Sawyer: It ate all our stuff!!
Kate: No, it ate
your stuff. Mine's fine.
-----
Christian Shephard: Do you know why they call Australia "Down Under"? Because it's as close as you can get to Hell without being burned.
-----
Christian Shephard: This... This business that you have... Will it ease your suffering?
Sawyer: Yeah.
Christian Shephard: Then what are you doing here?
Sawyer: It aint that simple.
Christian Shephard: Of course it is! Unless you want to end up like me, of course it is!
Прашања за дискусија:
- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?
- која е
работата во Тампа поради која Хибс не е добредојден повеќе кај Соер и дали некогаш ќе ја видиме во флешбек?
Мој рејтинг:
Приказна (на Островот): 7
Митологија: 7
Флешбек: 9.5
Оцена: 7.85