"...In Translation" (на македонски: „...Во превод“) е првата самостојна Џин центрична епизода и вкупно седумнаесеттата од првата сезона.
Премиерно била прикажана на 23ти февруари 2005тата година...
Што ми се допадна?Прашањето во врска со епизодава би било - што НЕ ми се допадна... бидејќи, искрено, не можам дури и да сакам да издвојам некој досаден момент! Нештото по кое најмногу ќе ја помнам "...In Translation" е фактот оти почнувајќи од неа завршуваат оние досадни сетап-епизоди кои се дел од буквално секоја сезона на LOST, иако, очигледно е дека имаше и во оваа некои хинтови за идни случки. Во секој случај, одлична приказна на и надвор од Островот, неколку WTF моменти (дури забележав два и во флешбекот!!!), неколку ЕМОционални моменти и сето тоа со еден збор (или два, како сакате) е еднакво на МАЕСТРАЛНА ЕПИЗОДА!!! А, и да не заборавам, сега-засега ова ми е омилената Џин/Сан центрична-епизода.
Што забележав?
Лок. Лок. ЛОК!!!
Не ми се верува како кога сум ја изгледал за првпат епизодава не го забележав него како се ѕвери во сплавот!? Едноставно, не ми се верува... Ова е очигледен хинт за тоа што на крајот ќе го дознаеме кога Џон ќе го праша Волт зошто го запалил сплавот...
А, да, забележав и уште нешто. Кога Сан ќе го праша Џин кога ќе одат на меден месец, тој ќе и каже „за шест месеци, откако ќе завршам со административниот тренинг“ (или така нешто!). Со оглед на тоа што вакво нешто не видовме во флешбек, дали ова претставува хинт за Островот - дека можеби тоа е местото каде што тие ќе го поминат својот меден месец? Или...можеби е хинт дека тие се Адам и Ева? Не заборавајте, првпат кога ни беа претставени овие два скелета беше токму во нивната (исто така) прва заедничка центрична епизода!
Моменти за паметење:
- откритието дека таткото на Џин бил сепак жив, а не мртов, како што тој тврдеше претходно во епизодата како резултат на срамот кој несакајќи му бил нанесен со самиот факт дека е негов син...
- конечно дознаваме како Џин станал таков каков што е - заради таткото на Сан!
- Лок ни открива дека Волт е тој кој го запалил сплавот, а не Џин...
- CD плејерот на Харли по цел месец конечно цркнува.
Лошата вест е што ова беше последниот "slow motion" крај...
- „Ние не сме единствените луѓе на овој Остров!!!“ - една од најдобрите сцени во целата сезона.
- Џин одлучува да му помогне на Мајкл во градењето на новиот сплав.
Интересни факти:
- флешбеците на Џин се одвиваат во истиот период како оние од "House of the Rising Sun" - но овојпат, од негова перспектива...
- за време на флешбекот во кој Џин го посетува
Бјунг Хан можеме да видиме дека неговата ќерка гледа телевизија. Она што е интересно во случајов е тоа што таа во тој момент всушност ја следела прес-конференцијата на која Харли ќе биде објавен како победник. Овие настани подоцна ќе ги видиме подетално во "
Everybody Hates Hugo", првата Харли-центрична епизода од втората сезона.
- ако насловот на епизодата го прочитаме заедно со оној на серијата, истиот би бил "Lost...In Translation" (Изгубени...Во преводот) и на тој начин тој претставува популарна фраза која ја рефлектира тешкотијата за да се разберат двајца луѓе кои зборуваат на два различни јазика.
Цитати:
Locke: Sure, you can yell at Boone 'til you're blue in the face, but all you're doing is giving him what he wants.
Shannon: Yeah? What's that?
Locke: Your attention.
-----
Sawyer: You're pretty scared, huh? Scared, you understand scared, don't you? Huh? [Sawyer pushes Jin down.] If you ain't, you're going to be, Bruce. Folks down on the beach might have been doctors and accountants a month ago, but it's Lord of the Flies time, now.
-----
Sun: My husband is many things. But he is not a liar.
Sawyer: You gonna lecture us about lying, Betty? From the look on his face even your old man here didn't know you speak English!
-----
Jin:
[about Sun] In a good world... she would hate her father, not me.
Jin's father: It is a good world.
-----
Locke: They've attacked us, sabotaged us, abducted us, murdered us... We're not the only people on this island and we all know it!
Прашања за дискусија:
- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?
Мој рејтинг:
Приказна (на Островот): 8.5
Митологија: 6.5
Флешбек: 9
Оцена: 8.00