Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Numbers (1x18)

Go down 
4 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeСаб Jул 18, 2009 7:23 am

"Numbers" (на македонски: „Бројки“) е осумнаесеттата епизода од првата сезона и премиерната Харли-центрична епизода.

За првпат била прикажана на втори март 2005тата година.
Numbers (1x18) 1X18-HurleyIsland

Што ми се допадна?
Земајќи го во обзир фактот дека епизодава ја очекував(ме) најмногу уште од самиот почеток на повторното гледање на сезониве, мислам дека не е ни потребно да започнам да ги кажувам моментите по кои ќе ја помнам истата. Ова се веројатно најдобрите!... Најмистерозните!... Најфантастичните!... Најчудните!... Најнеочекуваните!...40 минути кои досега ги гледавме во првава сезона. Брилијантна не-Островска приказна поради која лесно можеме да заборавиме на неколкуте досадни моменти кои се случија на самиот Остров (секако, мислам на сцените со Клер и Лок, макар што и тие не беа толку лоши!) и која е главен виновник што и пет години подоцна сеуште се прашуваме -- што по ѓаволите се Бројките и кое е нивното значење!?

Што забележав?
Дали иронијата беше намерно вметната или не, во сцената во која Харли, а потоа и Чарли оди по ретардираниот мост, не знам, но знам дека е невозможно да се објасни феноменот како истиот тој мост можеше да ја издржи огромната килажа на Хуго, а од друга страна да се сруши под притисокот на „ситниот“ Чарли... Освен ако, ова не бил евентуален хинт за неговата смрт. Бидејќи, нели, ако некој има судбина да загине тогаш и тогаш - тоа ќе се случи без разлика на се! Smile А можеби и само тресам глупости само за да биде поголем текстов?

Моменти за паметење:
- Харли ги игра мистериозните бројки и победува на лото по што започнува да го следи „лоша среќа“.
- сцената со ретардираниот мост на Русо...или на „луѓето на Итан“ како што би рекол Чарли. Smile
- средбата помеѓу Леонард и Харли и подоцна Харли и сопругата на Сем Томи/Туми.
- моментот во кој Харли ќе збесне пред очите на францускињата, која веројатно од сожалување ќе се согласи со него дека бројките се проклети.
- сцената во која некој човек се фрла од прозорец/тераса на облакодер среде Њу Јорк, токму кога финансискиот советник на Харли ќе почне да му кажува дека е невозможно некои бројки да се проклети. Laughing Интересно во врска со овој момент од епизодата е што до третата сезона имаше теории дека човекот кој се фрла е всушност Џон Лок... What a Face
- Харли му открива на Чарли дека е милијардер, а тој ќе се изнервира мислејќи дека се шегува. Laughing Поради вакви сцени ги обожавам Харли центричните епизоди!!!
- и за крај: КРАЈОТ! Во кој ги видовме бројките изгравирани на окното...

Интересни факти:
- ова е првата епизода чие име е дадено како референца до Библијата.
- кога Харли ќе ги види за првпат бројките на писмото на Русо, можеме да слушнеме како Џек му кажува на Саид дека нема шанса тие да одат до кокпитот за да земат батерија. Преживеаните подоцна нема да се вратат на местото каде што е кокпитот се’ до прикажувањето на премиерата на четвртата сезона - "The Beginning of the End"...
- додека Харли се шета на плажата можеме да слушнеме хип хоп песна во позадина која продолжува и во текот на флешбекот кога Хуго ја носи својата мајка до куќата која штотуку и ја купил. Песната никогаш не била идентифицирана од самите фанови и покрај нивните големи напори, па затоа постои верување дека е создадена само за да се употреби во шоуто.
- ланчето на Харли кое може да се забележи во сцената со новата куќа е всушност кинеска буква која означува „успех“ или „среќа“.
- Карлтон Кјус е репортерот кој го слушаме во позадина во флешбекот на кој Хуго сфаќа дека ќе добие пари од лотото на кое ги играл мистериозните бројки на Леонард. Тој е типот што кажува:- "That's right Mary-Jo, because this is the sixteenth week without a winner."

Цитати:
Carmen (Hurley's mother)
: Where are you taking me? You know very well I don't like suprises.
Hurley
: Oh, you're going to like this one, Ma. I mean, after everything you've been through...like Grandpa...
Carmen: [Crosses self, says prayer in Spanish]
Hurley: Then at the funeral, Father Aguilar getting struck by lightning. Man, that was a freak storm. And Diego moving back home after Lisa left him for that...waitress.
Carmen
: Don't mention that whore to me!
-----
Hurley:
You don't know?! Okay... that thing in the woods? Maybe it's a monster. Maybe it's a... pissed off giraffe, I don't know. The fact that no one is even looking for us? Yeah, that's weird. But I just go along with it, 'cause I'm along for the ride. Good old fun-time Hurley. Well, guess what? Now — I want some friggin' answers!
-----
Hurley: [to Sayid] She [Rousseau] says "Hey".
-----
Charlie: You're not the only one with baggage, you know. Do you want to know what I was doing when the plane went down? Snorting heroin, in the toilet. I was such a junkie I couldn't even take a plane trip without having a fix.
-----
Hurley: (in response to above) Back home I'm worth a hundred and fifty-six million dollars.
Charlie
: I bare my soul, and all I get is bloody jokes!

Прашања за дискусија:
- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?
- која е вашата теорија во врска со Бројките? Дали сеуште ги сметате за мистерија?

Мој рејтинг:
Приказна (на Островот): 8
Митологија: 9
Флешбек: 10

Оцена: 9.00
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
maestro
Модератор
Модератор
maestro


Male
Број на мислења : 248
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-20

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeПон Jул 20, 2009 12:08 am

Ауу, дефинитивно закон епизода и една од моите омилени.
Епизода по која ништо не остана исто... =)) Numbers are bad...
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeПон Jул 20, 2009 4:01 am

maestro напиша:
Ауу, дефинитивно закон епизода и една од моите омилени.
Епизода по која ништо не остана исто... =)) Numbers are bad...
Хуго рулз! Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeСре Jул 29, 2009 1:32 am

Легендарна епизода! Една од оние по кои ќе ја памтам серијава цел живот. Smile Толку долго чекавме на Харли-центрична епизода, ама богами се исплатеше. Целата приказна е возбудлива, ни ја даде една од најголемите мистерии. Уште за првпат кога ја гледав, почнав да си го „тупам“ мозокот за тоа што се тие броеви. За жал, мислам дека рекоа дека работата со бројките и нема да биде откриена никогаш... Evil or Very Mad

Она што е очигледно е дека бројките дефинитивно носат несреќа - прво на тој Сем Туми, па на Хуго. Едноставно, нема случајности во LOST - не верувам дека е случајно тоа што на двајцата им се случиле лоши работи откако ги употребиле броевите. Сега кога ја гледав, нешто што можев да забележам е дека кажаа дека Сем и Леонард ги слушнале пред 16 години, а исто и Русо кажа оти ги слушнале пред да се дојдат на Островот. Веројатно, и тие и тие ја слушнале истата фреквенција, односно во исто време. А, јасно се слушаше глас кој ги кажува истите броеви и во 2007 година, кога Аџира 316 се сруши на Островот. Е сега какво е значењето, не знам. Може е некаков код кој на некој начин го означува Островот.

Друга „луда“ теорија што ми падна на памет е дека Џејкоб со бројките го донесе Харли на Островот. Знаеме веќе дека Харли отиде во Австралија само за да го дознае значењето на овие броеви. Може Џејкоб намерно му ги правеше сите оние проблеми, само затоа што многу години претходно ги имал „селектирано“ луѓето што ќе бидат во авионот. Знам дека оваа моја теорија никогаш нема да се оствари, ама ајде, си го „билдам“ мозокот малце. Very Happy

Друго што ми беше интересно беа моментите со потрагата по Русо, сцената со мостот (искрено, не верувам дека уште од тогаш испланирале Чарли да умре, така да не верувам дека е хинт за тоа), како и целиот флешбек. Инаку, доста интересно е што мислеле дека тој што падна е Лок, не го знаев тоа до сега. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeСаб Aвг 01, 2009 5:32 am

Sawyer^^ напиша:
Легендарна епизода! Една од оние по кои ќе ја памтам серијава цел живот. Smile Толку долго чекавме на Харли-центрична епизода, ама богами се исплатеше. Целата приказна е возбудлива, ни ја даде една од најголемите мистерии. Уште за првпат кога ја гледав, почнав да си го „тупам“ мозокот за тоа што се тие броеви. За жал, мислам дека рекоа дека работата со бројките и нема да биде откриена никогаш... Evil or Very Mad
Аха, се согласувам дека ова е епизода поради која многумина од нас никогаш нема да ја заборават серијава... Wink Во врска со броевиве, пост напишав и на блогот, и можам да кажам дека дури и да не ни дадат некој соодветен одговор сценаристиве, би можел комотно да си ја објаснам мистеријата на свој начин според сите работи кои досега ги видовме во LOST (да си составам своја теорија де). Smile

Цитат :
Може е некаков код кој на некој начин го означува Островот.
Цитат :
Друга „луда“ теорија што ми падна на памет е дека Џејкоб со бројките го донесе Харли на Островот. Знаеме веќе дека Харли отиде во Австралија само за да го дознае значењето на овие броеви. Може Џејкоб намерно му ги правеше сите оние проблеми, само затоа што многу години претходно ги имал „селектирано“ луѓето што ќе бидат во авионот. Знам дека оваа моја теорија никогаш нема да се оствари, ама ајде, си го „билдам“ мозокот малце. Very Happy
Јас па мислам дека и двете работи се конектирани. И Русо заврши на Островот заради бројките, и Хуго, а како што се чини и преживеаните бидејќи истите не беа впишани во компјутерот во окното на време од страна на Дез. Кога ќе ги распоредиш вака работите твојава теорија со кодов изгледа многу логична. Ако и Црната Карпа исто така пристигнала на Островот заради бројките, тогаш дефинитивно ќе можеме да кажеме дека си во право! Wink

позз
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeНед Aвг 02, 2009 3:05 am

Losteech напиша:
Јас па мислам дека и двете работи се конектирани. И Русо заврши на Островот заради бројките, и Хуго, а како што се чини и преживеаните бидејќи истите не беа впишани во компјутерот во окното на време од страна на Дез. Кога ќе ги распоредиш вака работите твојава теорија со кодов изгледа многу логична. Ако и Црната Карпа исто така пристигнала на Островот заради бројките, тогаш дефинитивно ќе можеме да кажеме дека си во право! Wink

позз

Ау, да, заборавив и дека заради бројките падна и авионот! Баш ме потсети. Да, па, стварно прво што ми текна како нешто најлогично е дека бројките претставуваат некаков код или „сериски број“ на Островот, па сите што се доближуваат до него ги слушаат. Во секој случај, мило ми е што имам барем еден поддржувач на моиве теории. Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeНед Aвг 02, 2009 4:47 am

Sawyer^^ напиша:
Во секој случај, мило ми е што имам барем еден поддржувач на моиве теории. Laughing
Хехе знам како е. Laughing
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeНед Aвг 09, 2009 12:13 am

ја ривочнав и оваа..
СУПЕР ЕПИЗОДА!!
све шо треба си имаше..

не забележав некои посебни „ривочерски ствари“, така да, идам на наредна =)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeПон Aвг 10, 2009 4:47 pm

Steff напиша:
ја ривочнав и оваа..
СУПЕР ЕПИЗОДА!!
све шо треба си имаше..

не забележав некои посебни „ривочерски ствари“, така да, идам на наредна =)
Браво за тебе. Smile Иначе, забележуваш како само два-тројца РИВОЧУВАМЕ? =)
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeПон Aвг 10, 2009 6:33 pm

и шо сеа?
другиве не знаат шо пропуштаат =)))
бај д уеј, лани сам си ривочував, така да, вака е сигурно поинтересно =)))
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitimeСре Aвг 12, 2009 7:29 pm

Steff напиша:
и шо сеа?
другиве не знаат шо пропуштаат =)))
бај д уеј, лани сам си ривочував, така да, вака е сигурно поинтересно =)))
Е за тоа си во право. Јас лани не ни ривочував. Crying or Very sad
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sponsored content





Numbers (1x18) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Numbers (1x18)   Numbers (1x18) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Numbers (1x18)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: