LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Даниел Русо-Французинката! Саб Jул 18, 2009 4:46 pm | |
| Име: Даниел Русо (Французинката)Член на: Самостојно си живее Статус: Мртва Прво една фалба дека Балканка (Хрватка) игра во тип на серија како што е Изгубени. Русо е по потекло од Франција, а на сотровот пристигнала во делечната 1988 година, заедно со научниот тим. Таа беше заедно со својот маж Роберт(кој во момент на лудост го застрела, велеќи дека и отј е заразен) а исто така беше и бремена со Алекс во седмиот месец. Таа и нејзиниот тим, за кој упорно тврдеше дека ги убила болест(Смоуки), го пронајдоа и спасија Џин, кој по експлозијата на ферибродот успеал да се спаси и да талка онесвестен во водата, па поради патувањето низ времето, тој беше спасен од Русо. За кратко време по нејзиното доаѓање на островот, се породува, раѓа ќерка која подоцна и е одземена од Бен. Сама живеела, повлчена во џунглата во подземна дупка цели 16 години, за подоцна да се најде со еден од паднатите на океаник 815 (Саид), кој случајно слушна радио порака која патувала 16 години а спасители никогаш не дошле. Во 2004 Бен со цел да ги заштити од платениците на Видмор кои дојдоа со ферибродот ги испрати во Храмот, да се сокријат (најверојатно Смоуки да ги чува), но на пат за таму Кими и неговиот тим ги пречекаа и ги убија и Русо и Карл, момчето на Алекс. Нејзиното тело беше најдено мртво, полу закопано во земја од Мајлс, кога со Соер и Клер ги напуштија разрушените бараки на Дарма и се упатија кон кампот на плажата. Дискутирајте на оваа тема и одговорете на следниве прашања: -Дали Ви се допаѓаше Русо и зошто? -Дали сметате дека рано го напушти шоуто? -Дали сте задоволни од приказната која ни ја покажаа продуцентите за нејзиното минато? Ако не, зошто? -Дали остави нерасчистени мистерии? | |
|
Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Даниел Русо-Французинката! Сре Jул 22, 2009 3:29 am | |
| -Дали Ви се допаѓаше Русо и зошто? Па да, беше интересен лик со интересна приказна. Важен дел е од серијата. -Дали сметате дека рано го напушти шоуто? Кога ја убија, мислев дека е прерано, пошто очекував да видиме флешбек со нејзината приказна. Ама, за среќа, Дарлтон најдоа начин како да ни прикажат што всушност се случило со нејзиниот тим. Така да, мислам дека сосема доволно видовме од Русо и дека нејзината приказна е разјаснета. -Дали сте задоволни од приказната која ни ја покажаа продуцентите за нејзиното минато? Ако не, зошто? Пишав погоре, задоволен сум. -Дали остави нерасчистени мистерии? Па, колку што се сеќавам, не, барем ништо поважно. | |
|