Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Чарлс Видмор

Go down 
3 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Чарлс Видмор Empty
ПишувањеПредмет: Чарлс Видмор   Чарлс Видмор I_icon_minitimeНед Jул 19, 2009 5:57 am

Име: Чарлс Видмор
Член на: екс лидер на Другите, надвор од Островот има своја компанија и е успешен бизнисмен
Статус: жив
Центрични епизоди: нема
Чарлс Видмор 250px-086_36
Чарлс Видмор ни беше претставен како сосема „нормален“ лик во финалето на втората сезона, но испадна дека бил многу, многу поважен во понатамошниот развој на серијата... Тој е вечниот ривал на Бен, со кој не се „мирисаат“ уште од моментот во кој самиот Чарлс сфати дека ќе биде протеран од лидерското место на Другите. Видмор е главниот виновник за смртта на Алекс, бидејќи очигледно е дека нејзината смрт не беше случајна, барем според флешбеците кои ги видовме во Бен-центричната епизода Dead is Dead. Некаде во седумдесеттите тој бил во врска со Хокинг, но се чини дека нивната приказна не траела долго... Има две деца: ќерката Пенелопи (со непозната жена) и синот Фарадеј (со Хокинг)...

Прашања поврзани со ликот:
- Дали ви се допаѓа како карактер?
- Кои се правилата според кои тој не може да го убие Бен и обратно - Бен не може да го убие него?
- Како успеал да стане одеднаш богат надвор од Островот?!
- Како го пронашол Островот откако бил протеран?
- Слободно одговорете и на некое друго прашање поврзано со ликов доколку сметате дека постои! Wink
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Чарлс Видмор Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чарлс Видмор   Чарлс Видмор I_icon_minitimeПон Jул 20, 2009 4:06 am

- Дали ви се допаѓа како карактер?
Па, и не го сакам баш, пред се поради односот што го имаше кон Дезмонд, но и поради убиството на Алекс.

- Кои се правилата според кои тој не може да го убие Бен и обратно - Бен не може да го убие него?
Веројатно Другите имаат некои свои закони, можеби дадени од Џејкоб. Еден од нив можеби е дека двајца лидери на групата, поранешен и сегашен, не смеат да се повредат меѓусебе. Може звучи смотано, но видовме дека има закон дека лидерот не смее да има дете надвор од Островот.

- Како успеал да стане одеднаш богат надвор од Островот?!
Самото лидерско место кај Другите изгледа носи пари и моќ. Ако ви текнува, и Бен имаше цело богатство во својата барака, плус лажни пасоши, и очигледно, свои луѓе насекаде. Па, веројатно ни на Видмор не му било тешко да стекне богатство и углед.

- Како го пронашол Островот откако бил протеран?
Можеби преку некои записи во дневникот на капетанот на Блек рок, што тој го купи на аукција? Shocked

Друго што ме интересира за Видмор е неговата улога во војната помеѓу Џејкоб и Флок. Ако за Бен знаеме веќе дека не знае ништо за тоа, не го беше ни запознал Џејкоб, за Чарлс навистина не можам да сфатам на чија страна е. Се ми се чини дека сепак знае за тој конфликт - тој лично му посочи на Лок дека доаѓа војна на Островот! Ништо чудно да се покаже дека тој е на страна на Флок, затоа што видовме дека Брам, кој е на страна на Џејкоб, му кажа на Мајлс дека е на погрешна страна кога овој беше регрутиран од Видмор. Сепак, не сум сигурен, којзнае што ќе излезе на крај... No
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Чарлс Видмор Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чарлс Видмор   Чарлс Видмор I_icon_minitimeПон Jул 20, 2009 5:23 am

Да, и јас мислам дека е на страната на Флок...ќе виде закон ако го видиме на Островот како се бори за него. =))
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Чарлс Видмор Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чарлс Видмор   Чарлс Видмор I_icon_minitimeВто Jул 21, 2009 10:54 am

Прашања поврзани со ликот:
- Дали ви се допаѓа како карактер?
Па онака, интересен лик иако ме нервираше на почеток, зошто Дез го третираше како обична мивка Smile

- Кои се правилата според кои тој не може да го убие Бен и обратно - Бен не може да го убие него?
Па истите правила поради кои човекот во црно не може да го убие Џејкоб. Или на пример лидер со лидер не смееат да се убиваат.

- Како успеал да стане одеднаш богат надвор од Островот?!
Можеби го купил мајкрософт, се кладел на трки со коњи...а не чекај тоа беше планот на Соер Razz Very Happy Wink Па најверојатно основал своја компанија и му тргнало, а можеби тука има смешано прсти и островот, неговите моќи.
- Како го пронашол Островот откако бил протеран?
Мислам дека Хокинг му помогнала околу тоа Smile

- Слободно одговорете и на некое друго прашање поврзано со ликов доколку сметате дека постои! Wink
Па незнам за него има голема мистерија, поради тоа што многу малку знаеме, така да ова би било се Smile

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sponsored content





Чарлс Видмор Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чарлс Видмор   Чарлс Видмор I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Чарлс Видмор
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Ликови :: Други ликови-
Отиди до: