Ова е последниот мој пост до 29ти јули. Се читаме после одмор!
Deus Ex Machina (на македонски: „Знаци“) е деветнаесеттата епизода од првата сезона на LOST и вкупно втората Лок-центрична од почетокот на серијата.
Премиерно била прикажана на 30. март 2005тата година.
Што ми се допадна?Ова е епизодата која навистина ме „запали“ по LOST. Пред да ја изгледам за првпат "Deus Ex Machina" Изгубени ми беа „само“ занимација во слободно време. А што се случи по "Deus Ex Machina" ќе се прашате? Па, ништо посебно - само го отворив блогот со кој веќе цели три години се занимавам!!! Дознавте само една од петте причини поради кои епизодава засегогаш ќе ја сметам за една од најдобрите во LOST.
Втората причина е флешбекот. И до ден денеска не постои некој друг флешбек кој може да му парира на овој. Никој, едноставно НИКОЈ не би можел да остане рамнодушен на измамата која Џон ја доживеа од својот „сакан“ татко.
Третата причина е првото навестување за смртта на Бун. Овој карактер ми беше еден од омилените пред да умре, а уште кога ја видов визијата на Лок знаев дека нешто лошо ќе се случи. И кога тоа навистина се случи - не бев шокиран. Бев буквално онемен од тага!
Четвртата причина е крајот на епизодата. Не памтам некој друг крај (не сметајќи го флешфорвардот во "Through the Looking Glass") поради кој ме полазиле морници!
И за крај, последната петта причина е оваа: не бадијала одредени настани од епизодава подоцна ги гледавме од друга перспектива во цели три различни епизоди: "The Other 48 Days", "Live Together, Die Alone" и "The Little Prince"!!!
Ако продолжам вака ќе најдам уште петстотини причини зошто "Deus Ex Machina" ми е омилена епизода од првата сезона, но за да заштедам на време...
Што забележав?
Ништо не забележав, но би сакал да кажам рандом теории во врска со сонот/визијата на Лок со Бун и Тереза:
- можеби бил предизвикан од страна на непријателот на Џејкоб за потоа Бун да умре, а Џон да биде приморан да каже за окното...
- можеби сосема спротивно, бил предизвикан од страна на Џејкоб токму поради истите причини..иако не гледам зошто тоа тој би го сторил.
- или пак...сонот бил предизвикан од потсвеста на Лок како резултат на патувањето низ времето (бидејќи тој го виде самото паѓање на авионот од ридчето!)?!
Моменти за паметење:
- откритието дека навистина има преживеани од задната секција на авионот.
- визијата на Лок и неговата тврдоглавост и верба во Островот кои ќе предизвикаат тој да го занемари фактот што Бун беше цел крвав во истата проклета визија! (да, сеуште се лутам што е умрен
)
- слатката „одмазда“ на Џек кон Соер, кој пак открива дека е далекуглед.
- измамата која Купер ќе му ја приреди на Лок.
- првото појавување на авионот во кој умре братот на Еко во серијата...
-
незаборавниот крај.
Интересни факти:
- гласот/спикерот кој го изговара "Previously on Lost" во епизодава е променет.
- гласот кој го слушнавме на трансмицијата на Бун не звучи како Бернард. Ова е така бидејќи актерот кој ја игра неговата улога сеуште не бил дел од екипата на LOST...
- ова е првата епизода чие сценарио било заеднички напишано од страна на Демон Линделоф и Карлтон Кјус. Двајцата подоцна ќе станат и главните извршни продуценти на серијата и ќе започнат да ја претставуваат на сите поважни настани. Воедно, тие се и креаторите на подкастот на Изгубени кој го водат успешно веќе четири години.
- медицинската сестра која разговара со Лок по неговата операција е истата која разговара и со Џек во премиерата на третата сезона - "A Tale of Two Cities"...
- терминот "deus ex machina" преведен буквално на латински означува „машина од Господ“, додека пак од писателски аспект овој термин ја означува појавата која се појавува од никаде и нема никакво влијание во приказната, по што може да направи публиката да се почувствува измамена. Во грчката театарска култура "deus ex machina" претставувал некој карактер кој бил носен со кран на сцената и истиот тој карактер бил секогаш претставуван како бог. Овој бог секогаш им помагал на ликовите да го одлучат својот иден потег. Од таа причина, ваквиот термин подоцна бил подразбиран како инструмент во заплетот на драмите кој секогаш предизвикувал некакви изненадни промени или солуции во приказната.
Цитати:
Jack:
[on helping Sawyer] ...all I'm gonna get is a snappy one-liner, and, if I'm lucky, a brand-new nickname.
-----
Jack:
[diagnosing Sawyer] Have you ever had sex with a prostitute?
Sawyer: What's that got to do with my headaches?
Jack: Maybe a lot.
Sawyer: ...yes.
Jack: Have you ever contracted an STD?
[Sawyer is silent] I'll take that as a yes. When was your last outbreak?
Sawyer: Go to hell, Doc.
Kate: I know he deserved it, but...
Jack: He needs glasses.
-----
Jack: You've got hyperopia.
Sawyer: Hyperopia? That's..... What is that?
Jack: You're farsighted.
-----
Hurley:
[on Sawyer's new glasses] Dude, looks like someone steamrolled Harry Potter.
-----
Boone:
[In Locke's hallucination] Theresa falls up the stairs, Theresa falls down the stairs.
-----
Kate: Thank you for helping him [Sawyer] I know it was probably the last thing you wanted to do.
Jack: I didn't do it for him.
Прашања за дискусија:
- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?
Мој рејтинг:
Приказна (на Островот): 9.5
Митологија: 9
Флешбек: 10
Оцена: 9.50