Do No Harm (на македонски: „Без неправди“) е дваесеттата епизода од првата сезона премиерно прикажана на шести април 2005тата година.
Ова е првата епизода во која еден од главните карактери (Бун) умира...
Што ми се допадна?Колку тешка, тажна и драматична епизода. Ова се без конкуренција најмачните 40 минути од Изгубени. Бун умира, Клер ненадејно се породува. Џек со големи напори се обидува да ја спречи трагедијата, но излишни се сите преземени акции - лагата на Џон дека Бун паднал од карпа ќе биде фатална за младиот ко-сопственик на компанија за венчални фустани. Впрочем, кој од нас и очекуваше дека тој ќе преживее по визијата на Џон, а потоа и по падот на авионот на дилерите од некои дваесетина метри?! Крајот пропратен со извонредната "
Life and Death" на
Мајкл Гјачино комплетно го збунува гледачот кој е буквално на граница помеѓу солзи предизвикани од тага, и солзи предизвикани од радост. И сето ова во една епизода!!! Нема момент кој не ми се допадна...
Што забележав?Извинете што бев премногу фокусиран да не се онесвестам како Хуго кога се онесвести откако виде крв насекаде околу него...се надевам дека во идната епизода ќе се вратам на старите патеки со неколку интересни бекграунд работи кои (не)сакајќи сум ги забележал.
Моменти за паметење:- Џек не попушта пред неминовното - му дава дел од својата крв на Бун со цел да го спаси.
- Бун за првпат, полусвесен, го спомнува окното пред преживеаните.
- Бун одбива да му биде одземена ногата за да преживее... по што конечно умира...
- Кејт успева да ја породи Клер.
-
последната сцена со прекрасната симфонија на Гјачино (
Life and Death) и откривањето на новата мисија на Џек да го пронајде „убиецот“ на Бун - Џон Лок...
Интересни факти:- последните зборови на Бун се „Кажи и’ дека ја...“ (Tell her I...)
- ова е првата епизода во која Лок не настапува.
- сосема спротивно, ова е првата епизода во која ги гледаме Сара Шепард и Арон Литлтон.
- сцената во која се пораѓа Клер подоцна ја гледаме и во "The Little Prince" (четвртата епизода од петтата сезона) од перспективата на Соер кој патувајќи низ времето ќе „налета“ на нив.
Цитати:
Shannon: Oh, okay. Are you lost?
Sayid: No, absolutely not. Those trees look really familiar. It's this way...I think.
Shannon: Did you just say 'I think'?
-----
Jack:
[on Charlie's scant collection of responses to the "blood type" question] You only asked four people?!
Charlie: I asked the whole sodding camp! Nobody knows their blood type! Most don't know their blood type! I don't know my
own bloody blood type!
-----
Boone:
[between raspy breaths] I know you made a promise. I'm letting you off the hook. Let me go, Jack.
Jack: I'm sorry.
Boone: Don't be.
-----
Boone: Tell Shannon... Tell Shannon... Tell her I...
[dies]
------
Jack: He (Boone) didn't die, he was murdered.
Kate: Where are you going?
Jack: To find John Locke.
Прашања за дискусија:
- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?
Мој рејтинг:
Приказна (на Островот): 10
Митологија: 7
Флешбек: 7.25
Оцена: 8.10