The Greater Good (на македонски: „За сеопштото добро“) е дваесет и првата епизода од првата сезона на Изгубени. Ова е втората Саид центрична епизода.
Откако веста за смртта на Бун ќе се прошири низ кампот, Шенон одлучува да ја преземе правдата во свои раце и да оди по Лок, кого го обвинува за трагедијата. Флешбеците се фокусираат на времето кое Саид го поминал во Австралија, неколку денови пред полетувањето на авионот.
Што ми се допадна?Ова е една од оние епизоди кои се извонредни, но сум заборавил дека постоеле. Барем мене лично многу ми се допадна флешбекот, а уште повеќе и приказната на Островот. Овие два сегменти од "The Greater Good" се фантастично вклопени и се надоврзуваат едни со други во секој нов миг од епизодата така што на крајот прават извонреден скок во развитокот на карактерот на Саид. Да додадам уште дека сега сфаќам зошто Навин Ендруз добил ЕМИ номинација за настапот во епизодава. Човекот изглуми брилијантно!!!
Што забележав?
Волт откако ќе почне да го прашува својот татко разни „глупости“, веројатно поради доживеаниот шок предизвикан од смртта на Бун, ќе постави едно прашање кое за секунда ме сецна - „А ШТО АКО НЕ НАПАДНЕ АЈКУЛА?“. Еве уште еден хинт за втората сезона, и колку што се сеќавам - мислам дека е втор сега-засега... (а можеби има и повеќе, кој би знаел сепак)
Моменти за паметење:
- Саид работи за сеопштото добро со самото тоа што се обидува да го спречи планот на својот напатен пријател Есам за убивање на стотици луѓе во Сиднеј, но интересно е што истиот тој Саид ќе го наговори него да се самоубие со цел да дознае каде се наоѓа оружјето. Од една страна себично, но од друга и јас би го направил комплетно истото ако некои агенти ми дојдат и ми кажат оти знаат каде се наоѓа жената која сум ја барал со години!
- сцената во која го погребуваат Бун. Ова е истата сцена во која Џек ќе полуди врескајќи по Лок (откако тој ќе се појави пред преживеаните признавајќи ја вината) : „Каде беше?!“. Не знам зошто, но се’ уште сметам дека ова е најдобриот перформанс на Метју Фокс досега во серијата. Изнервиран Џек = закон.
- откритието дека Џон го удрил Саид од позади пред овој да ја лоцира локацијата на сигналот на Русо. Можеби најшокирачкиот миг од првата сезона...
- обидот на Шенон да го убие Лок. Кога за првпат ја гледав епизодава навивав тоа да се случи. Три години подоцна, се каам што воопшто и сум помислил такво нешто! Lost не е истата серија без Џон.
Интересни факти:
- Опера куќата во Сиднеј може да се забележи додека Саид и неговиот пријател играат фудбал во тревникот.
- сите членови на оригиналната екипа се присутни во епизодава, вклучувајќи го и Иан Сомерхалдер кој во случајов ја играше улогата на мртвиот Бун.
- првото име на епизодава било „Страни“.
- привидна грешка се јавува откако Шенон од никаде ќе се случи да ја знае локацијата и намената на клучот за куферот Халибуртон. Ние од претходно знаеме дека само Џек (на чиј врат се наоѓа клучот) и Кејт се свесни за неговата намена. Ова е подоцна објаснето во третата сезона, во епизодата "
Exposé". Причината е следнава - Кејт претходно си дозволила да ја „испушти“ информацијата додека ги бранела мерките кои биле превземени за да се заштитат пиштолите - со цел истите да не завршат во погрешни раце (иако тоа подоцна сепак ќе се случи).
Цитати:
Sayid: I didn't know Boone very well, and for that I am sorry. On our sixth day here a woman named Joanna died. She drowned. And Boone was the first one into the water. I didn't know him, but I remember his courage. And I know he will be missed.
-----
Kate: I crushed up some sleeping pills and put them in your juice.
Jack: You drugged me?
Kate: Yeah.
-----
Kate: Hey, brought you something to eat.
Jack: What's in it, chloroform?
-----
Sayid: Take me to the hatch.
Locke: What? I already showed you....
Sayid: John! No more lies.
-----
Sayid:
[noticing the scar where Locke's kidney was removed] What's that?
Locke: War wound.
Sayid: Looks more like a surgical scar.
Locke: Like I said, war wound.
Прашања за дискусија (сеуште се истите )
:
- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?
Мој рејтинг:
Приказна (на Островот): 9
Митологија: 7
Флешбек: 8
Оцена: 8.00