Born to Run (на македонски: „Родена за бегство“) е последната, дваесет и втора епизода, пред големото финале на првата сезона. Премиерното прикажување се случило на 11ти мај 2005тата.
Откако ќе се распространи веста дека сплавот треба да тргне веднаш за да се избегне промената на правецот на ветерот, Кејт одлучува оти таа треба да биде еден од патниците на истиот, притоа обидувајќи се да го украде местото на Соер. Во меѓувреме, кампот е преплавен со сомнежи откако Мајкл ќе испие вода во која некој намерно ставил отров. Флешбеците во епизодата се фокусираат на повторното здружување помеѓу Кејт и Том веднаш штом таа ќе дознае за здравствената состојба на мајка и’.
Што ми се допадна?Генерално, како и секоја епизода пред финале (освен "Follow the Leader"), така и оваа изобилуваше со неколку прилично предвидливи настани. Не беше многу тешко уште на почеток да се претпостави дека Кејт е таа која ја отру водата на Мајкл. ОК, никој не очекуваше таа да ја натера Сан да ја изврши „нечистата“ работа, но сепак - сите потајно знаевме дека на крајот ќе испадне токму таа виновникот. Како и да е, Born to Run според мене, може да се пофали со еден солиден флешбек кој ни ја откри мистеријата од претходно - т.е. конечно го запознавме човекот кој Кејт го сакала (Том) и најпосле -- го убила...
Покрај претходно споменатите делови од епизодата, многу ми се допадна и делот со Волт. Тука конечно излегуваат на виделина неговите моќи. Дали Волт знаеше што се наоѓа во окното? Дали затоа полуде одеднаш и присака што поскоро да си замине од Островот? Иронично, овие прашања можно е засекогаш да останат неодговорени.
Моменти за паметење:
- Лок им го покажува окното на Саид и Џек. Ривалството помеѓу Лок и Саид, и Лок и Џек зема се’ поголем замав...
- Соер и открива на групата дека Кејт е затвореникот кој патувал со маршалот на летот 815.
- предупредувањето на Волт упатено кон Лок да не го отвора окното, како и неговото признание спрема својот татко Мајкл дека тој го запалил првиот сплав.
- забавниот Чарли кој во епизодава е доста опуштен.
Интересни факти:
- во Јапонија, името на епизодата било "Time Capsule" (Временска капсула)
- во епизодата не се слуша традиционалниот whoosh звук на флешбеците, кој се користи пред и по нивното прикажување.
- временската капсула која Том и Кејт ќе ја ископаат под дрвото е всушност поставена во кошничката за пикник со New Kids on the Block која таа ќе се обиде да ја украде во "The Incident".
- коментарот на Чарли во врска со станувањето познати во светот веднаш штом ќе се прошири веста за спасувањето на преживеаните од летот 815, ќе стане јаве во четвртата сезона (Oceanic Six).
Цитати:
Locke: Why would Kate poison Michael?
Hurley: Well, you know, the whole fugitive thing.
[Jack gawks at Hurley] He doesn't know?
[Jack shakes his head]. Well how am I supposed to keep straight who knows what around here? I mean, Steve didn't even know about the polar bear.
-----
Tom: No self-respecting man in Iowa goes anywhere without beer.
-----
Charlie: Okay, check this out...this is track two, it's called —
[Claire tries to stop him from moving] sorry, it's called 'Monster Eats the Pilot.'
Прашања за дискусија- Кој сетап за финале беше подобар:Born to Run или
Three Minutes?
Born to Run или
Greatest Hits?
Born to Run или
Follow the Leader?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:
1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтинг:
Приказна (на Островот): 6
Митологија: 7
Флешбек: 7
Оцена: 6.66 (три шестки
)
НајаваВ понеделник, десетти август, завршуваме со ривочувањето на првата сезона. На овој ден ќе ги дискутираме премиерно сите три делови од извонредното финале на првата сезона - Exodus.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!!!