Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| Man of Science, Man of Faith (2x01) | |
| | Автор | Порака |
---|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Man of Science, Man of Faith (2x01) Пон Aвг 17, 2009 11:05 pm | |
| Од денеска, па се до октомври ќе дискутираме за епизодите од втората сезона. Во текот на овие 14 денови, до 01.09 ќе има маратонски постови посветени на епизодите од оваа сезона, или со други зборови речено, секој ден ќе има по нов ривоч! Моја препорака до оние кои се’ уште не ја завршиле првата сезона е да се вклучат веднаш во втората, па макар и преку читање на епизодите од статиите на Lostpedia! " Man of Science, Man of Faith" (на македонски: „Научникот и верникот“) е името на премиерата на втората сезона од Lost, односно 26. епизода од почетокот на серијата. Ова е првата Џек-центрична епизода од втората сезона. Кратка содржинаОткако ќе биде отворено окното, Лок и Кејт ќе ги изигнорираат предупредувањата на Џек и ќе се пуштат долу во отворот без него. Премиерата на втората сезона е доста солидна епизода, на која сепак, сметам дека и фали нешто повеќе акција. Ова и не е за чудење, земајќи го во обзир фактот оти целата втора сезона имаше вакво (споро) темпо, се’ до финалето кое конечно ги размрда малку од малку работите (иако и пред тоа имаше неколку подинамични епизоди). Како и да е, Man of Science, Man of Faith понуди неколку моменти за паметење, од кои ги издвојувам следниве: - првото појавување на Дезмонд, по кое ќе ја помниме засекогаш епизодава. - бунтовниот испад на Лок, кој е веќе изморен од чекање и кој од таа причина одлучува да влезе во окното (на среќа на фановите!) - се „запознаваме“ со компјутерот во Лебедот, и покрај тоа што се’ уште не знаеме за што по ѓаволите служи истиот. - и нормално, двете најголеми WTF сцени во самата епизода: опенингот со Дез, и крајот, со легендарното „Ти!?“. Нешта кои ги забележавДали сум луд, или на ова „ремек“ дело (фреска) кое е веројатно насликано од Радзински (само претпоставка) гледаме девојка со руси коси која е прилично исплашена од некоја причина? Мене ова ми личи на Џулиет! Баш ме интересира Вие што мислите... Повеќе за сликава тука и тука. А, патем, го забележав и цементот кој веројатно бил фрлен од страна на научниците/работниците од DHARMA, откако Џулиет ја активирала атомската бомба. Еве и доказ: Моја претпоставка е дека зад тој ѕид се наоѓа Инцидентната соба, која е всушност просторијата каде што била активирана бомбата... Запомнете: се’ што се случува во Изгубени - се случува со причина. Токму од таа причина верувам дека овие нешта ни се прикажани во епизодава НАМЕРНО. Интересни факти- Фреската која ја гледаме во окното е насликана од режисерот на епизодата - Џек Бендер. - Со 23.47 милиони гледачи, оваа епизода е најгледаната од сите претходни епизоди од серијата. Man of Science, Man of Faith е за цели 14.44 милиони гледачи погледана од He's Our You - епизода која во моментов го држи рекордот за епизода со најмалку гледачи од Lost. - Кога Волт ќе и се појави на Шенон, тој го кажува следново изговорувајќи ги зборовите во обратен редослед:- „Не го притискајте копчето, лошо е“... Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов линк. Прашања за дискусија- Која премиера беше подобра:Man of Science, Man of Faith или Pilot? Man of Science, Man of Faith или A Tale of Two Cities? Man of Science, Man of Faith или The Beginning of the End? Man of Science, Man of Faith или Because You Left? - Која е вашата омилена сцена од епизодата? - Дали забележавте нешто необично? - Кој ви е омилен цитат? - Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек; 2) Приказна; 3) Митологија? Мој рејтингПриказна (на Островот): 9.5 Митологија: 10 Флешбек: 7 Оцена: 8.85 | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Man of Science, Man of Faith (2x01) Вто Aвг 25, 2009 11:03 pm | |
| епа супер епизода.. се глеа дека е премиера зашо онака имаат мн внимание посветено на ситници.. тој пациентот шо умира е уствари татко и на Шенон.. прогласен е за мртов во 8:15.. тоа кога Волт збори наопачки.. плус целата приказна со првите случувања во Хечот, што ако добро се сеќавам ќе се повторува и од перспектива на Лок и на Кејт во наредните две епизоди (кондурите на Лок, пукањето накај местото кај што е Кејт).. иначе ОДЛИЧНА прва сцена!! флешбекот.. онака.. интересно беше што баш човекот што го сретнал на стадионот е истиот што сега е доле во Хечот.. и интересно беше што видовме како ја излекувал идната жена, т.е. што видовме како се запознале и све тоа.. а она „ајл фикс ју“ е хинт дека она е уствари жена му, зашто она во претходните ФБци вика „ју фиксд ми“.. итд итд ај сеа да идам да ја убацам епизодава на ранг листата =)
ЕДИТ: -мислам дека таа жената нема везе со Џулиет.. ова ти е више глеање премногу (па дури и за Лост) =) -а за тоа дека цементот е заради Џагхед, мислам дека е точно, зашто како фан на теоријата WHH, морало да се напраи нешто такво за да се догради Лебедот и све да продужи како што беше/ќе биде =) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Man of Science, Man of Faith (2x01) Сре Aвг 26, 2009 5:21 am | |
| - Steff напиша:
- епа супер епизода..
се глеа дека е премиера зашо онака имаат мн внимание посветено на ситници.. тој пациентот шо умира е уствари татко и на Шенон.. Знам дека е, кога ја гледав епизодата веднаш искоментирав (во себеси, нормално ) ама заборавив да пишам во постов. - Цитат :
- иначе ОДЛИЧНА прва сцена!!
Мене ми е таа најомилена од премиериве, заедно со првата од Пилотот! - Цитат :
- флешбекот.. онака.. интересно беше што баш човекот што го сретнал на стадионот е истиот што сега е доле во Хечот.. и интересно беше што видовме како ја излекувал идната жена, т.е. што видовме како се запознале и све тоа.. а она „ајл фикс ју“ е хинт дека она е уствари жена му, зашто она во претходните ФБци вика „ју фиксд ми“..
Флешбекот е единствена мана на епизодава, некако не ми пасуваше најдобро... - Цитат :
- -мислам дека таа жената нема везе со Џулиет.. ова ти е више глеање премногу (па дури и за Лост) =)
Не постои такво нешто кога е во прашање LOST!!! - Цитат :
- -а за тоа дека цементот е заради Џагхед, мислам дека е точно, зашто како фан на теоријата WHH, морало да се напраи нешто такво за да се догради Лебедот и све да продужи како што беше/ќе биде =)
А значи ова не е премногу, а!!? | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Man of Science, Man of Faith (2x01) Саб Aвг 29, 2009 4:51 am | |
| Еве и јас конечно почнав да ја ривочувам втората сезона. Ова беше одлична премиера, најдобра после Пилотот. Премиерите на трета, четврта и петта сезона се далеку послеби од оваа. Имаше многу WTF моменти: првата сцена (има човек во Хечот), појавувањето на Волт, и нормално, капак на се беше тоа што токму Дезмонд е човекот во Хечот. Плус одлично се прикажани Џек и Лок како луѓе со спротивни ставови, па насловот на епизодата ептен одговара. На моменти, сепак, Лок и ме нервираше заради неговата слепа верба во чудата на Островот. Добро е за фановите што тој одлучи да не чека и да влезе во Хечот, но реално Џек беше во право. Лок дури и се чини беше спремен да ја жртвува Кејт само за да влезе. Флешбекот беше добар. Ја видовме приказната за тоа како Џек и Сара се запознале. Интересно е што го вклучија во приказната и татко и на Шенон, и Бројките (8:15). Сцената со Дез на прв поглед изгледаше неважна, се до крајот на епизодата, и она „Ти?!?“ Инаку, за Фреската, не верувам дека е Џулиет, сепак сметам дека сценаристите во тој период сеуште ја немале испланирано целата серија до најситни детали, па не верувам дека точно знаеле како ќе изгледа Инцидентот. А и Џулиет и да била планирана како карактер, сепак Елизабет Мичел сигурно не била ангажирана да глуми, па не можеле да ја нацртаат Фреската по нејзин лик. Повеќе овој цртеж е хинт за Бројките, зашто многу јасно се гледа бројот 108. Но, сепак, во LOST се е можно...... | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Man of Science, Man of Faith (2x01) Саб Aвг 29, 2009 5:10 am | |
| - Sawyer^^ напиша:
- Инаку, за Фреската, не верувам дека е Џулиет, сепак сметам дека сценаристите во тој период сеуште ја немале испланирано целата серија до најситни детали, па не верувам дека точно знаеле како ќе изгледа Инцидентот. А и Џулиет и да била планирана како карактер, сепак Елизабет Мичел сигурно не била ангажирана да глуми, па не можеле да ја нацртаат Фреската по нејзин лик. Повеќе овој цртеж е хинт за Бројките, зашто многу јасно се гледа бројот 108. Но, сепак, во LOST се е можно......
Абе не знаеле со сигурност дека Елизабет Мишел ќе настапува во Lost, но сигурно уште од поодамна го имале во својот мозок „испроектирано“ ликот на Џулиет, бидејќи нели, сепак Другите во серијава уште по првите 10 епизоди стануваат реалност (Итан)... И не знам, продуцентите изјавуваа дека они уште во средината на прва сезона го испланирале целиот развој на серијата, па не би се зачудил да знаеле уште тогаш каков ќе биде Инцидентот. Впрочем, да не знаеле, ние не би го виделе хечот уште во втората сезона, зар не? позз и те очекувам со нови мислења на ривочов и наредниве денови (и месеци) Инаку, луѓе, зошто не одговарате на прашањата?? | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Man of Science, Man of Faith (2x01) Нед Aвг 30, 2009 3:51 am | |
| Kojзнае, може стварно имале нешто испланирано уште од тогаш, иако сепак не верувам дека баш се им било „во главата“. Ама, со оваа серија никогаш не се знае, ама затоа и ја обожаваме. Ќе продолжам обавезно со ривочов, ќе гледам да го забрзам темпото колку можам, за да стигнам. А за прашањата, не знам, некако се навикнав овака да ги пишувам накратко впечатоците од секоја епизода. Обично низ текстот одговорам некои од прашањата. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Man of Science, Man of Faith (2x01) | |
| |
| | | | Man of Science, Man of Faith (2x01) | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|