Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Adrift (2x02)

Go down 
3 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Adrift (2x02) Empty
ПишувањеПредмет: Adrift (2x02)   Adrift (2x02) I_icon_minitimeСре Aвг 19, 2009 12:00 am

Adrift (на македонски: „Носени (со водната струја)“) е втората епизода од втората сезона, а вкупно 27та од Изгубени. Ова е исто така и втората Мајкл-центрична епизода севкупно.

Кратка содржина
Епизодата се одвива во исто време како и минатата, но овојпат настаните ги гледаме од перспективата на Кејт и Лок. Adrift ни открива што се случило со овие двајца пред Џек да се пушти долу во окното. Во меѓувреме, Соер и Мајкл започнуваат караница во однос на тоа кој е крив за трагедијата која им се случила на нив и нивниот сплав.
Adrift (2x02) 800px-2x02_Michael
Иако епизодава пред да ја изгледам ја сметав за една од најдосадните воопшто, сепак, испадна (по којзнае кој пат) дека не сум бил во право. Во ред, можеби "Adrift" се вртеше во место (не можеби, туку СЕ вртеше), но во секој случај ова е истата епизода која ни го даде одговорот на многу прашања, како на пример: што се случило со Кејт, за што служи компјутерот во окното, дали Мајкл и другите од сплавот (без Волт) преживеале и што им се случило потоа, а на самиот крај ќе биде прикажана една од најголемите WTF сцени од втората сезона - кога ќе видиме непозната група на луѓе која го брка Џин. Сигурен сум дека сите ние тука се сеќаваме на легендарното „АДрС, АДрС!“... Very Happy

Секако, имаше и други ситни детали кои вредат да се спомнат (еден од нив е и откривањето на името на Дез), но оставам Вие да ги напишете..доколку сакате и се сетите на некои, секако.

Нешта кои ги забележав
DHARMA ајкулата - првиот пат кога ја гледав епизодава не ја забележав, но сега обрнав внимание и...VOILA! (клик на voila за сцената)
Adrift (2x02) Lostoctagonshark
Нема потреба да објаснувам зошто овој момент е важен. Само ме интересира дали логово изгравирано на „кутрово“ суштество е од некоја се’ уште не-откриена станица или тогаш сценаристите немале време за размислување премногу...

Интересни факти
- Оригинално, епизодата требало да има флешбеци со Соер. На веб-страницата StarTrek.com било објавено дека Jolene Blalock веќе снимила неколку сцени кои биле подоцна отфрлени бидејќи продуцентите одлучиле да направат Мајкл-центрична епизода, наместо Соер-центрична. Непознато е дали снимањето завршило комплетно, но некои слики биле исфрлени на интернет во јули 2008. На една од тие слики го има Kevin Dunn кој го играше Горди во подоцнежниот флешбек на Соер од "The Long Con".
- Во интервју со Variety од април 2009, Карлтон Кјус објаснил зошто флешбеците на Соер не биле уфрлени во епизодата: „Ова се случува цело време и во филмовите и во сериите, одредени сцени кои се снимени едноставно не излегуваат како што сте очекувале да излезат. Ние имаме многу среќа бидејќи со "Lost" немаме премногу проблеми од овој тип. Всушност, ние само еднаш поништивме цела снимена приказна. Грешката не беше кај актерите - едноставно снимениот материјал и самото сценарио не беше правилно осмислено. Ние немаме планови да ги поставиме тие сцени на официјалните DVD-ја бидејќи за разлика од избришаните сцени, за кои нема доволно време за да се вметнат во одредена епизода, оваа приказна не беше на истото квалитетно ниво на кое е направено шоуто.
- Избришана сцена од оваа епизода покажува како Сан ја конфронтира Шенон во врска со нејзините тврдења дека го видела Волт. Шенон се обидува да и докаже на Сан дека таа била изморена по несреќата со Бун и дека како резултат од сето тоа излегло појавувањето на Волт. Сан не и верува на неа, иако Шенон е сигурно оти не видела ништо.
- Во избришана сцена од епизодата Клер ја прашува Сан дали некогаш разговарале за да имаат деца со Џин.
- Adrift е првата епизода во која настапуваат Еко, Либи и Бернард.

Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов линк.

Прашања за дискусија
- Која Мајкл-центрична епизода е подобра:
Adrift или Special?
Adrift или Three Minutes?
Adrift или Meet Kevin Johnson?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 8
Митологија: 8
Флешбек: 6.5

Оцена: 7.50
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

Adrift (2x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Adrift (2x02)   Adrift (2x02) I_icon_minitimeСре Aвг 26, 2009 12:34 am

епа вака...
ФБот е доста глуп.. ништо не се случува (освен досадниот Мајкл и „nobody's taking my son“).. он-ајланд приказната е супер.. додуша истото е од минатата епизода, ама мн ми се свиѓа зашто е истиот настан, ама од друга перспектива.. и ми се свиѓаше како ги имаат убацено хинтовите/спојките на двете (трите) перспективи во една приказна (тоа што го спомнав во коментарот за претхондата епизода).. мн нови прашања (бетонскиот ѕид, компјутерот, сикнесот, тајмерот, ...) и така.. се на се, интересно

омилен лајн:
SAWYER: Oh, well, I'll just stop bleeding then.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Adrift (2x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Adrift (2x02)   Adrift (2x02) I_icon_minitimeСре Aвг 26, 2009 5:24 am

Steff напиша:
епа вака...
ФБот е доста глуп.. ништо не се случува (освен досадниот Мајкл и „nobody's taking my son“)..
Хахаха досега изгледав 6 епизоди од вторава сезона и веќе почнав да го сонувам тоа THEY TOOK MY SON!!! Shocked Laughing Mad

За приказната на Островот се согласувам дека беше интересно изработена, и покрај тоа што сепак (искрено речено) беше вртење во место... Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Adrift (2x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Adrift (2x02)   Adrift (2x02) I_icon_minitimeСаб Aвг 29, 2009 5:15 am

Мене епизодава не ми беше досадна, со исклучок на флешбекот. Приказната за Мајкл и Сузан и нивното одење по судови ми се чини дека е уфрлена само онака, да пополни време. Изгледа откако ја отфрлиле приказната на Соер што била снимена, набрзина снимиле нешто, колку да не е без ич. Razz

Другото беше доста интересно. Разбравме што се случи со Мајкл и Соер по уништувањето на сплавот. Интересно беше што цело време еден на друг си ја префрлаа вината цела вечер. Сцената сабајлето, кога Мајкл се расплака, па се вратија на Островот, беше помалку трогателна. За во Хечот, мене ми е многу закон како ги претставија работите од перспектива на Лок и Кејт. И плус не оставија барем некое време да се прашуваме зошто мора да се внесат бројките во компјутерот, што е тој тајмер и што ќе се случи ако не се внесат. Плус и видовме дека има еден куп храна и залихи во Хечот, кога Кејт влезе во собата со чоколатцата. Laughing И нормално, крајот беше легендарен, кога Џин се избаци од џунглата. Very Happy Кога ја гледав првпат, стварно мислев дека тоа се Другите. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Adrift (2x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Adrift (2x02)   Adrift (2x02) I_icon_minitimeНед Aвг 30, 2009 3:46 am

Се согласувам за тоа што си го пишал за флешбекот. Wink
Другите настани си беа супер, а крајот е легендарен, нема што. Smile

П.С. Мислењето си го постирал во 4:15 Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Adrift (2x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Adrift (2x02)   Adrift (2x02) I_icon_minitimeВто Сеп 01, 2009 3:45 am

Losteech напиша:
Се согласувам за тоа што си го пишал за флешбекот. Wink
Другите настани си беа супер, а крајот е легендарен, нема што. Smile

П.С. Мислењето си го постирал во 4:15 Very Happy

Еј, да бе, стварно, Бројките... Изгледа Островот има замешано прсти... Razz Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Adrift (2x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Adrift (2x02)   Adrift (2x02) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Adrift (2x02)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: