Orientation (на македонски: „Ориентација“) е третата епизода од втората сезона, односно 28та од почетокот на серијата. Премиерно била прикажана на 5. октомври 2005.
Кратка содржинаМајкл, Соер и Џин се заробени откако ќе сретнат група за која веруваат дека е сродна со Другите. Во окното, Џек и другите дознаваат нешто повеќе во врска со неговата функција, но се збунети од реакцијата на Дезмонд кога опремата од чудниот компјутер ќе се уништи.
Епизода која
ќе мора да ја погледнеме уште еднаш! Можам слободно да кажам дека и покрај тоа што многу повеќе прашина се дига околу "
Walkabout", сепак "Orientation" е каде-каде подобра епизода од оваа. Впрочем, Ориентација би ја сместил на високото трето место од сите досегашни Лок-центрични епизоди, веднаш после неприкосновената "
Deus Ex Machina" и "
The Life and Death of Jeremy Bentham". Дури потоа следуваат "Walkabout", "
The Man From Tallahassee" и "
Lockdown" (иако последнава можеби ќе ме изненади во текот на повторново гледање, така што се’ уште не сум ја чкртнал!). Во секој случај, претходно споменативе епизоди се вистински класики на кои не би можел да им дадам помала оцена од 8.5 што доволно говори само по себе за тоа колку е квалитетен Лок како лик.
Но, да се вратам на темата. Зошто епизодава намами толку позитивни импресии кај мене? Па, многу јасно, конечно, после цели три „проклети“ епизоди се размрдаа работите! Конечно (повторувам: КОНЕЧНО) ни беше откриено за што служи компјутерот во окното (и покрај тоа што за првпат го видовме уште во премиерата!), а покрај ова момент за паметење беше и првото спротивставување, или поточно речено инатење на Џек, кога се работи за „теоријата“ на Дезмонд во врска со „спасување на светот преку притискање на копчето“. Од друга страна Лок веднаш поверува во неговите зборови и нормално, тука започнува конфликтот кој ќе ја обележи целата втора сезона - дали копчето мора да се притиска, или не?! На другата страна од Островот интересно беше да се проследи глумењето на Ана Лусија, која ќе не натера да се запрашаме дали станала дел од Другите, или сепак има и преживеани од задната секција на авионот? Флешбекот со Хелен и Лок е исто така одличен, а ова го кажува некој кој и не е баш голем фан на љубовните интриги во серијава (освен оние со Џек и Ката
). Има многу други моменти кои се едноставно речено закон, но оставам Вие да си ги издвоите сами.
Се на се, ова е уште една незаборавна Лок-центрична епизода...
Нешта кои ги забележав
Изразот на лицето на Марвин Кендл, то ест Пјер Ченг пред да го изговори зборот „Инцидент“ во
ориентационото видео од Лебедот. Едноставно се чувствува голема тага во неговиот глас. Можеби поради тоа што ја загубил единствената шанса за да „подругарува“ со својот син? Прашањето е реторично...
Интересни факти
- На оригиналната фотографија од Дезмонд и Пенелопи прикажана во Orientation биле сликани актерот Хенри Иан Кјусик со жена која очигледно е дека не била
Соња Вогер. На Соња не и било платено за да го портретира ликот на Пени се до финалето на сезоната (Live Together, Die Alone). Како и да е, сликата подоцна била измонтирана за подоцнежните прикажувања на епизодата, како и за DVD изданијата.
- Ликовите на Бернард, Синди, Либи и најверојатно Ана-Лусија во почетокот на епизодата се играни од други вонредни актери (extra). Ова најверојатно било направено поради штедење на буџетот за серијата со цел да не им платат на актерите кои подоцна ќе ја играат улогата на претходно споменатите ликови за настап во цела епизода, или бидејќи сеуште не успеале да најдат соодветни актери за портретирање на истите ликови (без Ана Лулу)...
- Последната сцена од оваа епизода неодамна успеа да влезе во изборот на
топ пет сцени со Лок.
Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов
линк.
Прашања за дискусија- Која Лок-центрична епизода е подобра:Orientation или
Walkabout?
Orientation или
Deus Ex Machina?
Orientation или
Lockdown?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтингПриказна (на Островот): 9.5
Митологија: 8.5
Флешбек: 9
Оцена: 9.00