Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| Everybody Hates Hugo (2x04) | |
| | Автор | Порака |
---|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Everybody Hates Hugo (2x04) Пон Aвг 24, 2009 7:25 am | |
| Everybody Hates Hugo (на македонски: „Сите го мразат Хуго“) е четвртата епизода од втората сезона на Изгубени и 29та од почетокот на серијата. Кратка содржинаХарли се плаши неговата нова работа да не го направи најнепопуларниот човек на Островот. Соер, Џин и Мајкл дознаваат дека луѓето од чија страна се заробени се всушност преживеани од задната секција на авионот. Клер го наоѓа шишето со пораки од сплавот, поради што таа и Сан ќе помислат на најлошото. Истражувањето на Саид во окното ќе предизвика сомнежи. Епизода која засекогаш ќе ја паметам. Everybody Hates Hugo можеби не е епизода за која ќе се зборува и по крајот на серијата, но е дефинитивно тип на епизода која ќе ви го разубави светот, барем додека ја гледате. Гледано од страната на фановите, „Сите го мразат Хуго“ не донесе премногу возбудувања и новости, но ако се ставиме во позиција на сценаристи, оваа епизода е вистинско ремек-дело преку кое уште еднаш се потврдува широкиот спектар на разбирања помеѓу сценаристите на LOST - кои овојпат ја користат Социологијата како формула за освојување на гледачите. Немаше момент кој ми беше банален, но ако морам да издвојам, најдобар би бил откритието дека Бернард е НАВИСТИНА жив. Се сеќавам дека кога за првпат ја гледав оваа епизода бев навистина трогнат поради завршницата... Исто така, епизодава може слободно да се пофали и со најсмешните цитати (претежно дело на Чарли) во досегашниве две сезони кои ги гледаме повторно заедно. Нешта кои ги забележав
Коментарот на Саид во врска со подземната просторија и од окното преку која со Џек се обидуваа да пробијат до Инцидентната соба:- „Последен пат кога сум слушнал оволку бетон да бил фрлен врз земја е во Чернобил“. Во Чернобил несреќата била предизвикана откако нуклеарниот реактор број четири експлодирал по што била ослободена огромна радиоактивна енергија. Во епизодата "The Incident" Џулиет ќе ја активира нуклеарната бомба Jughead. Знаете кон што целам зар не? Ова е веќе третиот доказ од вторава сезона за постоењето на WHH теоријата... Интересни факти
- Лицето на Волт може да биде забележано на млеко тетрапакот од кој пие Харли за време на неговиот сон. Над него има известување дека „исчезнал“! - Ова е првата епизода во која ја гледаме станицата „Стрела“ (Arrow) - Ова е исто така единствена епизода во која настапуваат сите главни ликови од втората сезона. Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов линк. Прашања за дискусија- Која Харли-центрична епизода е подобра:Everybody Hates Hugo или Numbers? Everybody Hates Hugo или Dave? Everybody Hates Hugo или The Beginning of the End? Everybody Hates Hugo или The Lie? - Која е вашата омилена сцена од епизодата? - Дали забележавте нешто необично? - Кој ви е омилен цитат? - Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек; 2) Приказна; 3) Митологија? Мој рејтингПриказна (на Островот): 8 Митологија: 6.5 Флешбек: 7 Оцена: 7.25
Навистина ми е жал што епизодава не понуди повеќе акциски моменти, да беше таков случајот, оценава ќе беше барем за едно скалило повисока... | |
| | | IceMan Преживеан
Број на мислења : 85 Age : 30 Местолокација : DHARMA Работа/Хоби : Gledanje Lost :D Registration date : 2009-05-25
| Предмет: Re: Everybody Hates Hugo (2x04) Пон Aвг 24, 2009 10:32 am | |
| | |
| | | Steff Преживеан
Број на мислења : 68 Age : 34 Местолокација : The Swan, The Island Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis Хумор : anytime =) Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Everybody Hates Hugo (2x04) Сре Aвг 26, 2009 4:49 pm | |
| па добро.. Хуго епизода.. интересна, ама ништо не се случува.. мн добри цитати (од Соер, Ана Лусија и Чарли).. ама единственото „митолошко“ нешто што го забележав е коментарот на Саид.. да, се потврдува теоријата WHH.. ама интересно беше како Саид рече "...they poured the concrete..." или нешо слично.. а најверојатно баш тој и Џек го забетонирале тој дел од станицата =))
а за тоа со Волт на млекото.. секогаш имав слушано за тој истер ег, ама никогаш го немав приметено.. ни сега не го приметив, ама од кога прочитав тука, ја пуштив епизодата пак и конечно го видов =)) не знам што би можело да значи, ама сепак интересен истер ег =)
и да.. последната сцена (со Бернард) е стварно добра и гаѓа емоционално =) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Everybody Hates Hugo (2x04) Чет Aвг 27, 2009 4:53 am | |
| - IceMan напиша:
- Everybody Loves Hugo
- Steff напиша:
- па добро.. Хуго епизода.. интересна, ама ништо не се случува.. мн добри цитати (од Соер, Ана Лусија и Чарли).. ама единственото „митолошко“ нешто што го забележав е коментарот на Саид.. да, се потврдува теоријата WHH.. ама интересно беше како Саид рече "...they poured the concrete..." или нешо слично.. а најверојатно баш тој и Џек го забетонирале тој дел од станицата =))
Да, можеби ништо посебно не се случи, ама епизодава остава огромен впечаток бидејќи е навистина топла...ако ме разбираш што сакам да кажам. Мислиш дека баш тие го покриле со бетон?? Јас се сомневам во тоа. - Цитат :
- а за тоа со Волт на млекото.. секогаш имав слушано за тој истер ег, ама никогаш го немав приметено.. ни сега не го приметив, ама од кога прочитав тука, ја пуштив епизодата пак и конечно го видов =)) не знам што би можело да значи, ама сепак интересен истер ег =)
Јас не ни знаев дека имало ваков истер ег воопшто, ама ододма ја забележав сликата на Волт на млекото. Мислам, ми истера очи натписот "MISSING", не знам како ти не си успеал да го видиш?? - Цитат :
- и да.. последната сцена (со Бернард) е стварно добра и гаѓа емоционално =)
Да, се сеќавам кога првпат ја гледав епизодава, речиси и да заплакав на крајот. | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Everybody Hates Hugo (2x04) Чет Aвг 27, 2009 8:50 pm | |
| | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Everybody Hates Hugo (2x04) Вто Сеп 01, 2009 4:21 am | |
| Пријатно ме изненади оваа епизода. Иако не е LOST класика, сепак е вредна за гледање. Харли е закон лик, IceMan убаво кажа, не верувам дека има фан што не го сака Хуго. Флешбекот е доста добар, штета што така испадна она со другар му (од кај им текна само да го изберат она типче, прав контраст на Харли е ) . Пополека ги запознаваме преживеаните од задниот дел на авионот, а дефинитивно најубава работа е кога дознавме дека Бернард е жив и дека Роуз не се надевала попусто. Плус имавме уште еден емотивен музички крај. За сцените во хечот, навистина имаше огромни хинтови за Инцидентот. И јас се согласувам дека се потврдува теоријата WHH со ова, и дека Џулс го предизвика Инцидентот со активирањето на бомбата. Имаше и потврда за електромагнетизмот во овој дел од Островот, преку сцената со ланчето на Џек. Епизодава, мора да спомнам, имаше многу закон цитати, пред се од Соер. И уште нешто многу значајно - ја видовме Кејт во бањарка!!! | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| | | | Sponsored content
| Предмет: Re: Everybody Hates Hugo (2x04) | |
| |
| | | | Everybody Hates Hugo (2x04) | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|