...And Found (на македонски: „...и пронајдени“) е петтата епизода од втората сезона, односно триесеттата од почетокот на Lost.
Кратка содржинаПреживеаните од задната секција се враќаат назад на јужните плажи на Островот, но ќе налетаат на неволја откако Мајкл ќе избега од нивната трага обидувајќи се да го пронајде Волт. Во меѓувреме, во главниот камп, на Сан и се крши срцето кога ќе сфати дека го загубила својот венчален прстен.
Без сомнение, ова е до овој момент (после пет изгледани епизоди) дефинитивно најдосадната епизода од втората сезона, во која и покрај тоа што добивме задоволителни и по малку шокирачки дваесетина минути посветени на трагањето по Мајкл низ џунглата, сепак досадниот флешбек и баналната приказна со прстенот на Сан во главниот камп на крајот го расипуваат конечниот впечаток.
Како сцени кои ќе ги помниме и во иднина ги издвојувам:
- појавувањето на Другите во џунглата додека Еко и Џин се кријат во грмушки;
- првото признание на Кејт дека СЕПАК има некакви чувства кон Соер; и
- првото спомнување на Гудвин, кој ќе го запознаеме две епизоди подоцна, а по неколку сезони ќе дознаеме дека всушност бил и важна фигура кај Другите, а пред се во животот на Џулиет.
Се друго во епизодава беше потпросечно и далеку од впечатливо...
Нешта кои ги забележав
Забележав дека окното не го видовме во епизодава. Ми фалеше, навистина. Можеби да го видевме ќе имав со што друго да го пополнам овој дел од постот...
Интересни факти
- Насловите "...And Found" и "
...In Translation" се всушност крај на популарните фрази "
lost and found" и "
lost in translation". И двете епизоди се Џин и Сан центрични!
- На апликацијата за вработување, претставена е и и-мејл адресата на Џин која е
jinsoo74@yahoo.com- "...And Found" е првата заедничка Џин и Сан центрична епизода во која настаните ни се претставени преку перспективите и на двата ликови. Претходно, во првата сезона и двата лика добија по своја одделна флешбек епизода во која ни беа претставени истите флешови, но еднаш од перспективата на Сан ("
House of the Rising Sun"), а следниот пат од перспективата на Џин ("
...In Translation")...
Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов
линк.
Прашања за дискусија- Која заедничка Сан и Џин центрична епизода е подобра:...And Found или
The Glass Ballerina?
...And Found или
Ji Yeon?
...And Found или
This Place is Death?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтингПриказна (на Островот): 7
Митологија: 7
Флешбек: 5
Оцена: 6.30