Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Abandoned (2x06)

Go down 
3 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Abandoned (2x06) Empty
ПишувањеПредмет: Abandoned (2x06)   Abandoned (2x06) I_icon_minitimeСре Aвг 26, 2009 6:05 am

Abandoned (на македонски: „Напуштени“) е шестата епизода од втората сезона на Lost премиерно прикажана на 9. ноември 2005. Ова е единствената Шенон-центрична епизода во втората сезона.

Кратка содржина
Кога Шенон ќе го види Волт во нејзиниот шатор, таа ќе биде убедена дека на него му е потребна помош. Во меѓувреме, раната на Соер од пиштол започнува да се инфицира, што го успорува темпото на групата од задната секција на авионот кон патот до кампот, која ќе мора да се соочи со ризикот да премине низ џунглата од каде што Другите за првпат го спроведоа својот напад.
Abandoned (2x06) 2X06_ShannonIsland
Одлична, возбудлива и шокантна епизода во која се збогуваме со вториот член на оригиналните преживеани од авионот - Шенон!!! Факт е дека овој лик започна да добива се поспоредна улога уште во почетокот на сезоната, па затоа, сега, по две години откако ја изгледав за првпат со „мирна“ глава епизодава можам слободно да констатирам дека ова е правилна одлука на сценаристите. Лик од типот на Шенон не може никогаш да заврши среќно...едноставно не би прилегало една таква особа која целиот свој живот го потрошила уживајќи во поволностите на животот преку парите кои нејзиниот татко ги заработувал да добие „среќен“ крај. Посебно не во серија каква што е Изгубени!

Знам дека постојат одредени фанови на Шенон и на форумов. Знам дека некои од нив ќе се налутат на моиве зборови. Но, мојата препорака до Вас е да не се лутите, туку да бидете благодарни што воопшто сценаристите и и’ посветиле една ваква епизода на неа, па наместо таа да заврши фатално без некој да се потресе премногу, таа ни го понуди веројатно најшокирачкиот настан од оваа сезона - умирајќи во рацете на Саид, откако беше убиена од страна на Ана Лусија. Потег поради кој Ана ќе добие многу „непријатели“ пред малите екрани, а Шенон - симпатии поради начинот на кој умре и флешбекот кој не натера да ја сожалуваме...

Нешта кои ги забележав
Abandoned (2x06) - во моментот кога Волт ќе и се појави на Шенон се гаси свеќата во шаторот.
Dead is Dead (5x12) - во моментот кога Чудовиштето ќе започне да излегува од Храмот, запалениот факелот кој го држи Бен се гаси...

По ова верувам дека не постои никаква дилема оти Волт бил само визија создадена (проектирана) од Чудовиштето, слично како и во случајот со Јеми...

Покрај ова, си земам за право да кажам дека Синди воопшто не беше грабната од Другите (да беше ова случајот ако ништо барем ќе вреснеше!), туку дека таа имала уште од претходно постигнато некаков „договор“ со нив. Забележете го нејзиното чудно однесување во епизодава и ќе ви стане јасна ситуацијата.

Интересни факти
- Џек се разминува со Шенон и Сабрина во болницата каде што двајцата се информирани за смртта на Адам Рутерфорд која што претходно ја видовме од перспективата на Џек во "Man of Science, Man of Faith" (човекот кој умира во 8:15, додека Џек ја оперира Сара, е всушност Адам!)
- Ова е првата епизода во која не настапува Кејт.
- Бун се појавува за прв и последен пат во втората сезона токму во флешбекот на Шенон. Подоцна ќе го видиме уште еднаш, во третата сезона, во краткиот сон кој Џон ќе го доживее по имплозијата на окното...
- Во избришана сцена од епизодава е прикажан уште еден дијалог помеѓу Шенон и Сабрина кој двете го водат по погребот. Сабрина кажува дека единственото нешто кое двете го делат е нивната љубов кон Адам Рутерфорд. Сабрина го уништува овој емоционален момент кога ќе ја праша Шенон „кога ќе си замине?“.

Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов линк.

Прашања за дискусија
- Која Шенон-центрична епизода е подобра:
Abandoned или Hearts&Minds?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 9
Митологија: 9
Флешбек: 8

Оцена: 8.65
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

Abandoned (2x06) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Abandoned (2x06)   Abandoned (2x06) I_icon_minitimeСре Сеп 02, 2009 12:30 am

абе чудна епизода..
мн тапа ФБ (освен моментот/деталот кога дознаваме дека уствари се кај Џек у болница и дека човекот шо умре у 8 и 15 е уствари татко и на Шенон).. а приказната.. онака.. тапа.
а он-ајланд приказната беше интересна.. малце измешани приказните за Шенон и Клер-Лок-Чарли-статуетката.. ама интересничко.. =)) кога ја оценував, пробав да ја качам што е можно повисоко.. само заради смртта на Шенон и појавувањето на мистериозните елементи--Волт, пак Волт и шепотењата!! можда ќе ја намалам оценката, ама сега за сега, нека седи таму високо на мојата ранг листа =)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Abandoned (2x06) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Abandoned (2x06)   Abandoned (2x06) I_icon_minitimeСре Сеп 02, 2009 1:25 am

Steff напиша:
можда ќе ја намалам оценката, ама сега за сега, нека седи таму високо на мојата ранг листа =)
Јас ја намалив, сфатив дека реакцијата не ми беше соодветна поради смртта на Шенон. Wink
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Abandoned (2x06) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Abandoned (2x06)   Abandoned (2x06) I_icon_minitimeСре Сеп 02, 2009 5:40 pm

Добра епизода, барем далеку подобра од претходната. Единствено и мене не ми допадна многу флешбекот, од што Шенон и не беше некој лик со интересна приказна. И сцените со Клер, Чарли и Лок не беа којзнае што. Останатите настани беа одлични: Волт, патот на групата на Ана Лусија, исчезнувањето на Синди, и секако, убиството на Шенон (Лостич, малку си претерал дека ова е најшокантен момент од втората сезона, сепак натаму ќе има многу пошокантни настани).

За појавувањето на Волт, нема шанси тоа навистина да е тој, очигледно Островот си поигруваше со Шенон. Најлогично ми изгледа Чудовиштето да го има преземено неговиот облик. Иако, не ми текнува зошто баш би и се појавувал на Шенон, а не на некој друг. Ама, барем најдоа интересен начин да убијат досаден лик. Laughing За Синди, забележав и јас дека типката се однесува помалку чудно, и исто не мислам дека со сила ја киднапираа. Во третата сезона нели видовме дека не е заробена, туку убаво си живее на Хидра островот. Може таа цело време е една од Другите, а не случајно била стјуардеса токму на летот 815 (сепак, ова е LOST!) Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Abandoned (2x06) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Abandoned (2x06)   Abandoned (2x06) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Abandoned (2x06)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: