Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 The Other 48 Days (2x07)

Go down 
3 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

The Other 48 Days (2x07) Empty
ПишувањеПредмет: The Other 48 Days (2x07)   The Other 48 Days (2x07) I_icon_minitimeПет Aвг 28, 2009 7:17 am

The Other 48 Days (на македонски: „Другите 48 дена“) е седмата епизода од втората сезона на Изгубени и единствената мултицентрична од оваа сезона.

Епизодата е уникатна и единствена досега која се одвива во минатото - но, потполно на Островот, покажувајќи ни ги првите 48 дена живот на ова место поминати од страна на групата преживеани од задната секција на авионот...

Кратка содржина
Откако ќе се најде среде хаосот по преживеаната ужасна авионска несреќа, Ана Лусија Кортез станува де факто лидерот на групата на преживеани од задната секција на авионот. Како и да е, нивната новооформена заедница ќе биде изложена на огромен стрес, бидејќи истата ќе стане цел на напади од непозната група на индивидуалци кои го населуваат Островот.
The Other 48 Days (2x07) Oth1
„Другите 48 дена“ е епизода која ќе остане засекогаш запаметена бидејќи е првата во која ќе ни бидат понудени вистински одговори на претходни мистерии. Од таа причина, оваа епизода отсекогаш беше, и засекогаш ќе си остане класика.

Во секој случај, гледајќи ја уште еднаш, по само вторпат, можам да заклучам дека се работи за епизода која останува запаметена само поради горенаведениот факт. Нема апсолутно ниту еден друг момент по кој би ја запомниле The Other 48 Days. Дури ниту елементот на изненадување не беше во игра, бидејќи уште во минатите епизоди ни беше откриено дека Гудвин е предавник и дека групата била нападната во два наврати од страна на Другите. Единствено нешто кое ме изненади и шокира е Господин Еко и неговото 40-дневно молчење во знак на револт откако ќе убие двајца Други во самоодбрана. Сцената во која Ана за првпат по 40 дена заплакува, а тој за првпат по исто толку денови прозборува е феноменално изработена... Покрај оваа сцена, за паметење и онаа во која ни е откриена мистеријата за радио врската која Бун ќе ја воспостави со НЕКОГО. На крајот, испаѓа дека тоа биле преживеаните од задната секција на авионот. Да, овој дел од трансмицијата го слушнавме уште во Deus Ex Machina, но овде е за првпат потврдено дека не се работело за Другите!

Од друга страна, не ми се допадна како беше третиран Нејтан, кој четири денови беше „гнавен“ од Ана, за потоа таа „магично“ (откако типот ќе „исчезне“) да сфати кој всушност бил предавникот (Гудвин). Ова е единственото нешто кое не можев (и се’ уште не можам) да го проголтам.

Последните пет минути се исто така одлично изработени и измонтирани. Забележете колку малку дијалози има токму во текот на овие минути, а колку е сепак таа сцена морничава и ефикасна спрема гледачите...вакво нешто тешко се случува во серија!

Сума-сумарум "The Other 48 Days" е солидна епизода, во која се кријат одговори кои ги „пецкаа“ гледачите уште по почетокот на втората сезона, но на која и фали возбуда, или поточно речено - елементот на изненадување, како што спомнав погоре...

Нешта кои ги забележав
Имам причина да верувам дека Еко знаеше кој е вистинскиот предавник помеѓу редовите на преживеаните. Тој беше единствениот кој без страв и се спротивстави на Ана Лусија веднаш штом таа го бутна Нејтан во јамата (дури и му даваше храна!), а исто така изгледаше прилично посмирено откако виде дека Ана се враќа без Гудвин на денот кога тој ќе биде убиен од нејзина страна. Дали Еко намерно не им ја откри тајната на своите пријатели поради некои свои лични причини (запомнете, тоа е истиот тип кој не збореше цели 40 денови откако уби луѓе во самоодбрана!) или јас тресам глупости не знаеме се’ уште...а прашање е дали воопшто и ќе дознаеме!

Интересни факти
- Господин Еко го креира својот стап во епизодава, истиот стап кој подоцна ќе стане негов „заштитен знак“.
- Веднаш штом задниот дел од авионот паѓа во водата, може да се слушне звукот на Чудовиштето.
- Во епизодата "Jughead" дознаваме дека американската армија го посетувала Островот во текот на 50тите години од 20тиот век. Ова може да биде објаснување за тоа како џебните ножеви со кои се бореа Ана и Гудвин се нашле на Островот.
- Ова е првата епизода во која не настапуваат Харли и Џек. Со ова веќе не постојат ликови (актери) кои настапиле во секоја епизода од серијата.
- "The Other 48 Days" е првата епизода од Lost која трае 5 минути подолго од стандардните едночасовни епизоди од серијата. Други епизоди кои го продолжуваат овој тренд се: "What Kate Did", "The Long Con", "Maternity Leave", "Dave", "?", "316" и "The Life and Death of Jeremy Bentham".

Прашања за дискусија
- Која специјална епизода од втората сезона е подобра:
The Other 48 Days или Maternity Leave?
The Other 48 Days или The Long Con?
The Other 48 Days или What Kate Did?
The Other 48 Days или Dave?
The Other 48 Days или "?"?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Задоволство*;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Задоволство: 7.5
Митологија: 9
Флешбек: 9

Оцена: 8.55

*стандардниот критериум е заменет бидејќи целата епизода е всушност флешбек
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

The Other 48 Days (2x07) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Other 48 Days (2x07)   The Other 48 Days (2x07) I_icon_minitimeСре Сеп 02, 2009 12:41 am

мн интересна епизода!!
класика!
не знам зашо викаш дека и фали возбуда на епизодава кога е стварно ЗАКОН!! ептен е возбудлива.. добро, знаевме дека Гудвин е шпионот, ама сепак они не знаеа и интересно беше да се следат случките..
а да не ја спомнуваме самата идеја за епизодава.. мн добар сторителинг.. иако хронолошки е линеарен, ми се свиѓа зашто само во една епизода ни открива што се им се случило на ликовите кои „само што ги запознавме“.. и ми се свиѓаат вакви епизоди, кои раскажуваат исклучиво за некој карактер или група карактери, во период кој веќе сме го „доживеале“, а не сме знаеле што се случува со нив (исто и Three Minutes со Мајкл, The Brig со Лок и Експозе со Ники и Пауло) зашто случките во овие епизоди се испреплетуваат со некои случки кои претходно сме ги виделе, но сега од друга перспектива и затоа се многу интересни за следење..
мене мн ми се свиѓа епизодава и ми една од најомилените од 2ра сезона и воопшто од цела серија =)
ај сеа да идам да ја рангирам да видам колку високо ќе отиде =)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

The Other 48 Days (2x07) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Other 48 Days (2x07)   The Other 48 Days (2x07) I_icon_minitimeПет Сеп 04, 2009 8:11 pm

Доста солидна епизода, одлично пополнија со неа доста „дупки“ во приказната. Сепак, единствен пропуст е што претходно знаевме дека Гудвин е предавник, ќе беше многу подобро ако тоа го дознаевме во оваа епизода. Инаку, ми паднаа во очи неколку работи:

- Не е толку битно, ама забележав дека при почетокот на епизодата камерата се фокусираше за момент на мечето на Зак, истото мече што можеше да се види пред две епизоди кога Еко и Џин ги видоа Другите.

- Некако и во оваа епизода Синди се однесуваше помалку сомнително. Кога предложија да се тргнат од плажата, таа беше една од оние што настојуваше да останат таму. Може „тресам зелени“, ама не исклучувам дека и таа на некој начин е поврзана со Другите.

- Најважно што забележав е коментарот на Гудвин дека Нејтан не бил добра личност, и затоа не бил на листата. Зошто е ова важно? Знаеме дека листите ги прави Џејкоб, веќе неколку пати е потврдено, ама сеуште не знаеме како се избрани луѓето што се на листа. Исто знаеме дека Џек не е на листата, а очигледно дека Еко е, само што не успеаа да го киднапираат. Ова може да значи дека Џејкоб ги одбира најдобрите, кои немаат некави гревови од минатото. Може сака да ги заштити тие што се на листата, па затоа ги грабнаа децата. За Еко може нареди да го грабнат зашто е свештеник, без разлика на неговото минато. А за Џек и останатите што ги посети и допре, Џејкоб може има други планови (да бидат на некој начин „пиони“ во неговата борба со Флок), па затоа тие не се на некоја од овие листи?!? Хехе, ми појде со овие теории, а?? Razz
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





The Other 48 Days (2x07) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Other 48 Days (2x07)   The Other 48 Days (2x07) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
The Other 48 Days (2x07)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: