Collision (на македонски: „Судир“) е осмата епизода од втората сезона, и првата од Изгубени која се фокусира комплетно на само еден преживеан од задната секција на авионот (Ана Лусија). Премиерно била прикажана на 23. ноември 2005.
Кратка содржинаПо трагичните настани во џунглата, Ана Лусија паничи и ја загрозува безбедноста на сите околу себе. Во меѓувреме, Господин Еко го носи Соер со него за да го најде докторот, што ќе доведе до драматично запознавање помеѓу двете заедници на преживеаните од летот 815 на Океаник...
Конечно ја добиваме разврската по трагедијата која настана откако Ана Лусија ќе ја умртви Шенон застрелувајќи ја со пиштол. Три епизоди беа потрошени на овој настан, исто како што беа потрошени три епизоди и при отворањето на окното, кое го гледавме од три перспективи (Џек, Лок и Кејт). Се’ вкупно, ова се неверојатни 6 од вкупно осумте досега (повторно) изгледани епизоди во кои сме „заглавени“ на една те иста тема. Ова е уште доказ дека втората сезона беше екстремно спора, но во истовреме и многу квалитетна и богата со разноразни шок ситуации...
Моменти за паметење:- го дознаваме мрачното минато на Ана и нејзиното извршено убиство врз убиецот (Џејсон) на нејзиното се’ уште неродено дете.
Зошто секогаш лидерите во Lost се луѓе кои донесуваат одлуки без да избројат до 10?!- Роуз и Бернард и Џин и Сан конечно се обединуваат - сцената во која се случува ова е спектакуларно измонтирана!
- на Скејт фановите сигурно им се допаднал и моментот во кој Кејт му шепка на уво на Соер со цел тој да го прими антибиотикот кој ќе му помогне да оздрави. На мене искрено, не баш.
- сцената во која Саид и Ана Лусија си разменуваат искуства. На крајот, и двајцата сфаќаат дека повеќе немаат живот...
- и секако, дефинитивно најдобриот момент од оваа епизода е крајот, во кој двајцата лидери се гледаат очи в очи за првпат по нивната средба на аеродромот во Сиднеј.
Нешта кои ги забележавИнтересен е хинтот со бесмртноста. Не знам дали некој од Вас забележа дека Лок, во моментите кога Џек го внесуваше Соер во окното пополнуваше крстозбор на кој решението под број 42 (пријател на Енкиду) беше Гилгамеш.
За оние кои не знаат (или поточно речено, не учат во Корчагин) епот за Гилгамеш е најпознатото древно дело на Сумерците напишано на Вавилонски јазик во кое постојат два херои: Гилгамеш - паметниот, убавиот и развиениот полу-човек, полу-бог и лидер (крал) на Урук и Енкиду, кој е дојден од дивината и’ и покрај тоа што е доволно силен, можеби и посилен од Гилгамеш, сепак тој нема да успее да го совлада него бидејќи Гиш ќе има еден огромен адут на своја страна: паметот и трпението.
Како и да е, после нивната битка, Гилгамеш одлучува да се спријатели со Енкиду, па откако ова ќе се случи, двајцата храбро тргнуваат во потера по непријателите на граѓаните од Урук. По некое време, откако двајцата ќе им се спротивстават на боговите во повеќе наврати, Енкиду во сон ќе дознае дека ќе умре за 12 дена. Откако ова ќе се случи, Гиш започнува да тагува по својот пријател (
ОВА ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО!) и сфаќајќи дека што и да прави на крајот и него го очекува смрт, започнува да трага по тајниот еликсир на
бесмртноста.
Другото што се случува во епот е неважно за нас. Она што е важно е дека во серијава дури и таму каде што не очекувате ќе најдете навестување за некаков иден настан. Со оглед на тоа што Џејкоб, неговиот непријател и Ричард Алперт се чини дека не стареат, сето ова што го прочитавте се надевам дека ви беше ако ништо барем интересно како информација...
А, и да не заборавам да кажам: не би се изненадил ако тајниот еликсир на бесмртноста во случајов од Lost се се’ уште неоткриените моќи на Островот!
Интересни факти- Оваа епизода оригинално била промовирана како Чарли-центрична со наслов „Old Habits“ (Стари навики) со цел да се скрие смртта на Шенон. Продуцентите се надевале дека гледачите ќе си помислат дека епизодава ќе се фокусира околу Чарли и неговото повторно користење на хероин.
- Во избришана сцена од "Collision" гледаме како Либи зборува со заробениот Саид. Таа му се претставува на него, додека пак тој бара од неа да го ослободи. Либи му кажува дека не може да го стори тоа, а Саид и го открива името на Шенон - „жената која Ана Лусија ја убила“. Саид и укажува дека таа е исплашена од Ана Лусија и затоа не сака да го одврзе од дрвото.
Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов
линк.
Прашања за дискусија- Која центрична епизода со Ана Лусија е подобра:Collision или
The Other 48 Days?
Collision или
Two for the Road?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтингПриказна (на Островот): 8
Митологија: 7
Флешбек: 7
Оцена: 7.35