The 23rd Psalm (на македонски: „Дваесет и третата псалма“) е десеттата епизода од Изгубени и првата Еко-центрична од втората сезона. Премиерно била прикажана на 11 јануари 2006 година.
Кратка содржинаКога Еко ќе пронајде статуа од Света Богородица на Островот, тој ќе му побара на Чарли да го однесе до местото од каде што ја нашол. Во станицата Лебед, Мајкл продолжува да комуницира преку компјутерот со својот син без другите преживеани да знаат за тоа.
Една од најдобрите епизоди во втората сезона...и единствена во која го гледаме Чудовиштето! Конечно добиваме одговор на безбројните прашања поврзани со, според мене, најмистериозниот лик помеѓу преживеаните од летот 815 - господинот Еко, за кого ќе дознаеме оти имал многу, многу...ПРЕМНОГУ тешко расипничко минато кое се надзирало уште од моментот кога го спасил својот брат од сигурна смрт... По цели десет епизоди од оваа сезона на „дневен“ ред дојде и приказната со Чарли и неговата статуа во која има хероин, која, да бидеме искрени - сите од нас ја очекуваа уште од премиерата на сезоната.
Сите моменти во епизодава беа перфектно изработени и осмислени, така што не е потребно да ги набројувам сега. Во секој случај, најдобар беше моментот со Чудовиштето, кое дури и помислив дека се исплаши од Еко кога ја гледав првпат епизодава. Нормално, една сезона подоцна дознавме дека тоа не била вистината, а по три години ќе дознаеме и дека сето тоа било дел од големиот план на човекот во црно (противникот на Џејкоб) кој веројатно само го тестирал Еко...
Нешта кои ги забележавИ покрај тоа што бев уверен оти Чудовиштето не може да завземе нечие тело кое што е запалено (поради ритуалот кој Другите го практикуваа при погребувањето на нивна членка во третата сезона) сепак, сега веќе не сум уверен толку многу во оваа теорија. Еко го запали телото на својот брат со цел тој да почива во мир, но, неколку денови подоцна ќе го видиме Јеми како халуцинација (или што и да е) создадена од Смоуки!
Значи отсега не им верувајте на ваквите теории според кои палењето на телата оневозможува истите да бидат заробени од Чудовиштето... Веројатно е нешто друго во прашање... (можеби палење и потоа оставање на телата во океанот!?). Засега немам друга теорија во врска со ова.
Интересни факти
- Додека Еко се ѕвери во Чудовиштето, многу фаци од неговото минато можат да се видат во внатрешноста на чадот доколку ја замрзнете (паузирате) сцената.
- Сите флешбеци со Еко во Африка се снимени со жолтеникави објективи, за да се даде впечаток оти се работи за заостанат трет свет.
- Саид не учевствува во епизодата иако биле снимени сцени со него кои подоцна се избришани.
- Ако ја пуштите забрзано сцената со Чудовиштето ќе чуете како некој повторува разни звуци од типот на „Ва Ва Ва“. На тој начин всушност се генерирал завивачкиот звук на Чудовиштето.
Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов
линк.
Прашања за дискусија- Која Еко-центрична епизода е подобра:The 23rd Psalm или "
?"?
The 23rd Psalm или
The Cost of Living?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтингПриказна (на Островот): 9
Митологија: 8.5
Флешбек: 8
Оцена: 8.50