Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Fire+Water (2x12)

Go down 
2 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Fire+Water (2x12) Empty
ПишувањеПредмет: Fire+Water (2x12)   Fire+Water (2x12) I_icon_minitimeВто Сеп 08, 2009 1:50 am

Fire+Water (на македонски: „Оган и вода“) е дванаесеттата епизода од втората сезона на Lost, премиерно прикажана на 25. јануари 2006тата година. Ова е единствената Чарли-центрична епизода во втората сезона.

Кратка содржина
Чарли доаѓа до заклучок дека Арон мора да биде крстен и „спасен“, нешто кое ќе го потсети него на своето минато во кое тој се обидува да го спаси својот поголем брат. Во меѓувреме, првите знаци за врска помеѓу Харли и Либи започнуваат да се покажуваат.
Fire+Water (2x12) CharlieLiamSaved
Нешто не е в ред со оваа епизода. Започнува чудно, продолжува чудно и завршува чудно. И тоа не чудно во оној нормално чуден-Lost стил, туку чудно како ЧУДНО!!!

Дефинитивно најлошата епизода од досегашните 37 кои ги ривочувавме. Целосно се посветува на тотално неважна приказна која во текот на наредните епизоди комплетно ќе ја заборавиме.

И да, едноставно не можам да го проголтам фактот дека Лок го удри така Чарли. И првиот пат кога ја гледав епизодава многу се изнервирав по оваа сцена. Секако, тој си го заслужи тоа, но мислам дека моментот со тупаницата беше прелевање на чашата - нешто кое епизодава ќе го повтори во повеќе наврати.

Инаку, се прашувам што е финтата со флешовите/визиите/соновите или, што и да се, кои ги доживува Чарли!?

Според мене без сомнение единствен момент за паметење од "Fire+Water" беше флешбекот во кој Drive Shaft снимаат реклама за пелени пеејќи ја преработката на "You All Everybody", наречена "You All Everybutties". :)))

Нешта кои ги забележав
Џон Лок. Имаше нешто чудно во врска со типов во оваа епизода. Одеднаш на него воопшто не му е гајле за окното, воопшто не го интересира тајмерот, смените за вметнување на бројките. Се’ што го интересира е Клер и Арон. Сосема нормално, ова може да се каже дека произлегува како резултат на лошо изработеното сценарио за епизодава кое за жал има доста недостатоци и нелогичности. Или...можеби ова е првиот хинт оти некој се реинкарнирал во телото на Лок?!
Fire+Water (2x12) Wtf2x12
Обрнете внимание на сцената која се одвива од 21 минута и 35. секунда па некаде до 21:50. Сликата од погоре е превземена токму од оваа сцена.

Дали Есау е тој кој ги праќа соновите на Чарли во епизодава? И дали тој само за „момент“ го превзел телото на Џон за да го следи развојот на настаните одблизу?!

Најверојатно не, но мора да признаеме дека однесувањето на Лок во оваа епизода беше прилично непристојно, чудно, дури и за негови стандарди.

Друго нешто кое забележав беше одбегнувањето на Либи во врска со прашањето на Харли „од каде тој ја знае неа“... И покрај тоа што на крајот ќе се извади, кажувајќи дека тој ја згазнал нејзината нога додека го барал своето седиште во авионот, сепак сум 100% сигурен дека има нешто повеќе од САМО ова.

Со самото одбегнување на поставеното прашање, како и нејзината фаца откако ќе го слушне истото, Либи станува прилично сомнителна. Неколку епизоди подоцна (во "Dave"), ќе видиме и зошто...

Интересни факти
- Кога Чарли ги замислува својата мајка и Клер на плажата, авионот со нигеријските дилери може да се види како паѓа во џунглата.
- Банерот на корпорацијата Видмор може да се забележи кај Battersea електраната во флешбек. Ова се смета за првата референца на Видмор во серијата.
- Описот на Еко во врска со крштевањето на Исус е незначајно грешен. Католичката црква учи дека Исус бил роден без никаков грев. Иако тој ја кажува приказната од перспективата на Јован Крстителот, сепак неговите погледи се разликуваат од Католистичките. Можно е ваквите грешки да се намерно додадени во сценариото, со оглед на тоа што Еко немал формален религиски тренинг (од тоа што ние го знаеме), и според тоа не е целосно запознаен со традициите на црквата.

Цитатите од епизодава се достапни на следниов линк.

Прашања за дискусија
- Која Чарли-центрична епизода од првите две сезони е подобра:
Fire+Water или The Moth?
Fire+Water или Homecoming?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 5
Митологија: 6
Флешбек: 6.75

Оцена: 5.85
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Fire+Water (2x12) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Fire+Water (2x12)   Fire+Water (2x12) I_icon_minitimeПет Сеп 11, 2009 5:48 pm

Откако почна ривочов, секоја епизода прво ја гледам, ја ставам во ранкинг-листата, па потоа гледам што напишале другите за неа, па јас давам коментар. За оваа епизода баш ме интересираше што напишале другите, кога гледам, Лостич го напишал истото што сакав и јас. Laughing

Дефинитивно најлоша епизода од сите досега „ривочувани“. Тотално непотребна приказна. Слободно и да не ја снимале епизодава, немале да згрешат. Оние бизарни соништа на Чарли немам претстава што значеа, а и не сакам да теоретизирам, пошто епизодава, пак ќе речам, е „тапа“. Некои работи немаа никаква логика, посебно при крајот на епизодата. Колку и Чарли да беше загрижен за Арон, нелогично е што го запали пожарот во кој можеа да загинат сите, само за Арон да биде крстен. Лок е посебна приказна. Не знам од каде толку тој интерес за Арон. Она кога гледаше од страна изгледаше многу морничаво, дури и јас за момент помислив да не е ова Флок, ама одма си реков „нема шанси“. Единствено ми се допаднаа некои сцени од флешбекот (посебно рекламата со пелените) Razz , и заљубениот Харли. Smile
Вратете се на почетокот Go down
 
Fire+Water (2x12)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: