Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 The Long Con (2x13)

Go down 
3 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

The Long Con (2x13) Empty
ПишувањеПредмет: The Long Con (2x13)   The Long Con (2x13) I_icon_minitimeСре Сеп 09, 2009 1:10 am

The Long Con (на македонски: „Големата измама“) е тринаесеттата епизода од втората сезона на Lost, или вкупно 38ма од почетокот на серијата.

Кратка содржина
Кога Сан ќе биде нападната од непознат човек, Соер и Кејт не се согласуваат со тврдењата дека Другите се одговорни за нападот и започнуваат да се сомневаат во некој поголем и претходно оркестриран план.
The Long Con (2x13) 2x13_cassidy_sawyer
Забавна и неочекувано шокирачка епизода. The Long Con на еден лесно сфатлив начин ни го претставува Соер како вистински измамник. Човек кој успева во своите намери, дури и тогаш кога сите си мислиме дека не постои било каква шанса за тоа. Човек кој испаѓа оти нема никакви чувства кон никого, освен кон самиот себеси.

Интересно е како флешбекот и приказната на Островот се надоврзуваат едни со други. Навистина, не само Чарли, туку и јас се запрашав како е возможно толку многу интриги да бидат измислени од било кој човечки мозок.

Единствено нешто кое ја прави епизодава заборавлива после неколку изминати епизоди е фактот што истата, колку и да сакаме да го одбегнеме неизбежното, е само минорен сетап за големото финале кое ќе следува десет епизоди подоцна. Како и да е, хинтот со радиото за патувањето на Островот низ времето е толку пародично претставен што те тера да си ја удриш главата од ѕид во очај дека не е возможно туку-така сценаристите да си поиграле со нас. Навистина ништо не се случува без причина во Изгубени!!!

Нешта кои забележав
Покрај горенаведениот хинт со радиото, забележав како вешто Чарли беше запоставен во сите сцени со киднапирањето на Сан. Уште едно нешто за кое мора да им дадеме огромен аплауз на сценаристите (ако некогаш ги сретнеме...)

Во ниеден момент не се посомневав дека тој е виновникот, иако е јасно дека сценаристите ни го посочуваат тоа уште во првата сцена на епизодава која ја отвораат токму Чарли и Соер!

Друго нешто за жал не успеав да забележам...

Интересни факти
- Мајката на Кејт, Дајана, можеме да ја видиме како келнерка додека Соер и Горди нарачуваат јадење.
- Кога Саид доаѓа за да му го покаже на Харли радиото кое го поправил, Харли ја чита книгата Bad Twin напишана од Гери Труп. Гери Труп е човекот кој беше вовлечен во турбината на авионскиот мотор неколку мига по падот на летот 815.
- Во последното клип-шоу од петтата сезона, Lost: A Journey in Time, беше потврдено дека радио сигналот кој го слушнавме во оваа епизода, го слушнавме како резултат на патување низ времето.
- Додека Саид и Харли седат на плажата и го слушаат радиото, во 39. минута и 27. секунда од епизодата, искра од оган може да видиме како го „напаѓа“ Харли нешто погоре од неговата горна усна.
- Во "Outlaws", додека Соер и Кејт ја играат играта „Јас никогаш“, тој ќе открие дека носел розева маица. Во неговиот флешбек, тој става розева маица откако ќе спие со Кесиди.

Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов линк.

Прашања за дискусија
- Која Соер-центрична епизода од првите две сезони е подобра:
The Long Con или Confidence Man?
The Long Con или Outlaws?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 8
Митологија: 8.5
Флешбек: 8

Оцена: 8.10


Последната промена е направена од Losteech на Нед Сеп 13, 2009 12:53 am. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

The Long Con (2x13) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Long Con (2x13)   The Long Con (2x13) I_icon_minitimeСре Сеп 09, 2009 7:51 pm

како прво, во превод епизодава е Големата измама... Smile
продолжува коментарот... Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

The Long Con (2x13) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Long Con (2x13)   The Long Con (2x13) I_icon_minitimeСре Сеп 09, 2009 7:53 pm

Мики напиша:
како прво, во превод епизодава е Големата измама... The Long Con (2x13) Icon_smile
продолжува коментарот... The Long Con (2x13) Icon_smile
Long = долго? The Long Con (2x13) Icon_eek
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

The Long Con (2x13) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Long Con (2x13)   The Long Con (2x13) I_icon_minitimeСре Сеп 09, 2009 8:09 pm

најдобра епизода за мене заедно со константата(без финалиња и премиери)...една од најголемите класици во лост.
епизодава за мене беше посебна на неколку начини. Прво имаше одличен склоп меѓу островската и фб приказна. Одличната измама на островот но и во фб каде што соер ја изведе познатата измама The Pigeon Drop...одличните цитати, и доста добро изведена игра од страна на Соер. Тоа беше она што ми се допадна во целина без да набројувам дел по дел. Е сега на прашањето кој соер центрична епизода ми е поубава јас само ќе одговорам ова е најдобрата соер центрична епизода. Омилена сцена, се разбира говорот на соер после крадењето на оружјата и последната сцена меѓу Соер и Чарли И она познато ај ем а бед гај The Long Con (2x13) Icon_smile
Ништо необично освен што соер може да се кандидира за претцедател со овој говор The Long Con (2x13) Icon_smile
омилен цитат...да го копирам, New sherrif in town boys И се што претходеше на оваа изрека...
фб:9
Митологија:8,5
остров: 9,5
Оценка 9
поздрав The Long Con (2x13) Icon_smile

ако е лонг=долго...ако преведуваш буквално така ќе биде, но тука не за разботи должина, тука е целата работа за најголемата измама што ја извршил човекот(онаа кон кесиди) и во превод е Големата Измама...
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

The Long Con (2x13) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Long Con (2x13)   The Long Con (2x13) I_icon_minitimeСре Сеп 09, 2009 8:15 pm

ОК поправено е... Smile

Јас мислев дека Confidence Man била подобра епизода, ама испадна дека TLC е стварно најдобрата (засега) Соер-центрична епизода. Very Happy

Мислам дека круната на крајот сепак ќе и припадне на LaFleur, и покрај тоа што крајните пет минути од таа епизода ме изнервираа максимално. Wink
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

The Long Con (2x13) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Long Con (2x13)   The Long Con (2x13) I_icon_minitimeСре Сеп 09, 2009 8:24 pm

незнам мене лефлур воопшто не ми се допадна бидејќи немаше фб...а конфиденс мен имаше исто така добра островкса приказна но со фб мислам дека не е на рамниште...
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

The Long Con (2x13) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Long Con (2x13)   The Long Con (2x13) I_icon_minitimeПон Сеп 14, 2009 6:14 pm

Одлична character-base епизода, целосно ни го долови Соер како лик. Тука одма ќе кажам дека сепак Confidence man ми се допаѓа повеќе, зашто имаше поголем WTF момент кога дознавме за тоа дека Соер го напишал писмото, а не е напишано кон него.

Инаку, добра беше тука приказната и на Островот, и во флешбекот. Се покажа дека Соер не е за потценување, кога успеа да ги насамари сите. Сцената со „новиот шериф“ е една од најнезаборавните во целата серија, а и одлични беа сцените со разговорот меѓу него и Кејт, и крајната сцена со Чарли. Стварно, никој не можеше да претпостави дека и Чарли е вмешан, и тоа не заради дрогата, туку да го направи Лок будала. Razz Иронично малку е што Соер и рече на Кејт дека никогаш нема да се смени, а на Чарли му кажа дека е лош човек, а сега знаеме колку ќе се измени Соер во 4 и 5 сезона. Smile

Хинтот за time travel беше закон. Во тоа време ни на крај памет не би ми паднало дека серијата ќе оди во таа насока, ама ете, Дарлтон знаеле.... Не знаев дека потврдиле оти радио врската е резултат на time travel, фала за информацијава, Лостич. Smile Не ги следам тие клип-епизоди, а гледам понекогаш се наоѓа по нешто интересно и во нив. Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





The Long Con (2x13) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Long Con (2x13)   The Long Con (2x13) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
The Long Con (2x13)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: