Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 One of Them (2x14)

Go down 
2 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

One of Them (2x14) Empty
ПишувањеПредмет: One of Them (2x14)   One of Them (2x14) I_icon_minitimeНед Сеп 13, 2009 12:52 am

One of Them (на македонски: „Еден од нив“) е четиринаесеттата епизода од втората сезона на Изгубени и единствената Саид-центрична од истата.

Кратка содржина
Русо го води Саид до една од нејзините стапици, во која таа успеала да зароби мистериозен човек, што ќе доведе до конфликт во однос на прашањето дали тој треба да биде третиран како непријател, односно човек на Другите, или не...
One of Them (2x14) 2X14-SayidLastFlashback
Сега ми е јасно зошто епизодава ужива популарност секогаш кога се одржува купот на епизоди кај DarkUFO. Фактот дека во истата за првпат го гледаме Бен (тука настапувајќи под синонимот/алибито Хенри Гејл) е доволен, но има и многу повеќе од тоа.

Гледајќи ја по втор пат "One of Them", увидов колку само бил Бен цврст како карактер. Да се издржи вакво нешто, вакво мачење, без притоа да се прикаже никаква слабост или збунетост при (најверојатното?) измислувањето на фактите е вистинска вештина. Уште од тука се гледа дека тој кога е спремен за нешто - не се откажува се додека не се случи тоа што го намерил.

Од друга страна, епизодава уште еднаш ни потврдува дека Саид може многу лесно да распознае кога некој лаже и блефира. И покрај тоа што „Хенри Гејл“ имаше големо алиби, сепак, тој уште од првиот миг позна оти се работи за човек на Другите. На крајот ова дури и ќе испадне точно...

Нешта кои ги забележав
Како Русо се „спрема“ да го најде шаторот на Саид за време на ноќта, а притоа шета низ џунглата уште на сабајле. Нешто не штима овде. Отсекогаш сум мислел дека фаќањето на Бен во стапица било наместено, односно дека тој на некој начин успеал да ја натера да го стори тоа, ветувајќи и можеби враќање на нејзината ќерка?!

Не знам за ова, но сè уште стојам цврсто на мојот став за ова прашање. Ако Другите со години не наседнувале на стапиците на Даниел, тогаш не е возможно одеднаш сега БАШ нивниот лидер да наседне за првпат! А, и кога веќе спомнав дека е лидер, дали некој се запрашал зошто од сите луѓе тој бил испратен кај преживеаните?!

Претпоставувам бидејќи е единствен кој знае да издржи во „екстремни“ ситуации како што имавме во епизодава...?

Интересни факти
- Сем Остен е виден како држи слика од својата ќерка, Кејт, додека Саид е транспортиран со војничкиот камион. На фотографијата Кејт (Еванџелин Лили) е доста помала.
- Ова е првата епизода во која настапува Келвин Инман, играјќи ја улогата на Американски агент за време на Голфската војна. Ова е најверојатно една до две години пред тој да биде вработен во DHARMA Иницијативата, односно само неколку месеци пред истребувањето на научниците од Островот од страна на Другите...

Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов линк.

Прашања за дискусија
- Која Саид-центрична епизода од првите две сезони е подобра:
One of Them или Solitary?
One of Them или The Greater Good?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 9
Митологија: 7.5
Флешбек: 7

Оцена: 7.90
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

One of Them (2x14) Empty
ПишувањеПредмет: Re: One of Them (2x14)   One of Them (2x14) I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 7:28 pm

Уште една character-base епизода, главно ни го прикажаа ликот на Саид, ама главно ја паметам по првото појавување на Бен. Тука одма да кажам дека не мислам дека Русо беше во договор со Бен. Напротив, она што забележав е дека Русо ЗНАЕ многу добро кој е тој, сигурно убаво го има запамтено човекот што и ја украде ќерката. Само, не сакаше да му каже веднаш на Саид, иако го предупреди дека Бен „ќе лаже долго време“. Веројатно Русо знаеше дека Саид убаво ќе го „испегла“. Laughing Она што ме чуди е што бараше Бен во џунглата. Пологично е ако сакал нешто од Изгубените, да го прател Том да им каже. Може имал некаков план сам да се инфилтрира меѓу Изгубените?!? Инаку, стварно, тука гледаме колку е цврст и решителен Бен, и колку добар лажго е. Колку ли само ладнокрвно ги изнакажа сите лаги. Сепак, Саид е „детектор за лаги“, цело време се сомнева во Бен, за разлика од Џек, кој веднаш поверува. Smile Само претера малку што „одлепи“ па се истури на Бен за смртта на Шенон.

За Хенри Гејл, сигурно Бен знае што се случило со него, штом толку детално го опиша балонот. Може умрел при падот, па Другите го закопале, или може и тие го убиле.

Уште нешто, забележав една работа кога Бен го лажеше Саид. Не верувам дека е грешка во сценариото. Бен прво рече дека жена му што „умрела“ се вика Марфи, а после рече Џенифер. Дали ова е мал знак дека Бен лаже??
Вратете се на почетокот Go down
 
One of Them (2x14)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: