Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Maternity Leave (2x15)

Go down 
2 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Maternity Leave (2x15) Empty
ПишувањеПредмет: Maternity Leave (2x15)   Maternity Leave (2x15) I_icon_minitimeПон Сеп 14, 2009 3:41 am

Maternity Leave (на македонски: „Трудничко отсуство“) е петнаесеттата епизода од втората сезона на Изгубени и 40тата од почетокот на серијата. Премиерно била прикажана на први март 2006.

Кратка содржина
Кога Клер ќе се посомнева дека Арон е можеби болен, таа ќе си постави себеси мисија за пронаоѓање на вакцина, и за време на истата таа ќе започне да се присетува на парчињата кои недостасуваат од нејзината меморија додека била киднапирана од страна на Итан на Островот. За разлика од сите досегашни епизоди, флешбеците во оваа комплетно се одвиваат на Островот.
Maternity Leave (2x15) EthanClaireMedical2x15
Точно цела сезона (од петнаесеттата епизода од првата сезона, па се до петнаесеттата епизода од втората!) чекавме за да ги добиеме големите одговори во врска со киднапирањето на Клер. Точно една сезона по смртта на Итан, него го гледаме повторно во серијата, во издание кое верувам дека никој од нас не очекуваше дека ќе го видиме. Смирен, чист, трпелив и љубезен. Кој би рекол дека ваков човек ќе убие подоцна преживеани од летот 815...кој би рекол дека истиот тој Итан од епизодава, во првата сезона без трошка страв и грижа на совест речиси ќе го убие Чарли?!

И покрај тоа што епизодава е на некој начин разочарување, бидејќи одговорите кои ни ги дава се...па, да речеме, чудни на прв поглед (Другите живеат нормален живот? Другите се доктори? Другите одеднаш се грижат за Клер? Том нема брада?), сепак колку-толку може да се каже дека е една од ретките во првите две сезони кои всушност откриваат многу повеќе работи отколку што додаваат нови мистерии.

Она што ми се допадна во епизодава е тоа што не се фокусираше само на Клер и нејзината мисија. Доколку тоа беше случајот, тогаш сум сигурен дека ќе добиевме многу монотона и прилично досадна епизода. Сепак, наместо тоа, имавме и други работи за „преокупација“ во текот на овие продолжени 46 минути: моментот со Еко и „Хенри Гејл“ (кога свештеникот му ја открива својата ужасна тајна на непознаникот...) кој нема да го заборавам благодарение на лудиот потег со сечењето на брадата, интересниот дијалог помеѓу Кејт и Соер на почетокот од епизодата, а на крајот и првиот знак дека „Хенри“ е дојден со некаква цел во кампот - ако добро ја забележавте неговата насмевка во моментот кога ќе го направи Лок љубоморен на Џек искористувајќи ја притоа неговата приказна за ривалството помеѓу Хемингвеј и Достоевски.

Мора да се спомне и флешбекот кој е одлично вклопен и во кратки црти, хронолошки, ни прикажува што точно се случило со Клер додека претстојувала во најново откриената DHARMA, очигледно медицинска, станица, како и првото појавување на Алекс (ќерката на Русо) во Lost.

Нешта кои ги забележав
За момент на Итан ќе му се испушти нешто што не треба да му се испушти, откако ќе и каже на Клер дека „му е жал што ќе мора да си замине“, веројатно мислејќи на нејзината смрт и покрај тоа што таа, најверојатно како резултат на тоа што е во издрогирана состојба, нема да препознае за што всушност станува збор.

Покрај ова, интересно е да се напоменат и сигурносните врати во случај на некаква опасност на кои е напишано "ESCAPE HATCH" (напушти го отворот). За нив се’ уште има теории дека се поврзани со т.н. подземни тунели (за чие постоење ќе дознаеме преку мапата од железната врата на окното) преку кои научниците на DHARMA можеле брзо да стигнат од една станица до друга.
Maternity Leave (2x15) 120px-Escapehatch
Кое е Вашето мислење за ова?

Интересни факти:

- Настаните од флешбекот во оваа епизода се одвиваат приближно помеѓу временскиот период поминат од епизодaта "Raised by Another" па се до крајот на "Special".
- Четирите авиони поставени над креветот на Арон во "The Staff" имаат Oceanic лого на себе - исто како оние кои Клер ќе ги види во својата визија од "Raised by Another".

Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов линк.

Прашања за дискусија
- Која Клер-центрична епизода од првите две сезони е подобра:
Maternity Leave или Raised by Another?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 7
Митологија: 8
Флешбек: 8

Оцена: 7.70
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Maternity Leave (2x15) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Maternity Leave (2x15)   Maternity Leave (2x15) I_icon_minitimeЧет Сеп 24, 2009 5:39 pm

Епизодава ни даде одговор на тоа што се случувало со Клер, па затоа ја ценам. Дознавме и нешто повеќе за Другите, пред се, дека сепак не се некое диво племе кое живее некаде во џунглата. Smile Исто ни навестија дека Том не е лидер, туку некој друг (Бен, за него збореа со Итан во станицата). Иако изгледаше дека се грижат за Клер, сепак после разбравме дека го сакаат само Арон, а Клер се подготвени да ја жртвуваат. Сега знаеме дека ова го прават заради експериментирање со бременоста на Островот. Имаше уште многу добри сцени, откритието дека Русо и помогнала на Клер да се врати во кампот, појавувањето на Алекс, сцената со Еко и Бен (закон сцена, колку ли само Бен се исплаши кога го виде Еко, и после какви фаци правеше кога овој му збореше!) Laughing . И нормално, одличниот крај, тогаш првпат бев сигурен дека Бен не е тоа што се претставува. Интересно, во четвртата сезона, имаше слична сцена, кога Бен повторно беше заробен и пак вака го изнервира Лок. Smile
Вратете се на почетокот Go down
 
Maternity Leave (2x15)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: