Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 The Whole Truth (2x16)

Go down 
2 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

The Whole Truth (2x16) Empty
ПишувањеПредмет: The Whole Truth (2x16)   The Whole Truth (2x16) I_icon_minitimeНед Сеп 20, 2009 3:40 am

The Whole Truth (на македонски: „Целата вистина“) е шеснаесеттата епизода од втората сезона и 41та од почетокот на серијата.

Кратка содржина
Џон бара помош од Ана Лусија за справување со нивниот затвореник во окното. Сан започнува да се сомнева дека е можеби трудна.
The Whole Truth (2x16) 800px-2X16-JinSun
Иако се работи за Сан-центрична епизода, која по правило би требало да биде досадна, оваа е за едно скалило погоре од сите епизоди посветени на нејзиниот лик! Ако си помисливте дека нешто во флешбекот отскокнува, тогаш се излажавте.

Приказната на Островот, посебно на самиот крај со оној WTF момент при разговорот помеѓу „Хенри Гејл“ и Џек и Лок, ја извлекува "The Whole Truth" од бездната во која сите ние (или барем јас!) уште по самиот почеток, знаејќи дека ќе гледаме уште една Сан-центрична епизода, очекуваме да падне.

Не знам зошто, но овој лик ми е еден од најдосадните, можеби и најдосадниот помеѓу главните ликови. Можеби бидејќи нејзината реакција откако ќе дознае дека е трудна ќе ми биде прилично дегутантна и несфатлива?! Веројатно да. Но најверојатно причината се крие во тоа што Сан отсекогаш била, и ќе биде еден негативен и арогантен карактер кој секогаш ќе ја префрла својата вина во другите... (на пример: заради неа Џин станува таков каков што е, но таа подоцна го криви својот татко за ова!...)

Како и да е, заклучокот ми е дека се работи за солидна сетап епизода која не спрема психички за долгоочекуваната "Lockdown"... The Whole Truth (2x16) Icon_smile

Нешта кои ги забележав
Сан сепак не му ја открива целосната вистина на својот маж Џин. Таа, и покрај тоа што веќе ние знаеме дека спиела со друг маж, ќе му се заколне на него дека тоа никогаш не го сторила во својот живот.

Ете уште еден доказ дека сум во право за моето размислување во контекст на нејзиниот карактер...

Интересни факти:
- Тестот за бременост кој ќе го земе Сан е направен од Widmore Labs (Видмор лабаратории). Ова е втор хинт за Видмор во оваа сезона!
- Лок пронаоѓа една од плочите на Џеронимо Џексон, Magna Carta, додека ги резгледува разноразните артисти и албуми.
- Дијалогот помеѓу Соер и Бернард на плажата го слушаме наназад. Еве како истиот би гласел во нормален редослед:
Цитат :
BERNARD : Well how do you know?
SAWYER : Oh, I got my source!
BERNARD : Well aren't you gonna tell him that?
SAWYER : Not my place!
BERNARD : You should tell him! Or…?
SAWYER : Hell no! Let Sunshine tell him!
Цитатите за епизодава се достапни на следниов линк.

Прашања за дискусија
- Која Сан-центрична епизода од првите две сезони е подобра:
The Whole Truth или House of the Rising Sun?
The Whole Truth или ...And Found?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 7.5
Митологија: 6.5
Флешбек: 6.25

Оцена: 6.85
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

The Whole Truth (2x16) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Whole Truth (2x16)   The Whole Truth (2x16) I_icon_minitimeЧет Сеп 24, 2009 5:54 pm

Не е лоша епизодава, напротив, имаше доста интересен тек. Прво она со Сан и нејзината бременост, одлично беше вклопена приказната на Островот со флешбекот. „Студен туш“ беше кога разбравме дека Џин не може да има деца, а не таа. По втор пат ни потврдија дека Островот може да има чудесни дејства врз здравјето на ликовите (првиот пат беше кога Лок прооде). Имаш право за Сан, сепак, колку и да изгледа мила, сепак е превртлив лик, постојано го лаже и манипулира Џин. Сега кога пак ја гледав сцената во градината, и го приметив изразот на лицето кога се прегрнаа со Џин, како да е очигледно дека пак го излажа и дека спиела со друг маж.

Другите настани беа повеќе сетап за наредната епизода. Бен уште од тука почна со своите „шеми“, успеа да направи целосна збрка во односите на Изгубените. Џек и Лок почнаа да се инаетат кој е поголем лидер, но Ана Лусија ги зафркна и двајцата. Последната сцена е незаборавна, не остави едвај да ја чекаме наредната епизода, и да разбереме дали стварно ќе се случи тоа што го кажа Бен.

П.С. Еве стигнав и до 600 поста на овој форум! Laughing

П.П.С. Лостич, гледам слабо се коментира за ривочов, ќе се оди до крај со него или...?
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

The Whole Truth (2x16) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Whole Truth (2x16)   The Whole Truth (2x16) I_icon_minitimeЧет Сеп 24, 2009 11:01 pm

Ривочот ќе оди до крај, било да има коментари или не. Smile
Честито шестоти пост инаку! Wink

Јас навистина немам време за да одговарам на Вашите мислења, но верувајте ми дека што и да напишете тука го читам. Wink

Инаку, викендов не очекуваат 4 постови за 2х17, 2х18, 2х19 и 2х20, додека пак идниот викенд конечно завршуваме со втората сезона. Smile

Трета сезона продолжува од средината/крајот на октомври, завршува некаде декември, па почнува четврта која трае до јануари и после во јануари цел месец ќе биде посветен на последната, петта сезона. Smile

Значи се е испланирано, без грижи, сите што го следите ривочов (како што гледам, само ти и Стефан Sad) продолжете да ги гледате епизодите и понатаму. Wink

позз
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

The Whole Truth (2x16) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Whole Truth (2x16)   The Whole Truth (2x16) I_icon_minitimeПет Сеп 25, 2009 2:27 am

Фала за честитките! Laughing

Мило ми е што ќе продолжи ривочов, баш ми е интересно пак да ги следам епизодите. Smile Очекувајте и натаму мои коментари за секоја епизода. Smile Поздрав
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





The Whole Truth (2x16) Empty
ПишувањеПредмет: Re: The Whole Truth (2x16)   The Whole Truth (2x16) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
The Whole Truth (2x16)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: