Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| Канал 5 телевизија | |
| |
Оцена за Канал 5 | 5 | | 0% | [ 0 ] | 4 | | 67% | [ 4 ] | 3 | | 17% | [ 1 ] | 2 | | 0% | [ 0 ] | 1 | | 16% | [ 1 ] |
| Општо гласови : 6 | | Back | |
| Автор | Порака |
---|
maestro Модератор
Број на мислења : 248 Age : 30 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Канал 5 телевизија Вто Сеп 22, 2009 11:48 am | |
| Канал 5 Телевизија е национална телевизија основана во 1998 година, и е една од водечките помлади телевизиски куќи во Македонија. Севкупната техничка опременост и програмската шема се според пропишаните стандарди што се неопходни за функционирање на една современа и модерна телевизија и што ги задоволуваат не само нашите, туку и потребите на европскиот бродкастинг. Телевизијата располага со две комплетно опремени студија, најсовремена телевизиска дигитална техника (Sony), аналогни и дигитални студиски камери, најнови дигитални камери dsr 200 и dsr 250 dv-cam (Sony), современи компјутерски и кат монтажни едници. Со сето ова се произведуваат емисии од најразличен карактер. Јавувањата во живо од местото на настаните се овозможува со вклучување на линк преку репортажните возила кои се опремени со комплетна опрема. гледачите.Програмската шема на телевизијата преку емисиите од своја продукција пред сѐ, ги задоволува потребите на Европскиот бродкастинг. | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Канал 5 телевизија Вто Сеп 22, 2009 12:16 pm | |
| најдобрата телевизија од претходно смоменатите. Како прво ги нема циганските филмови и странските реални шоу-а, што е одлично. Поради недостигот на вакви срања(што е позитивно се разбира) прорграмата дечките си ја пополнуваат со одлични странски серии од типот на: How i met your mother, My name is Earl, House, Dr. Who, и се разбира тука се одличните емисии како Миленко неделковски шоу, завзекманија и многу други. Единствено што му фали на канал пет, се добрите играни филмови, многу ретко гледам да има добар филм на канал 5, можеби поради фактот што треб а повеќе да си ги рекламираат филмовите или поради тоа што навистина не се прикажуваат незнам. Но едно знам дека канал 5 е моментално најдобрата телевизија во Македонија и заслужено од мене доби 4(секогаш може повеќе, и да ги поправат погорните проблеми ќе има 5) | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Канал 5 телевизија Вто Сеп 22, 2009 4:13 pm | |
| И јас се согласувам, Канал 5 има моментално најдобра програма, ама ми се чини дека е послабо гледана од А1 и Сител, пошто некако немаат толку реклама на нивните серии и филмови. Инаку даваат доста добри серии, ги следам главно House и Monk, другите не ги гледам, иако од тоа што сум слушал знам дека се далеку подобри од шпанските и балканските глупости на А1 и Сител. Има еден куп интересни работи - Зевзекманија, Топки, Еднооки..... Од оваа сезона имаат и најдобра спортска понуда, со Лигата на шампиони во фудбал и со Формлуа 1. | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Канал 5 телевизија Вто Сеп 22, 2009 10:48 pm | |
| Еј закон, си почнал да пишуваш за медиумиве! Ќе искоментирам на сите теми кога ќе имам време, а сега за оваа зашто прва ја „затекнав“ =)) Мене Канал5 исто така ми има најпривлечна понуда од сите македонски телевизии бидејќи, слично како што и Мики кажа, не даваат теленовели (то ест, даваат, ама во прифатливи термини, а не како А1 во 20:00 да ми пуштаат 1001 ноќ или што јас знам таму ), не даваат многу реални шоуа (ако добро ме служи меморијата, само The Apprentice го даваат така?), но најважно од се - имаат одлични американски серии од типот на Хаус, HIMYM, The Big Bang Theory (прочитав негде дека ќе ја даваат од есен!), Earl, Battlestar Galactica... Инаку, иако не сум фан на емисиите, факт е дека Канал5 има најбогата продукција - иако ако погледнеме подобро ќе сфатиме дека повеќето од емисиите (и забавни и политички) им се во продукција на Томато или сл. но како и да е, никој не може да оспори дека К5 има најмногу и најинтересни емисии... | |
| | | LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Канал 5 телевизија Сре Сеп 23, 2009 1:23 am | |
| најдобра моментално но сепак си доби тројка...освем една серија две не гледам ништо...зевзек и еднооки толку Намасте | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Канал 5 телевизија | |
| |
| | | | Канал 5 телевизија | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|