Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Нова серија на J.J. Abrams наскоро! Чет Сеп 24, 2009 12:47 am | |
| Џ.Џ. Абрамс овојпат ќе не освежи со режирање на некоја нова комедија од Fox по сценарио на Мајкл Марковиц. Абрамс, ко-креаторот/извршниот продуцент на Фоксовата научно-фантастична драма "Fringe", ќе стане еден од извршните продуценти на сега засега се’ уште неименувана комедија, која ќе биде презентирана за првпат деновиве, што значи дека е можно наскоро да ја видиме и на ТВ, доколку добие зелено светло од страна на газдите во американската телевизиска компанија Fox!
Деталите за серијата се чуваат во тајност, а засега е познато само дека ќе се работи за „комедично медицинско шоу.“
Покрај Марковиц и Абрамс - и Брајан Бурк (еден од продуцентите во Lost) ќе биде присутен на презентацијата од Warner Bros. TV и Bad Robot Productions.
Во САД медицинските драми се доста популарни. Години наназад американската публика со нетрпение ги очекува новите епизоди на "House" и "Grey's Anatomy", исто како и оние на "Private Practice". Оваа година, покрај трите претходно споменати медицински серии, ќе добиеме и уште неколку нови како што се: "Trauma" (премиера в идниот понеделник), "Miami Trauma" (2010), "Mercy" (премиера вечерва), "Three Rivers" (4 октомври 2009) и "Hawthorne" (целосно прикажана прва сезона).
Како и да е, се’ уште има доволно простор за медицински комедии, бидејќи во оваа област единствени серии се ABC-евата "Scrubs" која најверојатно оваа сезона ќе заврши, и најновата драмедија на кабелскиот канал Showtime - "Nurse Jackie".
Марковиц претходно има работено на комедии од типот на "Becker" (во која има настапувано нашиот најомилен Харли - Хорхе Гарсија!) и "It's All Relative".
За Џ.Џ. Абрамс доволно е само ако ви спомнам дека е еден од креаторите на најдобрата серија во светот - Lost!
Извор: Hollywood Reporter
Па, што мислите - има ли потенцијал шоуво?
Мое мислење е дека се што е направено од Абрамс - е или одлично, или подобро од одлично, така што дефинитивно ќе го следам развојот на настаните поврзани со оваа (се’ уште) неименувана медицинска комедија. Можеби конечно ќе успеам да се навлечам и на медицинските серии.
Досега, единствена серија од ваков вид која беше вредна за да направам отстапка е House...
| |
|
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Нова серија на J.J. Abrams наскоро! Чет Сеп 24, 2009 11:44 am | |
| комедично медицинско шоу ова кажува се, it will suck, сериозно, кај одат комедијата и медицината заедно, пфффф
| |
|
Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Нова серија на J.J. Abrams наскоро! Чет Сеп 24, 2009 5:23 pm | |
| - Мики напиша:
- комедично медицинско шоу
ова кажува се, it will suck, сериозно, кај одат комедијата и медицината заедно, пфффф
Не мора да значи, на пример, MASH порано била една од најуспешните и најгледани серии во светот, а тоа е комедија за лекарите во Виетнамската војна. Некогаш кога ќе се спојат две работи што обично не одат заедно, излегува нешто интересно и забавно. | |
|
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Нова серија на J.J. Abrams наскоро! Чет Сеп 24, 2009 5:56 pm | |
| ne mora da znaci deka ako e od jj mora e zakon...no ke vidime ima vreme, prvo neka ja krstat pa posle ke pravime muabet Namaste | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Нова серија на J.J. Abrams наскоро! | |
| |
|