1. Потврдено е дека бомбата експлодираше. „Бомбата, буквално, се активираше на крајот од минатата епизода и сите обложувања на оваа тема се готови,“ рече Гарсија. „На крајот од минатата сезона имаше голема експлозија.“ додаде Ким. Секако, ниеден од нив не гарантираше дека бомбата за која зборат е Jughead, но ние само ќе претпоставиме дека тоа беше намерно непотенцирано колку за да ни „прснат“ главите од размислување.
2. Не сме го виделе последното од Џулиет. Извори за TV Guide велат дека Елизабет Мишел, која ја игра трагичната хероина, само што се вратила од снимање на нови сцени во Хаваи, а возможно е и повторно да замине во текот на идниот месец за некои следни епизоди.
3. Како и да е, по се изгледа навистина сме го виделе последното од Либи. „Изгледа дека нема да ја видиме повеќе Либи,“ вели Гарсија. „Тие најверојатно ќе се справат со нејзианта приказна, но актерката Синтија Ватрос нема да снима сцени со нас.“
Интересен е првиот спојлер...ако е точен, тогаш дали мислите дека е возможно главните ликови кои беа на местото на злосторството (Џек, Соер, Кејт, Харли...) да умрат??!