S.O.S. (на македонски: „Спасете ги нашите души“) е деветнаесеттата епизода од втората сезона и единствена Роуз/Бернард центрична од серијата.
Кратка содржинаОткако Бернард ќе се обиде да ги натера преживеаните да размислуваат за спасување, Роуз започнува да се сомнева дека тој им дава лажна надеж. Во окното, Џек одлучува да дојде и да ја премине линијата за да им понуди на Другите размена: Хенри Гејл за Волт.
Според мене одлична character-based епизода, во која секој голем фан на Изгубени би требало да ужива гледајќи ја. Иако се работи за тотално неважна епизода, сепак, ставањето на овие два прилично занимливи лика (Роуз и Бернард) во главниот фокус за мене беше очекуван и одличен потег, колку за да се смират страстите пред последните четири возбудливи и, пред се, шокирачки епизоди од оваа сезона.
Крајот исто така е феноменален, и може да се каже дека со него започнува токму тоа што сите ние го очекувавме со нетрпение - РАСПЛЕТОТ на настаните!!!
Омилено откритие: Роуз имала рак!!!
Прашања за дискусија- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтингПриказна (на Островот): 7
Митологија: 5.5
Флешбек: 6
Оцена: 6.15