Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Two for the Road (2x20)

Go down 
2 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Two for the Road (2x20) Empty
ПишувањеПредмет: Two for the Road (2x20)   Two for the Road (2x20) I_icon_minitimeСаб Окт 10, 2009 5:35 pm

Two for the Road (на македонски: „Две по патот“) е дваесеттата епизода од втората сезона на Lost и втората Ана-центрична.

Кратка содржина
Кога Ана Лусија ќе биде нападната од Хенри Гејл, таа започнува да ги зема работите во свои раце. Во меѓувреме, Мајкл повторно се собира со старото друштво, и им кажува на своите пријатели дека сака да се врати за својот син...
Two for the Road (2x20) 2X20_AnaLuciaIsland
Најшокантните четириесет минути од Lost во првите две, а можеби и во сите пет сезони. Додека сме во исчекување Хенри да си го добие своето, се случува сосема неочекуван пресврт - Мајкл ги убива Ана и Либи!!! Ова верувам дека малкумина (ако воопшто и имало некои такви) го очекуваа, посебно земајќи го в предвид фактот дека Ана и Либи беа ликови со кои за првпат се запознавме во втората сезона...

Прашања за дискусија
- Која епизода од првите две сезони е пошокирачка:
Two for the Road или Walkabout?
Two for the Road или Numbers?
Two for the Road или Exodus?
Two for the Road или MOSMOF?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 9.5
Митологија: 7.75
Флешбек: 8

Оцена: 8.40
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Two for the Road (2x20) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Two for the Road (2x20)   Two for the Road (2x20) I_icon_minitimeПон Окт 12, 2009 7:25 pm

Може не е епизодата најшокирачка во првите две сезони, ама дефинитивно го има најшокирачкиот крај! Само флешфорвардот на Џек во TTLG може да се каже дека е пошокирачки крај. Првпат кога ја гледав епизодава, бев сигурен дека „Хенри“ нема да ја преживее. Според трејлерот што го имав гледано, мислев дека Мајкл ќе го застрела Бен. Ама, испадна нешто друго.... Very Happy

Порано го оправдував донекаде Мајкл, зашто тоа сепак го направи за Волт. Но, сега кога пак ја гледав, мислам дека имаше и друго решение освен тоа толку бездушно да ја застрела Ана. Либи ја уби во паника, реагираше инстинктивно. Едноставно, Мајкл не размисли со ладна глава и постапи многу глупаво. А и Лок носи вина, заљшто не му кажа на време на Џек дека Бен ја нападна Ана.

Инаку, Бен од оваа епизода почна да го покажува вистинското лице. Цело време манипулира за да си ја спаси кожата. Го излажа Лок дека не го притиснал копчето, на секој начин пробува да го сврти Лок против Џек, а и кога Ана Лусија ќе го убиеше, некако успеа да се извлече со говорот за Гудвин.

Флешбекот беше добар, најважно што откривме е дека Кристијан има ќерка.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Two for the Road (2x20) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Two for the Road (2x20)   Two for the Road (2x20) I_icon_minitimeПон Окт 12, 2009 9:26 pm

Sawyer^^ напиша:
Може не е епизодата најшокирачка во првите две сезони, ама дефинитивно го има најшокирачкиот крај! Само флешфорвардот на Џек во TTLG може да се каже дека е пошокирачки крај. Првпат кога ја гледав епизодава, бев сигурен дека „Хенри“ нема да ја преживее. Според трејлерот што го имав гледано, мислев дека Мајкл ќе го застрела Бен. Ама, испадна нешто друго.... Two for the Road (2x20) Icon_biggrin

Порано го оправдував донекаде Мајкл, зашто тоа сепак го направи за Волт. Но, сега кога пак ја гледав, мислам дека имаше и друго решение освен тоа толку бездушно да ја застрела Ана. Либи ја уби во паника, реагираше инстинктивно. Едноставно, Мајкл не размисли со ладна глава и постапи многу глупаво. А и Лок носи вина, заљшто не му кажа на време на Џек дека Бен ја нападна Ана.
Тука комплетно се согласувам со се’ што си кажал, поготово во делот со Мајкл, кој и јас најпрвин мислев дека ја направил единствената можна одлука, се додека не сфатив дека имал 253 други начини за да ја реши ситуацијата на друг начин! (ова го сфатив кога Бен во 4x08 му кажа: "We didn't tell you to kill Ana and Libby, you did it by yourself", цитат кој тогаш ме изнервира многу, ама сега сфаќам дека Бен беше на некој начин во право!)
Цитат :
Флешбекот беше добар, најважно што откривме е дека Кристијан има ќерка.
Не ми се верува дека не сум го напишал тоа... Two for the Road (2x20) Affraid Two for the Road (2x20) Confused Two for the Road (2x20) Icon_biggrin
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sponsored content





Two for the Road (2x20) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Two for the Road (2x20)   Two for the Road (2x20) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Two for the Road (2x20)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: