Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 "?" (2x21)

Go down 
2 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

"?" (2x21) Empty
ПишувањеПредмет: "?" (2x21)   "?" (2x21) I_icon_minitimeСаб Окт 10, 2009 5:50 pm

"?" (Знак прашалник) е дваесет и првата епизода од втората сезона на Lost и втората по ред Еко-центрична од истата. Ова е 46тата епизода од самиот почеток на серијата.

Кратка содржина
Откако Еко ќе сонува чудни нешта, тој ќе го праша Џон да го однесе до прашалникот од мапата на железната врата која тој ја видел. Во окното, остатокот од преживеаните се обидуваат да и ги олеснат маките на смртно ранетата Либи.
"?" (2x21) 2X21-EkoIsland
"?" е една од помистериозните и потешко сфатливите епизоди од оваа сезона (пред се заради откривањето на "The Pearl" и новите сознанија од тамошниот ориентационен филм...), во која многу настани, не само на Островот, туку и во флешбекот ќе ве остават без здив и со отворена уста во знак на шок. Повторно го гледаме мистериозниот Ричард Малкин, кој ќе има директен контакт со уште еден преживеан член на екипажот на летот 815 (овојпат Еко, по Клер минатата сезона!). Случајност или не, самите одлучете...

Жал ми е за Харли. Дури и по второто гледање на епизодава, се’ уште сожалувам со типот... Good bye Libby and Ana Lucia...you will be missed!

А, и како за крај, само да кажам дека најомилен дел од епизодава беше цитатот на Лок за неговиот „патетичен живот“, внатре во најновото окно!... Мислам дека ова е без никакво сомнение еден од најдобрите моменти оваа сезона.

Прашања за дискусија
- Која Еко-центрична епизода е подобра:
? или The 23rd Psalm?
? или The Cost of Living?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:

1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Приказна (на Островот): 9
Митологија: 8.15
Флешбек: 8.5

Оцена: 8.55
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

"?" (2x21) Empty
ПишувањеПредмет: Re: "?" (2x21)   "?" (2x21) I_icon_minitimeСаб Окт 17, 2009 3:46 am

Возбудлива епизода. Сите бевме во исчекување да видиме дали Либи ќе преживее, ем имаше интересна приказна со наоѓањето на Бисерот. И доста збунувачка епизода, дефинитивно.... Smile

За соништата на Еко, нема сомнение дека Островот сакаше баш Еко и Лок да го најдат вториот хеч. Зошто, немам некоја силна теорија. Но ова ќе испадне важен момент, зашто двајцата ќе имаат различни ставови за притискањето на копчето. На крај, Лок ќе испадне дека греши.

Ориентационото видео мислам дека е донекаде јасно. „Бисерот“ е станица за посматрање на однесувањето на луѓето во Лебедот. Тие што го притискале копчето веројатно не знаеле што ќе се случи ако не го притиснат, па ДАРМА морала да се осигури со тоа што ќе ги посматра, и да интервенира во случај на грешка. Плус го искористиле тоа да експериментираат со однесувањето на луѓето во такви ситуации.
Вратете се на почетокот Go down
 
"?" (2x21)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Да не рече некој ДЈУД? Хуго тоа го направил "случајно" *** пати?
» Најжешките "изгубени" девојки за 2009 година сее....
» Доминик Монањан во "Flash Forward"
» "V" | ABC

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: