Three Minutes (на македонски: „Три минути“) е дваесет и втората епизода од втората сезона на Lost и втората Мајкл-центрична од истата. Ова е воедно четириесет и седмиот час од почетокот на серијата.
Кратка содржинаДодека преживеаните тажат за загубата на Ана Лусија и Либи, Мајкл продолжува да врши притисок врз своите пријатели за да му се придружат на него во мисијата да го спасат Волт од Другите. Во флешбекот откриваме што му се случило на Мајкл за време на неговиот претстој со мистериозната група на луѓе...
Одлична сетап епизода. Ги открива парчињата кои недостасуваат во приказната (преку флешбекот во кој ни беа издвоени најважните нешта) и ги поставува примарните цели на групата на преживеани во финалето - спасувањето на Волт, притоа фаќајќи го Мајкл в лага и враќањето на Дез со едрилицата (со која ќе заврши самата епизода), нешто, без кое немаше да се случи вториот дел од финалето (то ест - имплозијата на окното)...
Како и сите епизоди кои откриваат многу мистерии, така и оваа заслужува солиден рејтинг! Барем според мене...
Прашања за дискусија- Која Мајкл-центрична епизода од првите две сезони е подобра:Three Minutes или
Special?Three Minutes или
Adrift?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтингПриказна (на Островот): 7.5
Митологија: 7
Флешбек: 9
Оцена: 7.90